ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/6 стр. 5-8
  • Кои се робови денес?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кои се робови денес?
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Трговци со луѓе
  • Изгубено детство
  • Робови на долг
  • Ритуално ропство
  • Традиционално ропство
  • Добро чувана тајна
    Разбудете се! 2000
  • Избавување од прангите на ропството — некогаш и денес
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Долгата борба против ропството
    Разбудете се! 2002
  • Ропство — неволјата сѐ уште постои
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/6 стр. 5-8

Кои се робови денес?

САМО помислете на бројките. Се проценува дека од 200 до 250 милиони деца на возраст под 15 години, поголемиот дел од времето додека се будни го минуваат на работа. Само во текот на 1995 и 1996, четврт милион деца, од кои некои имаат само седум години, биле вовлечени во вооружени борби и на тој начин некои од нив станале робови на војната. Се проценува дека секоја година повеќе од еден милион жени и деца се продаваат како робови.

Но, самата бројка не зборува за очајот на овие поединци. На пример, во една северноафриканска земја, писателката Елинор Буркет се запознала со Фатима, млада жена која успеала да избега од својот суров господар. Меѓутоа, откако разговарала со неа, Буркет сфатила дека Фатима „засекогаш ќе биде роб, во нејзините мисли“. Може ли Фатима дури и да сонува за една подобра иднина? „Таа не може да планира подалеку од мугрите“, вели Буркет. „Иднината е еден од многуте апстрактни поими што ѝ недостасуваат.“

Да, токму во овој момент, милиони други луѓе се безнадежни робови. Зошто и како сите овие луѓе станале робови? Во какво ропство се турнати?

Трговци со луѓе

Една туристичка брошура што е пуштена во промет во Соединетите Држави не може да биде подиректна: „Секс-тури во Тајланд. Вистински девојчиња. Вистински секс. Навистина евтино . . . Знаете ли дека можете да купите девица за само 200$?“ Она што брошурата не го кажала е дека тие „девици“ веројатно се киднапирани или присилно продадени во јавните куќи, каде што просечно имаат по 10 до 20 муштерии на ден. Ако не даваат сексуални услуги, ги тепаат. Кога избувнал пожар во една јавна куќа на островот Пукет, туристичко место во јужен Тајланд, пет проститутки изгореле. Зошто? Затоа што нивните сопственици ги врзале со синџири за креветот за да не избегаат од ропство.

Од каде доаѓаат овие млади жени? Се вели дека овој сектор на индустријата за секс го полнат милиони девојки и жени ширум светот кои се киднапирани, присилени и продадени во проституција. Меѓународната трговија за секс цвета заради комбинацијата на сиромаштија во земјите во развој, богатството во богатите земји и законите кои ги затвораат очите пред меѓународната трговија и слугувањето по договор.

Организациите на жените во југоисточна Азија проценуваат дека од средината на 1970-тите до почетокот на 1990-тите, ширум светот биле продадени 30 милиони жени. Трговците со луѓе ги пребаруваат железничките станици, сиромашните села и градските улици, барајќи девојчиња и жени кои изгледаат ранливо. Обично жртвите се необразовани, сираци, напуштени или сиромашни лица. Им се даваат лажни ветувања за работа, ги пренесуваат преку границите и потоа ги продаваат во јавните куќи.

Откако се распадна комунистичкиот блок во 1991, се создаде една цела нова популација на осиромашени девојки и жени. Отстранувањето на ограничувањата, приватизацијата и сѐ поголемата класна нееднаквост доведоа до поголем криминал, сиромаштија и невработеност. Многу жени и девојки од Русија и од Источна Европа сега станаа извор на профит на меѓународната организирана проституција. „Помал е ризикот кога се тргува со човечки суштества отколку кога се тргува со дрога“, рекол европскиот комесар за правда Анита Градин.

Изгубено детство

Во една мала фабрика за теписи во Азија, деца на петгодишна возраст работат од 4 часот наутро до 23 часот навечер без да добијат плата. Во многу случаи, ваквите деца работници се соочуваат со сериозни опасности за здравјето: несигурни машини, долги часови во слабо осветлена и слабо проветрена средина и изложеност на опасни хемикалии што се користат во производството.a

Зошто децата се толку желно барани како работници? Затоа што детската работна сила е евтина и затоа што по природа децата се послушни, лесно се дисциплинираат и им е страв да се жалат. За бескрупулозните работодавци, нивната мала телесна градба и брзите прсти се предност при извршувањето извесни видови работа, како што е ткаењето теписи. Честопати тие деца добиваат работа, додека нивните родители седат дома невработени.

За да биде уште поголема неволјата, децата работници во домот се особено подложни на сексуална и физичка злоупотреба. Многу деца се киднапирани, ги чуваат во оддалечени логори и ноќе ги ставаат во синџири за да не избегаат. Дење можеби ги тераат да работат на изградба на патишта и во каменоломи.

Друг начин на кој се губи детството е преку ропски брак. Anti-Slavery International објаснува еден типичен случај: „На едно 12-годишно девојче му велат дека нејзиното семејство направило договор таа да стапи во брак со еден 60-годишен човек. Навидум таа има право да одбие, но во пракса нема можност да го примени тоа право и не е свесна дека може да го направи тоа“.

Робови на долг

Стотици илјади работници им робуваат на своите работодавачи и на работните места заради долговите што ги имаат тие или нивните семејства. По традиција, принудната работа постои главно во земјоделските подрачја, каде што работниците работат како општи слуги или како земјоделци. Во некои случаи, долговите се пренесуваат од едно колено на друго за да се засигура трајно ропство на членовите на семејството. Во други случаи, работодавците на кои им се должат пари, го продаваат долгот на некој друг работодавец. Во екстремни случаи, принудните работници не добиваат плата за нивната работа. Или, пак, можеби се обврзани со релативно ниски аванси на нивните плати, кои бескрајно се повторуваат, така што остануваат врзани за својот работодавец.

Ритуално ропство

Бинти, од Западна Африка, има 12 години и таа е една од илјадниците девојчиња што служат како трокоси, што на јазикот еве значи „робинки на боговите“. Присилена е на живот на робување и искупување за злосторството што не го извршила таа — силувањето што довело до нејзиното раѓање! Во моментов нејзините одговорности се ограничени на домаќинските работи за еден локален фетиш-свештеник. Подоцна, должностите на Бинти ќе се прошират на давање сексуални услуги на свештеникот, кој е нејзин сопственик. Потоа, кога ќе стане средовечна, Бинти ќе биде заменета — свештеникот ќе најде други привлечни девојки кои ќе му служат како трокоси.

Исто како Бинти, илјадници кои се жртви на ритуално ропство биле понудени од нивното семејство да работат како вистински робови во обидот да се искупат за некој чин кој е протолкуван како грев или престап против некој свет декрет. Во некои делови од светот, девојките или жените се обврзани да извршуваат религиозни должности и да вршат сексуални услуги на свештениците или на други лица — под изговор дека тие жени се омажени за некое божество. Во многу случаи жените извршуваат и други неплатени услуги. Немаат слобода да го променат местото на живеење или да работат и честопати со години остануваат во ропство.

Традиционално ропство

Иако повеќето земји тврдат дека законски го укинале ропството, во некои подрачја неодамна повторно се појави традиционалното ропство. Тоа обично се случува во подрачја каде што има граѓански немири или вооружени судири. „Во подрачјата на судири, законските прописи не важат“, известува Anti-Slavery International, „а војниците или вооружената војска можат да ги натераат луѓето да работат бесплатно за нив . . . без да се плашат од одмазда; за такви практики се известува главно на подрачјата што ги контролираат вооружени групи кои не се меѓународно признати“. Меѓутоа, според истата организација, „неодамна имаше извештаи и за тоа дека владини војници ги присилувале цивилите да работат како робови, вон секаква законска рамка. Се известува и тоа дека војниците и вооружената војска учествувале во трговијата со робови, продавајќи ги оние што ги заробиле за да работат за други“.

За жал, проклетството на ропството сѐ уште го прогонува човештвото во многу облици и под многу маски. Застанете и повторно размислете за бројките кои беа спомнати — милиони луѓе страдаат како робови ширум земјата. Потоа размислете за еден или двајца денешни робови чии приказни ги прочитавте на овие страници — можеби на Лин-Лин или на Бинти. Сакате ли да дочекате да му се стави крај на злосторството на современото ропство? Дали укинувањето на ропството некогаш ќе биде реалност? Пред да се случи тоа, мора да се направат коренити промени. Ве молиме, прочитајте за нив во следната статија.

[Фуснота]

a Видете „Детскиот труд — му се гледа крајот!“ во српското издание на Разбудете се! од 22 мај 1999.

[Рамка/слика на страница 6]

СЕ БАРААТ РЕШЕНИЈА

Различни службени агенции, како што е Детскиот фонд на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот, трудољубиво основаат и спроведуваат стратегии за да се елиминира современото ропство. Освен тоа, мноштво невладини организации, како што е Anti-Slavery International и Human Rights Watch, вложија напори да ја зголемат информираноста на јавноста за современото ропство и да ги ослободат неговите жртви. Некои од овие организации бараат да се воведат посебни етикети кои покажуваат дека производите не се произведени од ропска или детска работна сила. За да може луѓето кои се впуштаат во секс со деца да бидат тужени кога ќе се вратат во својата земја, други агенции бараат да се донесат закони и во земјите од кои потекнуваат „секс-турите“. Некои активисти за човековите права отишле до тој степен што им плаќаат на трговците со робови и на господарите огромни суми пари за да откупат колку што е можно повеќе робови. Ова предизвика некои полемики, бидејќи таквите постапки можат да создадат профитен пазар за робови и да ја подигнат нивната цена.

[Слика на страница 7]

Многу девојчиња се принудени на брак

[Извор на слика]

UNITED NATIONS/J.P. LAFFONT

[Слика на страница 8]

Редица за храна за принудните робови

[Извор на слика]

Ricardo Funari

[Слика на страница 8]

Понекогаш децата се принудени на воена служба

[Извор на слика]

UNITED NATIONS/J.P. LAFFONT

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели