ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/6 стр. 3-4
  • Добро чувана тајна

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добро чувана тајна
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Слобода за сите?
  • Дали Бог ја одобрил трговијата со робови?
    Разбудете се! 2001
  • Дали Библијата го оправдува ропството?
    Разбудете се! 2011
  • Кои се робови денес?
    Разбудете се! 2000
  • Ропство — неволјата сѐ уште постои
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/6 стр. 3-4

Добро чувана тајна

„Никој нема да биде држен во ропство или потчинетост: ропството и трговијата со робови ќе бидат забранети во сите нивни облици“ (Универзална декларација за човековите права).

СЛЕДНИОТ пат кога ќе ставите шеќер во кафето, помислете на Прево, еден човек од Хаити на кого му била ветена добра работа во една друга карипска земја. Наместо тоа, бил продаден за осум долари.

Прево ја доживеал судбината на илјадници свои поробени сонародници кои се присилени да сечат шеќерна трска во текот на шест или седум месеци за малку или, пак, без пари. Овие заробеници ги чуваат во пренатрупани, гнасни услови. Откако ќе им ги одземат личните работи, им даваат мачети. За да добијат храна, мора да работат. Ако се обидат да избегаат, може да ги претепаат.

Размислете за случајот на Лин-Лин, едно девојче од југоисточна Азија. Кога умрела мајка ѝ, таа имала 13 години. Една агенција за вработување ја купила од татко ѝ за 480 долари, ветувајќи ѝ добра работа. Цената што била платена за неа била наречена „аванс за нејзината заработка“ — сигурен начин да биде трајно врзана за своите сопственици. Наместо да добие пристојна работа, Лин-Лин била одведена во јавна куќа, каде што за неа муштериите му плаќаат на сопственикот 4 долари од час. Лин-Лин е, всушност, затвореник, бидејќи не може да си замине сѐ додека не биде исплатен нејзиниот долг. Во тоа е вклучена и цената што треба да му се плати на сопственикот на јавната куќа, како и каматата и трошоците. Ако Лин-Лин одбие да се потчини на желбите на нејзиниот работодавач, може да ја претепаат или да ја малтретираат. Што е уште полошо, ако се обиде да избега, може да ја убијат.

Слобода за сите?

Повеќето луѓе мислат дека ропството повеќе не постои. Всушност, после бројни конгреси, декларации и закони, официјалната изјава гласи дека во повеќето земји тоа е укинато. Насекаде е силно потврден презирот кон него. Националните закони го забрануваат ропството, а неговото укинување се чува како светиња во меѓународните документи — особено во член 4 од Универзалната декларација за човековите права од 1948, наведена погоре.

Сепак, ропството е живо и цвета — иако за некои тоа е добро чувана тајна. Од Пном Пен до Париз, од Бомбај до Бразилија, милиони луѓе — мажи, жени и деца — се присилени да живеат и да работат како робови или, пак, во ропски услови. Anti-Slavery International, основан во Лондон, најстариот светски монитор за присилна работа, проценува дека бројот на луѓето што се во ропство изнесува стотици милиони. Всушност, денес во светот можеби има повеќе робови од кога и да е порано!

Точно, познатите слики на окови, камшици и аукции не се типични за современото ропство. Присилната работа, ропските бракови, ропството на долгот, детската работна сила и честопати проституцијата се само некои од поистакнатите современи облици на ропство. Робовите можат да бидат конкубини, јавачи на камили, да сечат трска, да ткаат ќилими или да градат патишта. Точно, повеќето не се продадени на јавни аукции, но навистина не им е ништо подобро отколку на нивните предци. Во некои случаи, нивниот живот е уште потрагичен.

Кои луѓе стануваат робови? Како стануваат робови? Што е направено за да им се помогне? Дали е близу потполното укинување на ропството?

[Рамка/слика на страница 4]

ШТО Е СОВРЕМЕНО РОПСТВО?

И после толку години обидување, дури и на Обединетите нации им е тешко да одговорат на ова прашање. Една дефиниција на ропството, дадена во 1926 година од Конвенцијата за ропство, гласи: „Ропство е положбата или состојбата на оној човек врз кого се применува делумна или целосна власт поврзана со правото на сопственост“. Сепак, овој термин е отворен за интерпретации. Според новинарката Барбара Кросет, „ропството е ознака на работниците со ниска плата во индустријата за облека и спортска опрема во странство и во експлоататорските претпријатија во американските градови. Се користи за да се осуди секс-индустријата и затвореничката работна сила“.

Мајк Дотриџ, директор на Anti-Slavery International, смета дека „додека ропството добива нови облици — или додека тој збор се применува за повеќе состојби — постои опасност неговото значење да се разводни, па дури и да исчезне“. Тој мисли дека „ропството се препознава по елементот на сопственост или контрола врз животот на другиот“. Тоа вклучува присилување и ограничување на движењето — фактот дека „некој не е слободен да си замине, да го смени работодавачот“.

А. М. Розентал, пишувајќи во The New York Times, забележува: „Робовите живеат ропски живот — убиствена работа, силување, глад, тортура, целосна деградација“. Тој додал: „За педесет долари се купува роб и затоа [на сопствениците] воопшто не им е важно колку долго ќе преживеат пред да им ги фрлат телата во некоја река“.

[Извор на слика]

Ricardo Funari

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели