ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/11 стр. 28-29
  • Дали Библијата го оправдува ропството?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Библијата го оправдува ропството?
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Општествени уредувања во судир со библиските начела
  • Ропството во библиската историја
  • Крај на ропството
  • Дали Бог ја одобрил трговијата со робови?
    Разбудете се! 2001
  • Долгата борба против ропството
    Разбудете се! 2002
  • Избавување од прангите на ропството — некогаш и денес
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Религиозна дилема во колонијален Бразил
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 7/11 стр. 28-29

Што вели Библијата

Дали Библијата го оправдува ропството?

ЉУБОВТА кон ближниот е едно од основните библиски учења. Меѓутоа, љубовта е сосема спротивна на идејата за угнетувачко ропство. Затоа, некои ги збунува тоа што во Библијата се спомнува ропството.

Во старо време, Бог дозволувал припадниците на неговиот народ да имаат робови (1. Мојсеева 14:14, 15). Дури и во времето на апостолите некои христијани имале свои робови, а други, пак, биле робови (Филимон 15, 16). Дали тоа значи дека Библијата го оправдува ропството?

Општествени уредувања во судир со библиските начела

Кога почнала да се пишува Библијата, луѓето веќе имале воспоставено општествени уредувања и економски системи кои биле во судир со Божјите начела. Иако некои од работите во тие уредувања и системи биле осудени во неговиот пишан Закон, Бог избрал да толерира други, меѓу кои и ропството.

Во врска со општественото уредување на древниот Израел, во една енциклопедија стои: „Општеството требало да функционира како братство во кое би немало сиромашни, [и во кое] вдовиците, бездомниците и сираците не би биле искористувани“ (The International Standard Bible Encyclopedia). Значи, наместо само да дозволи да постои некој веќе установен општествен и економски систем, Божјиот закон содржел прописи со кои ќе се регулира ропството, за со робовите да се постапува хумано и љубезно.

Ропството во библиската историја

Размисли за следниве прописи вклучени во Законот даден преку Мојсеј:

● Ако некој грабнел човек и потоа го продадел, му следувала смртна казна (2. Мојсеева 21:16). Меѓутоа, ако, и покрај сите мерки да се спречи сиромаштијата, некој Израелец западнел во големи долгови, можеби поради лоши одлуки, можел да се продаде себеси како роб. Во некои случаи можел да заработи доволно за да се откупи (3. Мојсеева 25:47-52).

● Ова не било угнетувачко ропство кое во минатото било вообичаено во многу земји. Во 3. Мојсеева 25:39, 40 се вели: „Ако твојот брат што е покрај тебе осиромаши, па мора да ти се продаде, не искористувај го да ти служи како роб. Нека биде кај тебе како наемник и како доселеник“. Значи тоа што Законот дозволувал некој да се продаде себеси како роб служело како заштита за најсиромашните во Израел.

● Според Законот, ако некој, за кого ќе се утврдело дека украл нешто, не можел потполно да ја надомести штетата, требало да биде продаден како роб и така да го отплаќа долгот (2. Мојсеева 22:3). Откако со работа ќе го исплател долгот, можел да биде ослободен.

● Божјиот закон што им бил даден на Израелците не дозволувал сурово ропство. Иако на господарите им било дозволено да ги казнуваат своите робови, било забрането тоа да се прави со престроги мерки. Ако господарот го убиел својот роб, робот морал да биде одмазден (2. Мојсеева 21:20). Ако робот бил повреден, на пример, ако загубел заб или око, требало да биде ослободен (2. Мојсеева 21:26, 27).

● Еден Израелец можел да остане роб најмногу шест години (2. Мојсеева 21:2). Робовите во Израел биле ослободувани во седмата година од својата служба. Законот барал на секои 50 години да бидат ослободени сите робови во Израел, сеедно колку долго некој бил роб (3. Мојсеева 25:40, 41).

● Кога еден роб ќе бил ослободен, од господарот се очекувало да биде дарежлив кон него. Во 5. Мојсеева 15:13, 14 стои следново: „Ако го пуштиш да си оди како слободен човек, немој да го пуштиш со празни раце. Дарувај му нешто од својата стока, од своето гумно и од своето гмечало за масло и за вино“.

Подоцна, во времето на Исус и апостолите, ропството било нешто вообичаено во Римското Царство. Со ширењето на христијанството, било неизбежно некои што биле робови и други што имале свои робови да ја дознаат добрата вест и да станат христијани. Ниту Исус Христос ниту апостолите не проповедале дека оние што ја носат добрата вест треба да се обидуваат да направат реформи во општеството. Напротив, и робовите и сопствениците на робови биле поттикнати да се сакаат еден со друг како духовни браќа (Колошаните 4:1; 1. Тимотеј 6:2).

Крај на ропството

Како и секое друго прашање поврзано со Библијата, и прашањето во врска со ропството мора да се разгледа во контекст. Ако внимателно го испитаме Светото писмо, ќе видиме дека Бог не одобрува да се малтретираат луѓе.

Таквото испитување открива и дека ропството што постоело кај Божјиот народ, за кое зборува Библијата, не било сурово и експлоататорско ропство какво што си замислуваат многу луѓе денес. А Библијата покажува и дека во свое време Бог ќе нѐ избави од сите облици на ропство. Тогаш човештвото ќе живее во вистинска слобода (Исаија 65:21, 22).

ШТО МИСЛИШ?

● Дали Библијата оправдува малтретирање на робови? (3. Мојсеева 25:39, 40)

● Како требало христијаните да постапуваат со робовите? (Колошаните 4:1)

[Истакната мисла на страница 29]

Бог не одобрува да се малтретираат луѓе

[Извор на слика на страница 29]

© G.M.B. Akash/Panos Pictures

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели