ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/06 стр. 29
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Гледишта за богатството
  • Отпад што лебди во орбитата
  • Оружјето и војните
  • Возила на два вида гориво
  • Прекумерното пиење и здравјето
    Разбудете се! 2005
  • Разговарај со децата за алкохолот
    Совети за семејствата
  • Прекумерно пиење — општествена катастрофа
    Разбудете се! 2005
  • Од што се плашат мнозина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 4/06 стр. 29

Поглед во светот

◼ Во Соединетите Држави, „речиси 25 отсто од жителите страдаат барем од една ментална болест, а скоро половина од населението ќе заболи некогаш во текот на животот“ (SCIENCE NEWS, САД).

◼ Во септември 2004 година, во Мексиканскиот Залив ураганот Иван предизвика најмалку 24 бранови повисоки од 15 метри. Највисокиот беше 27,7 метри (СПИСАНИЕТО SCIENCE, САД).

◼ Зборувањето на мобилен телефон додека човек вози за четирипати ја зголемува веројатноста да дојде до сообраќајни несреќи поради кои ќе мора да се остане в болница, сеедно дали возачот користи слушалка и микрофон или не (BMJ, БРИТАНИЈА).

◼ Во едно издание на еден каталог што е наменет за да им помогне на преведувачите на Библијата, наведени се 6.912 јазика што се говорат денес (THE NEW YORK TIMES, САД).

◼ И покрај предупредувањата дека пушењето е штетно за нивните деца, 30 отсто од жените во Полска пушат за време на бременоста или доењето (СПИСАНИЕТО ZDROWIE, ПОЛСКА).

Гледишта за богатството

Во ABC News Online се известува дека, врз основа на едно истражување во врска со гледиштата за богатството што го направи Австралискиот институт, само 1 од 20 австралиски милионери се смета себеси за успешен. Според Клајв Хамилтон, генерален директор на Институтот, „колку побогати стануваме, толку понезадоволни сме со нашите приходи“. Всушност, само 13 отсто од луѓето од групата со највисоки приходи се потполно задоволни со животот. Г-н Хамилтон вели: „Навистина човек мора да се запраша зошто во нашето општество трчаме по финансиски успех повеќе отколку по што и да е друго, кога сите докази укажуваат дека, всушност, други аспекти од нашиот живот ни даваат чувство на задоволство“.

Отпад што лебди во орбитата

Во списанието New Scientist се вели: „Замислете си колку бесни би биле ако возачите си ги остават автомобилите на улица откако ќе им снема бензин“. Сепак, токму вакво нешто се случува со старите сателити, со што се зголемува ризикот поновите вселенски летала да се судрат со отпадот што лебди во орбитата. Се проценува дека околу 1.120 предмети со пречник поголем од 60 сантиметри се во близина на геостационарниот прстен, положба која се претпочита за комуникациската опрема, но само околу 300 од овие сателити сѐ уште функционираат. Меѓу опасните материјали што се оставени на различни височини во орбитата се и 32 стари нуклеарни реактори.

Оружјето и војните

Кога заврши Студената војна, производството на оружје претрпе пад. Меѓутоа, во последниве неколку години, овој бизнис пак почна да цвета. Според Меѓународниот институт за мировни истражувања од Стокхолм, во 2004 година, во светот за наоружување беа потрошени 800 милијарди евра. Тоа значи по 130 евра на секој маж, жена и дете на оваа планета . Според овој институт, во 2004 година се воделе 19 војни, а во секоја од нив загинале по повеќе од 1.000 луѓе. Шеснаесет од тие војни траеле преку десет години.

Возила на два вида гориво

Списанието Veja известува дека една третина од новите автомобили што се продаваат во Бразил сега се на два вида гориво. Овие возила работат на бензин, на алкохол добиен од шеќерна трска или на мешавина од овие две горива. Од 2003 до 2004 година, продажбата на алкохолното гориво порасна за 34 отсто. Овој тренд не е многу поврзан со грижата за животната средина. Едноставно на повеќето луѓе што имаат возила им е поевтино да користат вакво гориво. Возилата на два вида гориво можат да го заштитат „потрошувачот кога ќе дојде до недостаток на бензин и кога има нестабилни цени“, објаснува Рафаел Шајдман, директор на Центарот за инфраструктура на Бразил. „Ако се покачи цената на алкохолот, ќе почнете да користите бензин, и обратно.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели