ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/06 стр. 12-13
  • Дали Исус навистина умрел на крст?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Исус навистина умрел на крст?
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што симболизира крстот?
  • „Чувајте се од идоли“
  • Дали Исус навистина умрел на крст?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Зошто вистинските христијани не користат крст за да го обожаваат Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Дали Исус умрел на крст?
    Одговор на библиски прашања
  • Зошто Јеховините сведоци не користат крст во обожавањето?
    Најчесто поставувани прашања
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 4/06 стр. 12-13

Гледиште на Библијата

Дали Исус навистина умрел на крст?

КРСТОТ е едно од најпрепознатливите верски обележја. Милиони луѓе го обожаваат, сметајќи го за свет предмет на кој умрел Исус. Римокатоличкиот писател и археолог Адолф Наполеон Дидрон рекол: „Крстот се обожава слично, ако не и исто, како самиот Христос; овој свет дрвен предмет се обожава речиси исто како и самиот Бог“.

Некои велат дека, кога се молат, крстот им помага да се чувствуваат поблиски со Бог. Други го користат како амајлија, зашто мислат дека ги штити од лоши работи. Но, треба ли христијаните да го обожаваат крстот? Дали Исус навистина умрел на крст? Што вели Библијата во врска со ова?

Што симболизира крстот?

Долго пред христијанството, древните Вавилонци користеле крстови за да го обожаваат богот на плодноста Тамуз. Оттаму крстот се раширил до Египет, Индија, Сирија и Кина. Со векови подоцна, Израелците го извртеле своето обожавање на Јехова и почнале да го обожаваат лажниот бог Тамуз. Ваквото обожавање Библијата го нарекува ‚гнасност‘ (Езекиел 8:13, 14).

Во евангелијата по Матеј, Марко, Лука и Јован, кога се спомнува средството за погубување на кое умрел Исус, се користи грчкиот збор ставро́с (Матеј 27:40; Марко 15:30; Лука 23:26). Зборот ставро́с значи исправен колец или столб. Книгата Нехристијанскиот крст (The Non-Christian Cross) од Џ. Д. Парсонс објаснува: „Во бројните записи што го сочинуваат Новиот завет нема ниту една реченица на изворен грчки со која, макар индиректно, се укажува дека ставрос, употребен во случајот на Исус, бил нешто друго освен обичен ставрос; а уште помалку докази има дека се состоел од две греди заковани во облик на крст а не само од една обична дрвена греда“.

Во Дела 5:30, апостол Петар го употребил зборот кси́лон, што значи „дрво“, како синоним за ставро́с — а кси́лон не означува крст со две греди, туку обична исправена греда или дрво. Дури 300 години по смртта на Исус, некои што се изјаснувале како христијани почнале да ја застапуваат идејата дека Исус бил убиен на крст со две греди. Меѓутоа, ова гледиште се темелело на традиција и на погрешна употреба на грчкиот збор ставро́с. Значајно е тоа што на некои стари слики на кои се прикажани погубувања извршени од Римјаните се гледа само дрвен колец или обично дрво.

„Чувајте се од идоли“

За христијаните е уште поважно прашањето дали е исправно да се обожава предметот на кој бил убиен Исус. Сеедно дали се работи за исправен столб, крст, стрела, копје или нож, зарем еден таков предмет треба да се обожава?

Замисли дека некој твој близок е сурово убиен и дека оружјето со кое е убиен е изнесено на судот како доказен материјал. Дали ќе се обидеш да дојдеш до тоа оружје, да го фотографираш и да отпечатиш многу фотографии што ќе ги раздаваш на сите? Дали ќе направиш копии на оружјето во различни големини? Дали од некои ќе направиш накит? Дали ќе почнеш фабрички да ги произведуваш и да им ги продаваш на пријатели и роднини за да ги обожаваат? Веројатно и самата помисла на ова ти е одбивна! Сепак, токму ова се прави со крстот!

Освен тоа, користењето на крстот во обожавањето е исто што и користење на идоли, нешто што е осудено во Библијата (Излез 20:2-5; Второзаконие 4:25, 26). Кога ги посоветувал сохристијаните со зборовите: „Чувајте се од идоли“, апостол Јован точно кажал кое е христијанското гледиште (1. Јованово 5:21). Христијаните биле послушни на овој совет, дури и ако тоа за нив значело смрт во римските арени.

Сепак, христијаните од првиот век многу ја ценеле жртвената смрт на Христос. И денес, иако не треба да се обожава предметот на кој бил мачен и убиен Исус, вистинските христијани се сеќаваат на Христовата смрт зашто преку неа Бог овозможува спасение за несовршените луѓе (Матеј 20:28). Овој најголем доказ на Божјата љубов ќе им донесе неизмерни благослови на оние што ја сакаат вистината, а еден од тие благослови е и можноста да живеат засекогаш (Јован 17:3; Откровение 21:3, 4).

[Слика на страница 12]

На некои стари слики се гледа дека Римјаните користеле дрвен колец за погубување

[Извор на слика]

Rare Books Division, The New York Public Library, Astor, Lenox and Tilden Foundations

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели