ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/06 стр. 10-11
  • Можеш ли да им помогнеш на умрените?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш ли да им помогнеш на умрените?
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Состојбата на мртвите
  • Каква е надежта за мртвите?
  • Треба ли да се плашиш од мртвите?
    Разбудете се! 2009
  • Смрт
    Разбудете се! 2014
  • Има ли надеж за мртвите?
    Добра вест од Бог!
  • Што се случува со луѓето кога ќе умрат?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 10/06 стр. 10-11

Гледиште на Библијата

Можеш ли да им помогнеш на умрените?

„Уште од почетокот Црквата... нуди молитви во корист на [умрените]... за да можат, така прочистени, да бидат благословени и да го видат Бог“ („Катехизмот на Католичката црква“ — „Catechism of the Catholic Church“).

ЗАЕДНИЧКО на луѓето од сите раси им е тоа што се загрижени за состојбата на мртвите. Можеби и ти си ги почувствувал тагата и чувството на загуба кога починал некој твој близок. Можеби се прашуваш дали починатите продолжуваат да постојат во свесна состојба, дали страдаат или се во мир и дали можеш да направиш нешто за да им помогнеш.

Многу религиозни луѓе веруваат дека можат да им помогнат на умрените. На пример, хиндусите веруваат дека, ако го кремираат телото на нивните најмили на бреговите на реката Ганг и ако ја истурат пепелта во водата, тоа ќе ѝ донесе вечно блаженство на душата на починатиот. На Ориентот, будистите палат хартиени слики од автомобили, куќи, облека и пари, затоа што веруваат дека така умрените ќе можат да ги користат на другиот свет. Во Африка, на гробовите се истураат алкохолни пијалаци, со мисла дека тоа ќе му користи на мртвиот.

Католицизмот поучува дека, ако некој умре без да се покае за „смртните гревови“, нема да добие милост од Бог. Таа состојба „е наречена ‚пекол‘“. Од друга страна, пак, оној што ја има Божјата милост може да се надева да живее во „најголема, апсолутна среќа“ заедно со Бог на небото, но прво мора да биде потполно прочистен. За да се прочисти, можеби ќе треба да помине некое време во чистилиште и да помине низ „огнот на прочистувањето“ како казна за грешките што може да му бидат простени. Но, додека е во чистилиштето, може да му помогнат молитвите што се кажуваат во негова корист — обично со посредство на црквата — и мисите што се одржуваат за него. За таквите услуги обично плаќаат пријателите и роднините на починатиот.

Нормално е да сакаш да направиш сѐ што можеш за да им го олесниш страдањето низ кое можеби минуваат твоите најмили. Ако е можно да им се помогне, зарем Бог не би ни објаснил како да им помогнеме? Да видиме што вели Библијата за тоа дали можеме да им помогнеме на умрените.

Состојбата на мртвите

Сите обичаи што беа спомнати погоре се темелат на верувањето во бесмртна душа, т.е., дека дел од човекот продолжува да живее по смртта на физичкото тело. Дали Библијата го вели тоа? Таа вели: „Живите се свесни дека ќе умрат, а мртвите не се свесни за ништо, и за нив повеќе нема плата, зашто споменот за нив е заборавен. И љубовта нивна, и омразата нивна, и љубомората нивна ја снема, и никогаш повеќе нема да имаат дел во ништо што ќе се прави под сонцето. Сѐ што ќе ти дојде до рака да правиш, прави го со сета своја сила, зашто нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост во гробот во кој одиш“ (Проповедник 9:5, 6, 10).

Во врска со тоа како влијае смртта врз свеста на еден човек, псалмистот под вдахновение напишал: „Духот му излегува, и тој се враќа во својот прав — во тој ден пропаѓаат неговите мисли“ (Псалм 146:4).

Изјавите од Библијата се меродавни и разумни. Што мислиш ти, дали еден татко што ги сака своите деца ќе ги измачува затоа што тие, по природа, се склони да прават грешки? (1. Мојсеева 8:21). Се разбира дека не. Тогаш, зошто нашиот небесен Татко би направил нешто слично? Кога некои древни Израелци го прифатиле паганскиот обичај да ги палат своите деца како жртва за лажните богови, Јехова го осудил тој одвратен обред и го опишал како ‚нешто што никогаш не им го заповедал, ниту некогаш му дошло на ум‘ (Еремија 7:31).

Последица од гревот е смртта, а не мачење во задгробен живот. Според Библијата, „платата за гревот е смрт“, а „оној што умрел, ослободен е од својот грев“ (Римјаните 5:12; 6:7, 23).

Умрените не се мачат. Напротив, тие како да се во длабок сон, не се свесни за ништо — ниту за убавите, ниту за неубавите работи. Според тоа, сосема е јасно дека сите напори на луѓето да им помогнат на умрените се спротивни на учењата од Библијата.

Каква е надежта за мртвите?

Но, ова не значи дека твоите најмили засекогаш ќе останат во несвесна состојба. Напротив, нивната иднина е светла.

Пред да го врати во живот својот сакан пријател Лазар, Исус рекол дека ќе ‚го разбуди‘ (Јован 11:11). Во една друга прилика, објаснил дека „сите оние што се во гробовите ќе го чујат неговиот глас и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29). Воскреснатите веќе ќе бидат ослободени од своите претходни гревови и затоа не ќе мора да се мачат за она што го правеле додека биле живи. Ќе имаат можност да научат да живеат во совршени услови. Каква само иднина!

Ако оваа иднина те привлекува и тебе, увери се во веродостојноста на овие ветувања. Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат.

СИ СЕ ПРАШАЛ ЛИ НЕКОГАШ?

◼ Дали мртвите се свесни? (Псалм 146:4; Проповедник 9:5, 6, 10).

◼ Дали Бог би дозволил мртвите да се мачат во пеколен оган? (Еремија 7:31).

◼ Има ли надеж за мртвите? (Јован 5:28, 29).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели