ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/07 стр. 12-13
  • Дали ти е пишана судбината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ти е пишана судбината?
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Колку е „логична“ идејата за предодреденост
  • „Избери“
  • Може ли предодреденоста да се усклади со Божјата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Дали нашата иднина е однапред запишана?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Дали Бог веќе ја одредил нашата судбина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Можеш ли сам да си ја кроиш судбината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 5/07 стр. 12-13

Гледиште на Библијата

Дали ти е пишана судбината?

Едно утро двајца мажи оделе на работа со камионче. Одеднаш решиле да го скратат патот по една улица каде што порано живеел едниот од нив. Кога возеле по тој пат, виделе како од прозорците на една куќа излегуваат пламени јазици. Застанале и со помош на една скала што ја имале во камиончето ги спасиле мајката и петте деца што биле во куќата. За овој настан во еден весник било напишано: „Можеби судбината замешала прсти“.

МНОГУ луѓе веруваат дека што и да им се случи, било добро било лошо, е однапред одредено од некоја сила што е помоќна од нив. На пример, Жан Калвин, реформатор од 16 век, напишал: „Предодреденоста ја дефинираме како вечна намера на Бог со која тој одредил што ќе прави со секој човек. Зашто тој не ги создал сите еднакви, туку некои предодредил за вечен живот, а други ги осудил на вечни маки“.

Дали Бог навистина однапред одредил сѐ што ќе правиме и каква ќе ни биде судбината? Што учи Библијата за тоа?

Колку е „логична“ идејата за предодреденост

Некои што веруваат во предодреденост во основа вака размислуваат: Бог знае сѐ. Тој знае дури и што ќе се случи во иднина. Знае што ќе прави секој човек во својот живот, и веќе знае кога и како точно ќе умре секој од нас. Значи, според нив, кога некој треба да донесе некоја одлука, мора да го направи она што Бог го предвидел и го предодредил за него; инаку тоа би значело дека Бог не знае сѐ. Дали овие аргументи ти звучат логично? Да разгледаме кои би биле последиците од ваквото размислување.

Ако некоја виша сила веќе ти ја напишала судбината, односно ти ја одредила иднината, тогаш е бескорисно да водиш грижа за себе. Без разлика дали ќе одлучиш да пушиш или не, тоа нема да има никакво значење за твоето здравје и за здравјето на твоите деца. Дали ќе се врзеш со појасот во автомобилот или не, воопшто нема да има влијание врз твојата безбедност. Но, ваквото размислување е погрешно. Статистиката покажува дека луѓето кои преземаат мерки на претпазливост поретко доживуваат трагични несреќи. Последиците од негрижата може да бидат катастрофални.

Да разгледаме уште едно размислување. Ако Бог избира однапред да знае сѐ што ќе се случи, тогаш уште пред да ги создаде Адам и Ева, тој знаел дека нема да му бидат послушни. Но, кога Бог му рекол на Адам дека не смее да јаде од „дрвото на спознанието на доброто и злото“ зашто во спротивно ќе умре, дали Тој веќе знаел дека Адам ќе јаде од дрвото? (1. Мојсеева 2:16, 17). Кога Бог им рекол на Адам и Ева: „Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја, и владејте над морските риби, над небесните суштества што летаат и над сите суштества што се движат по земјата“, дали знаел дека нивната прекрасна можност да живеат во рај била осудена на пропаст? Се разбира дека не (1. Мојсеева 1:28).

Ако Бог однапред ги знае сите одлуки, логично би било да заклучиме дека тој е одговорен за сѐ што се случува — вклучувајќи ги и војните, неправдите и страдањето. Дали е можно тоа? Јасен одговор ќе добиеме ако видиме што вели Бог за себе.

„Избери“

Во Библијата се вели дека „Бог е љубов“ и дека тој „ја сака правдата“. Тој отсекогаш ги поттикнувал своите слуги: „Мразете го злото, а сакајте го доброто“ (1. Јованово 4:8; Псалм 37:28; Амос 5:15). Во многу прилики тој ги поттикнал своите верни слуги да изберат да живеат чесно. На пример, кога Јехова склучил сојуз со древниот Израел, преку Мојсеј тој му рекол: „Ги земам денес за сведоци против вас небото и земјата: дека пред вас ставам живот и смрт, благослов и проклетство. Затоа избери го животот за да останеш жив, ти и твоето потомство“ (5. Мојсеева 30:19). Дали Бог однапред одредил што ќе избере секој Израелец? Очигледно не било така.

Исус Навин, водач на Божјиот народ во минатото, ги поттикнал своите сонародници: „Изберете си денес кому ќе му служите... јас и мојот дом ќе му служиме на Јехова!“ (Исус Навин 24:15). Нешто слично рекол и Божјиот пророк Еремија: „Послушај го, те молам, гласот на Јехова, кој ти го пренесувам, па ќе поминеш добро и твојата душа ќе остане жива!“ (Еремија 38:20). Зарем еден праведен Бог кој ги сака луѓето би ги поттикнал да постапуваат исправно со надеж дека така ќе добијат награда, кога би знаел дека се осудени на пропаст? Не. Тоа би било лицемерно.

Значи, во животот не ти се случуваат убави или лоши работи затоа што така ти било „пишано“. Многу често, „непредвидените настани“ едноставно се последица од одлуките — било мудри било немудри — на другите луѓе (Проповедник 9:11). Не, никој не ти ја напишал судбината однапред — твоите одлуки одредуваат каква ќе биде твојата вечна иднина.

ШТО МИСЛИШ?

◼ Дали Бог однапред одредил Адам и Ева да згрешат? (1. Мојсеева 1:28; 2:16, 17).

◼ Поради кои особини на Бог не е можно тој да ги предодредува работите? (Псалм 37:28; 1. Јованово 4:8).

◼ Каква одговорност имаш ти? (Исус Навин 24:15).

[Истакната мисла на страница 13]

Статистиката покажува дека луѓето кои преземаат мерки на претпазливост поретко доживуваат трагични несреќи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели