ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/07 стр. 3
  • Дали трката по пари те истоштува?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали трката по пари те истоштува?
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Што има лошо во заработувањето пари?
    Разбудете се! 1998
  • Дали парите се корен на сето зло?
    Одговор на библиски прашања
  • Што е материјализам?
    Разбудете се! 2003
  • Како гледаш на парите?
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 6/07 стр. 3

Дали трката по пари те истоштува?

ШТО ќе направиш, ако утре станеш многу богат? Ќе се опуштиш и ќе уживаш во животот? Ќе престанеш да работиш и ќе поминуваш повеќе време со семејството и пријателите? Ќе почнеш да работиш нешто што навистина го сакаш? Интересно, многу луѓе што се збогатиле, не прават ништо од тоа. Напротив, животот го поминуваат во обид да заработат уште повеќе пари — или за да си ги исплатат новите долгови или за да станат уште побогати.

Меѓутоа, некои што живеат така, забележуваат дека тоа што се преокупирани со материјалните работи штетно влијае врз нивното здравје, врз нивниот семеен живот и врз карактерот на нивните деца. Во последно време, книгите, весниците, телевизиските програми и филмовите предупредуваат колку е опасно човек да се препушти на задоволствата и препорачуваат „да се избере поедноставен живот“. Многу често се нагласува дека трката по материјални работи може да те истошти — психички, емоционално, па дури и физички.

Се разбира, луѓето и порано биле загрижени поради опасностите што ги носи материјализмот. Пред речиси 2.000 години, во Библијата било запишано: „Оние што решиле да се збогатат, паѓаат во искушение и во замка и во многу неразумни и штетни желби, кои ги туркаат луѓето во уништување и во пропаст. Зашто, љубовта кон парите е корен на секакви зла и, поради неа, некои одлутаа од верата и си нанесоа многу маки“ (1. Тимотеј 6:9, 10).

Но, дали е така? Дали оние што живеат за да заработат и да имаат колку што можат повеќе навистина страдаат поради тоа? Или, пак, мислиш дека тие имаат сѐ — богатство, здравје и среќно семејство? Ајде да видиме.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели