ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/07 стр. 22-23
  • Тие го преживеаја теророт во Мумбај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тие го преживеаја теророт во Мумбај
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Борба со шокот предизвикан од терористичкиот напад
    Разбудете се! 2005
  • Разбудете се! му го спасило животот на едно неродено дете
    Разбудете се! 2010
  • Ќе остане ли „железниот пат“?
    Разбудете се! 1999
  • „Како би можел да направам толку големо зло?“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 6/07 стр. 22-23

Тие го преживеаја теророт во Мумбај

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИНДИЈА

ГРАДОТ Мумбај, порано познат како Бомбај, има над 18 милиони жители, и оваа бројка постојано расте. Секој ден, помеѓу шест и седум милиони луѓе патуваат со брзите и редовни возови од предградијата до своето работно место, до училиште или факултет, до трговските центри или до интересните места. За време на шпицот, во секој од преполните возови со девет вагони се возат околу 5.000 патници иако капацитетот е 1.710 патници. Токму за време на шпицот, на 11 јули 2006 год., врз возовите во Мумбај беа извршени терористички напади. За помалку од 15 минути, експлодираа седум бомби во различни возови долж Вестерн Рејлвеј, оставајќи зад себе над 200 мртви и 800 повредени.

Голем број Јеховини сведоци од 22-те собранија во Мумбај и предградијата редовно патуваат со возовите. Многумина од нив беа во возовите што беа нападнати. За среќа, ниеден од нив не го загуби животот, само неколкумина беа повредени. Анита се враќала дома од работа. Возот бил преполн. За да може полесно да излезе, стоела близу до вратата на вагонот од прва класа. Додека возот брзо се движел по шините, одеднаш се чула страшна експлозија и целиот вагон се исполнил со црн чад. Кога се подала од вратата и погледнала надесно, видела дека металната страна од соседниот вагон е целосно откорната и виси на останатиот дел од возот под агол од 45 степени. Била вџашена кога видела како тела и делови од тело летаат низ дупката и паѓаат врз шините. По неколку секунди, кои неа ѝ се чинеле како цела вечност, возот застанал. Заедно со другите патници скокнала на шините и трчала што подалеку од возот. Му вртела на својот сопруг, Џон, на мобилен телефон, и успеала да го добие. Само неколку минути подоцна целата градска телефонска мрежа била блокирана од големиот број повици. Пред тоа била релативно смирена, но кога почнала да разговара со својот сопруг, не можела веќе да издржи и прснала да плаче. Му кажала што се случило и го замолила да дојде да ја земе. Додека го чекала, почнал да истура дожд, кој ги однел повеќето докази што би можеле да помогнат при истрагата.

Еден друг Јеховин сведок, Клаудиус, си заминал од работа порано од обично. Се качил на возот во 17.18 на станицата Чрчгејт, појдовната станица на Вестерн Рејлвеј и влегол во вагон од прва класа. Го чекал еден час патување до станицата Бјандар. Додека барал место за седење, го здогледал Џозеф, кој бил Јеховин сведок во едно друго собрание. Времето брзо им минувало додека си разговарале. Но, уморен од напорниот ден на работа, Џозеф задремал. Бидејќи возот бил преполн, Клаудиус станал од седиштето една станица пред неговата за да може да се пробие до вратата. Додека стоел таму, Џозеф се разбудил и се подал над седиштето за да се поздрави со него. Држејќи се за рачката на седиштето и Клаудиус се навалил кон Џозеф. Можеби токму тоа му го спасило животот. Одеднаш се чула силна бука. Вагонот силно се затресол, се исполнил со чад и настанала потполна темница. Клаудиус се струполил на подот помеѓу седиштата. Помислил дека го изгубил слухот, зашто сѐ што можел да чуе било силно ѕунење во ушите. На местото каде што стоел претходно имало само една голема дупка. Патниците што стоеле до него, или биле исфрлени на шините или лежеле мртви на подот. Тој го преживеал петтиот од седумте удари што го потресоа железничкиот систем тој кобен вторник.

Клаудиус бил префрлен во болница целиот облеан со крв. Но крвта била од другите, помалку среќни патници. Тој имал само помали повреди — дупнато ушно тапанче, изгореници на едната рака и опрлена коса. Во болницата ги сретнал Џозеф и жена му Анџела, која била во соседниот вагон резервиран само за жени. Таа поминала без повреди. Џозеф имал модринка на десното око и оштетен слух. Овие тројца Сведоци му се заблагодариле на Јехова што останале живи. Клаудиус вели дека првото нешто на кое помислил кога се освестил било: ‚Колку е бесмислено во овој свет да трчаш по пари и материјални работи кога за миг може да го изгубиш животот!‘ Тој бил многу среќен што најважно во животот му било пријателството со неговиот Бог, Јехова.

Во многу краток период, Мумбај претрпе тешки поплави, немири и, на крајот, бомбашки напади. Меѓутоа, Сведоците во тој град, кои ги има над 1.700, имаат убав, ревносен дух. Тие редовно им кажуваат на своите ближни за прекрасната надеж за еден нов свет во кој насилството ќе биде само минато (Откровение 21:1-4).

[Истакната мисла на страница 23]

На местото каде што стоел претходно имало само една голема дупка

[Слика на страница 23]

Анита

[Слика на страница 23]

Клаудиус

[Слика на страница 23]

Џозеф и Анџела

[Извор на слика на страница 22]

Sebastian D’Souza/AFP/Getty Images

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели