ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/07 стр. 15
  • Гласот на „вечниот град“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гласот на „вечниот град“
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Многуте лица на Рим
    Разбудете се! 2001
  • Колку долго можат да живеат луѓето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Разбудете се! 2007
g 8/07 стр. 15

Гласот на „вечниот град“

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИТАЛИЈА

Изгледот и звукот на многуте римски фонтани го поттикнале италијанскиот композитор Оторино Респиги да компонира една суита со наслов „Фонтаните на Рим“. Ајде да посетиме една од најубавите — фонтаната Треви.

Додека одиме по тесната уличка што води до фонтаната, свртуваме на еден агол и, одеднаш, нѐ дочекува глетка што нѐ остава без здив. Пред нас блеснува огромната фонтана Треви, широка 20 метри и висока 26 метри, која го исполнува малиот плоштад. Колку импресивна градба скриена на едно такво мало местенце!

Фонтаната Треви била изградена по нарачка на папата Клемент XII, а ја проектирал италијанскиот архитект Николо Салви. Изградбата почнала во 1732, а била завршена во 1762 год. Водата доаѓа до фонтаната преку аквадуктот Аква Вирго, кој почнува на околу 13 километри од градот, а бил направен во првиот век пр.н.е.

Фонтаната се издига пред една палата и го претставува морето. Митскиот лик Нептун (или, некои велат, Океан) стои гордо во својата кочија во облик на школка и ја зауздува водата што во слапови се слева под него. Додека водата блика од другите ликови и се разбива на карпите под нив, небаре ги слушаш морските бранови како го заплиснуваат брегот. Основата на фонтаната зафаќа голем дел од плоштадот, со што се добива впечаток дека целиот плоштад е дел од неа.

Секој ден стотици посетители се слеваат на ова мало плоштатче и фрлаат парички во најголемата туристичка атракција во Рим. Фонтаната се празни еднаш седмично. Паричките што ги фрлаат туристите, обично по 9.000 евра седмично, се собираат и се донираат на некоја верска добротворна организација.

Ако фонтаните навистина се гласот на градот, како што верувал Респиги, тогаш во хорот од многубројни фонтани што ги пленат посетителите на Рим, Вечниот град, фонтаната Треви е главниот солист.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели