ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/08 стр. 22-23
  • Мост што не се дава лесно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мост што не се дава лесно
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Оригинална конструкција
  • Животот на мостот
  • Трагедија
  • Тауер Бриџ — порта кон Лондон
    Разбудете се! 2006
  • Избрав подобра цел
    Разбудете се! 2010
  • Место што служи за твоја чест
    Пеј му од срце на Јехова
  • Каква личност треба да бидам
    Пеј му од срце на Јехова
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 1/08 стр. 22-23

Мост што не се дава лесно

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО БУГАРИЈА

ВО СРЕДНИОТ дел од северна Бугарија, под прекрасната форма на еден необичен мост се извива реката Осам. Историјата на овој прочуен покриен мост во градот Ловеч е речиси исто толку интересна колку и онаа на жителите на градот што минуваат по него.

Австрискиот геолог Ами Буе, кој го посетил Ловеч во текот на првата половина од 19 век, спомнал еден „покриен камен мост украсен со дуќанчиња“. И навистина, овој уникатен мост имал двојна намена — ги поврзувал двата дела од градот, а служел и како пазар! Целото место станало препознатливо по оваа знаменитост.

Покриениот мост во Ловеч првобитно бил дрвен, а не камен. Низ годините, неколкупати бил поправан бидејќи бил оштетуван од поплавите. На крај, во 1872 год. надојдената река го однела мостот, а жителите на градот биле лишени од оваа важна транспортна врска.

Повторната изградба на мостот не била лесна задача. Затоа, граѓаните од Ловеч го ангажирале прочуениот бугарски мајстор Кољо Фичето, кој требало да проектира и да изгради нов и поцврст мост.

Оригинална конструкција

Кољо Фичето решил да се придржува за првобитната замисла за покриен мост со два реда дуќанчиња. Мостот што го изградил бил долг 84 и широк 10 метри, а го држеле овални камени столбови високи 5 метри, чии зашилени рабови биле насочени спротивно на течението на реката. Кај нив бил применет еден оригинален инженерски изум. Во горната половина од овие подножја биле изградени специјални отвори кои би ја пропуштале водата ако реката надојде. Врз овие столбови, Фичето положил основа од цврсти дабови греди и штици, а останатиот дел од мостот, заедно со 64-те дуќани од двете страни на улицата, бил направен од буково дрво. Истиот материјал се користел и за покривот, кој бил обложен со ламарина.

Друга интересна карактеристика на мостот е тоа што носечките греди биле поврзани со дрвени жлебови и споеви наместо со железо и ковани клинови. Дрвената основа на улицата била калдрмисана, а потоа покриена со ситен чакал. Дење, светлината се пробивала низ страничните прозорци и отворите на покривот. Навечер се палеле газиени ламби. Сѐ на сѐ, проектирањето и изградбата на новиот мост траеле отприлика три години [1].

Животот на мостот

Каков бил животот на мостот? Еден очевидец го дал следниов опис: „Гласовите на продавачите, минувачите и сеирџиите, кои беа ретко прекинувани поради тропотот на некој автомобил, коњска кола или натоварено магаре, се мешаа со вревата од тенекеџиите... и силните извици на продавачите кои си ја фалеа стоката. На мостот владееше посебна атмосфера. Многуте дуќани преполни со гајтани, мониста и секаква друга стока, имаа свој ритам и свои традиции“.

Луѓето се собирале на овој мост не само за да пазаруваат, туку и да се развеселат, бидејќи многу од продавачите имале и музичка дарба. Истиот очевидец што е цитиран погоре го додал следново: „Во берберницата работеа 5-6 бербери кои покрај својот занает знаеја и добро да свират, претежно на жичени инструменти. Тие честопати ќе си најдеа слободно време за да свират, а муштериите со задоволство ќе ги почекаа да завршат“. По Првата светска војна, некои од овие бербери го основале таканаречениот „Берберски оркестар“.

Трагедија

Половина век покриениот мост на мајстор Кољо преживувал поплави, војни и други неволји. Но, ноќта помеѓу 2 и 3 август 1925 год. силен пожар го осветлил небото над Ловеч. Пламените јазици го проголтале живописниот мост, претворајќи го во пепел. До ден-денес не се знае дали пожарот пламнал од невнимание или бил подметнат. Било како било, Ловеч повторно останал без мост кој ќе ги сврзува двата брега на Осама.

Но, не за долго. Во 1931 год. бил изграден нов покриен мост со дуќанчиња и работилници од двете страни на улицата [2]. Наместо дрво и камен, новиот мајстор употребил бетон и железо. Конструкцијата на мостот многу се разликувала од онаа на Фичето. Покривот бил направен од стакло, а средниот дел немал ѕидови од страните. Во 1981/1982 год., мостот бил реконструиран за да личи што е можно повеќе на првобитниот проект на Кољо Фичето [3].

Покриениот мост е вистинско ремек-дело кое претставува симбол на градот Ловеч. Тој и понатаму го привлекува интересот не само на локалните жители, туку и на гостите кои со задоволство се шетаат низ дуќаните наредени на него.

[Карта на страница 22]

(Види во публикацијата)

БУГАРИЈА

СОФИЈА

Ловеч

[Извор на слика на страница 23]

Слика бр. 2: од книгата Ловеч и неговата околија (Lovech and the Area of Lovech)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели