ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/08 стр. 26
  • Сложено око

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сложено око
  • Разбудете се! 2008
  • Сличен материјал
  • Пази што гледаш
    Разбудете се! 2012
  • Задржи едноставно око
    Нашата служба за Царството 2004
Разбудете се! 2008
g 3/08 стр. 26

Случајно или создадено?

Сложено око

◼ „Делчиња совршено подредени во многу слоеви.“ На тој начин професор Лук Ли од Универзитетот Калифорнија (САД) го опишува сложеното око што го имаат многу инсекти, познато и како мрежесто, или фацетирано око.

Размисли: Сложеното око кај некои инсекти, како што е пчелата и водното коњче, се состои од повеќе оптички единици (оматидии) кои се насочени во различни правци. Сликата што ја создаваат овие леќи личи на мозаик, што е многу погодно за да се забележи и најмало движење.

Научниците го проучуваат сложеното око кај инсектите со цел да изработат детектори за брзи движења и ултратенки камери со широко видно поле. Ваквата технологија би можела да се употреби за најразлични цели. На пример, би можела да се користи во медицината за да се вршат внатрешни испитувања на желудникот. Пациентот ќе може да го голтне овој „ситен систем“, а информациите што ќе ги собере ваквото медицинско апаратче со помош на своето сложено око би можеле да се примат по безжичен пат.

Еден тим биоинженери веќе имаат изработено вештачко сложено око со големина на глава на шпенигла, кое има повеќе од 8.500 леќи. Но, ова технолошко достигнување е ништо во споредба со природното сложено око кај инсектите. На пример, водното коњче има отприлика по 30.000 оматидии во секое око!

Прашај се: ‚Дали сложеното око кај инсектите, кое е вистинско оптичко чудо, настанало случајно или било создадено?‘

[Слика на страница 26]

Дел од сложено око на пчела, во крупен план

[Извори на слики на страница 26]

Поголемата фотографија: © Stephen Dalton/Photo Researchers, Inc.; вметната фотографија: © Raul Gonzalez Perez/Photo Researchers, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели