ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/04 стр. 1
  • Задржи едноставно око

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Задржи едноставно око
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Сличен материјал
  • Дали имаш бистро око?
    Нашата служба за Царството 2010
  • Пази што гледаш
    Разбудете се! 2012
  • Повторување на програмата од денот на специјален собир
    Нашата служба за Царството 2005
  • Нова програма за Денот на специјален собир
    Нашата служба за Царството 2005
Повеќе
Нашата служба за Царството 2004
km 9/04 стр. 1

Задржи едноставно око

1. Што значи да се има едноставно око, и зошто е важно ова?

1 Во својата Проповед на гората, Исус свртел внимание на огромното влијание што може да го има фигуративното, или духовното, око врз целиот наш живот. Тој рекол: „Значи, ако окото ти е едноставно, целото тело ќе ти биде светло; но ако окото ти е злобно, целото тело ќе ти биде темно“ (Мат. 6:22, 23). Едноставно око е она што е фокусирано на само една цел — вршење на Божјата волја. Тоа не дозволува непотребната загриженост околу материјалните работи да му го одврати вниманието (Мат. 6:19—21, 24—33). Што може да ни помогне да задржиме едноставно око?

2. На какво гледиште за материјалните работи охрабрува Божјата реч?

2 Да бидеме задоволни со она што го имаме: Имаме библиска обврска соодветно да се грижиме за потребите на домашните (1. Тим. 5:8). Но, ова не значи дека треба да се впуштиме во бесконечна трка по најдобрите и најнови работи (Посл. 27:20; 30:8, 9). Напротив, Писмото нѐ поттикнува да бидеме задоволни со „храна и покрив“, она што навистина ни е неопходно за живот (1. Тим. 6:8; Евр. 13:5, 6). Ако го послушаме овој совет, тоа ќе ни помогне да задржиме исправен фокус.

3. Што може да ни помогне самите да не си ставаме непотребни товари?

3 Мудро е да не се оптоваруваме со непотребни долгови и со поседи или цели кои ќе ни одземат многу време и внимание (1. Тим. 6:9, 10). Како може да го постигнеме ова? Кога размислуваш што да правиш, моли се за таа работа и направи искрена проценка дали тоа ќе се одрази негативно врз твоите духовни интереси. Биди решен да ги задржиш духовните работи на прво место во животот (Фил. 1:10; 4:6, 7).

4. Зошто треба да гледаме да си го поедноставиме животот?

4 Поедностави си го животот: Друга работа што ќе ни помогне да ѝ се спротивставиме на привлечната сила на материјализмот е да гледаме да си го поедноставиме животот. Еден брат што увидел дека неговото семејство може да си помине добро и без вишок на материјални работи, рекол: „Сега можам да правам многу повеќе во собранието за да им служам на моите браќа. Убеден сум дека Јехова ги благословува сите свои слуги кога го ставаат вистинското обожавање пред личните интереси“. Ќе можеш ли и ти да уживаш во поголеми благослови ако си го поедноставиш животот?

5. Зошто е потребен постојан напор за да задржиме едноставно око?

5 Потребен е постојан напор за да се спротивставиме на влијанието на Сатана, на неговиот материјалистички свет и на нашата сопствена несовршеност. Наместо да им дозволиме на очите да гледаат ваму-таму, да ги задржиме фокусирани на вршењето на Божјата волја и на нашата прекрасна надеж за вечен живот (Посл. 4:25; 2. Кор. 4:18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели