ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/10 стр. 1
  • Дали имаш бистро око?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали имаш бистро око?
  • Нашата служба за Царството 2010
  • Сличен материјал
  • Задржи едноставно око
    Нашата служба за Царството 2004
  • Поедностави го својот живот и служи во поголема мера
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • Повторување на програмата од денот на специјален собир
    Нашата служба за Царството 2005
  • Пази што гледаш
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Нашата служба за Царството 2010
km 6/10 стр. 1

Дали имаш бистро око?

1. Што значи да имаме ‚бистро око‘?

1 Она што го гледаме со очите влијае врз нашите постапки. Затоа се многу соодветни зборовите на Исус: „Ако окото ти е бистро, целото тело ќе ти биде светло“ (Мат. 6:22). Кога нашето око е „бистро“ во духовен поглед, сосредоточено е само на една работа — вршењето на Божјата волја. Тогаш го ставаме Царството на прво место и не дозволуваме никакви неважни материјални работи или активности да ни го одземат времето од службата.

2. Што би можело да ја искриви нашата претстава за работите, но што ќе ни помогне?

2 Треба да се преиспитуваме: Нашата претстава за работите може да се искриви од она што го гледаме на рекламите или од она што го имаат другите. Пред да купиме нешто или пред да направиме некаква деловна зделка што ќе бара многу време, пари или сила, би било добро да го ‚пресметаме трошокот‘ така што ќе се запрашаме: ‚Дали ова ќе ми помогне или ќе ми пречи во служба за Јехова?‘ (Лука 14:28; Фил. 1:9-11). Исто така, мудро е одвреме-навреме да размислиме како уште би можеле да си го поедноставиме животот за да правиме повеќе во службата (2. Кор. 13:5; Еф. 5:10).

3. Што можеме да научиме од една сестра која направила промени за да живее поедноставно?

3 Кога една сестра започнала со општа пионерска служба, решила да продолжи да работи полновремено, иако и со скратено работно време ќе можела да се грижи за своите потреби. Но, со текот на времето заклучила: „Никој не може да им робува на двајца господари. Морав да ги жртвувам желбите и да научам да бидам задоволна со она што навистина ми е потребно. Сфатив дека материјалните работи застаруваат и по некое време веќе не се интересни, и дека би се исцрпила ако постојано трчам по нив“. Нејзините околности ѝ дозволувале да направи промени за да живее поедноставно и да го смени работното место. Така продолжила со пионерската служба.

4. Зошто е многу важно да задржиме бистро око?

4 Бидејќи знаеме дека немаме време за губење, неопходно е да задржиме бистро око. Со секој нов ден сме сѐ поблиску до крајот на овој поредок и до почетокот на Божјиот нов свет (1. Кор. 7:29, 31). Ако сме сосредоточени на проповедничкото дело, можеме да се спасиме и себеси и оние што нѐ слушаат (1. Тим. 4:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели