ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/12 стр. 14
  • Пази што гледаш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пази што гледаш
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Задржи едноставно око
    Нашата служба за Царството 2004
  • Покажи искрен интерес — гледајќи ги луѓето во очи
    Нашата служба за Царството 2006
  • Дали имаш бистро око?
    Нашата служба за Царството 2010
  • Повторување на програмата од денот на специјален собир
    Нашата служба за Царството 2005
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 2/12 стр. 14

Пази што гледаш

● Човечкото око е вистинско ремек-дело. Но, освен што е убаво, окото е и моќно. Во книгата Visual Impact, Visual Teaching се вели дека „четириесет отсто од сите нервни влакна што одат до мозокот се поврзани со мрежницата“, тенка, сложена внатрешна обвивка на окото.

Исус Христос со право го нарекол окото „светилка на телото“. За да го објасни ова, тој додал: „Ако окото ти е бистро [едноставно, сосредоточено на добри работи], целото тело ќе ти биде светло. Но, ако окото ти е злобно, целото тело ќе ти биде темно“ (Матеј 6:22, 23). Со овие зборови, Исус сакал да ни покаже дека окото, односно она што го гледаме, може да влијае врз нашите мисли, чувства и постапки. Добрите мисли внесуваат светлина, ведрина во нашиот живот, а лошите мисли мрак и очај.

На пример, размисли за она што го кажал Исус во Матеј 5:28, 29: „Секој што гледа во жена со страст, веќе извршил прељуба со неа во своето срце. Според тоа, ако твоето десно око те наведува на грев, извади го [во симболична смисла]“. Што сакал да каже со ова? Ако почнеме со страст да гледаме во некого, оставаме простор во нас да се разгорат погрешни желби кои ќе нѐ доведат до степен да направиме неморал кога ќе ни се укаже прилика, а со тоа да ја изгубиме и Божјата милост (Јаков 1:14, 15).

Колку е подобро да покажуваме самосовладување, иако тоа може да биде исто толку тешко како да си го вадиме окото! Но, зарем вреди да го изгубиме вечниот живот поради неколку кратки моменти на телесно задоволство?

Исто така, она што го гледаме може во нас да развие алчност. Затоа, Библијата нѐ предупредува дека „желбата на очите... не потекнува од Таткото, туку потекнува од светот. А светот поминува и неговата желба, но оној што ја врши Божјата волја, останува засекогаш“ (1. Јованово 2:16, 17).

Дали Библијата премногу нѐ ограничува? Не! Кога ги заобиколуваме библиските мерила, самите си создаваме проблеми и си нанесуваме болка (Галатите 6:7, 8). Кога ги слушаме советите од Божјата Реч, вклучувајќи го и мудриот совет да пазиме што гледаме, ќе бидеме среќни. Исус рекол: „Среќни се оние што ја слушаат речта Божја и ја држат“ (Лука 11:28). Освен тоа, тие можат да се надеваат дека ќе живеат на Земјата засекогаш, а оние што имаат неморално или ненаситно око не се ниту среќни ниту, пак, ќе добијат вечен живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели