Нова програма за Денот на специјален собир
Окото е создадено на прекрасен начин (Пс. 139:14). Сепак, тоа може да се фокусира само на една работа во исто време. Тоа е така и буквално и фигуративно. За да одржуваме јасен духовен вид, мораме да го насочиме нашето внимание на извршување на Божјата волја. Поради тоа што Сатанскиот свет сака сѐ повеќе да ни го одвлече вниманието, многу е прикладно што програмата на Денот на специјален собир за 2006 службена година ќе го развие мотото „Задржи едноставно око!“ (Мат. 6:22).
Што можеме да направиме за да добиеме благослови од Јехова? (Посл. 10:22). Ова прашање ќе се разгледа во делот „Задржи едноставно око и ќе добиеш благослови“. Интервјуата ќе покажат каква корист можеме да имаме ако ги применуваме библиските начела. Првиот говор од гостувачкиот говорник, „Да задржиме едноставно око во овој злобен свет“, ќе нѐ предупреди за работите што можат да ни го комплицираат животот и постепено да ја задушат нашата духовност. Исто така ќе научиме што спаѓа во тоа да се избере „добриот дел“ (Лука 10:42).
Како можат родителите и другите да ги поттикнат младите христијани да се фокусираат на духовни цели? Во говорите со наслов „Родители кои добро ги упатуваат своите стрели“ и „Млади кои си поставуваат духовни цели“, ќе бидат вклучени изјави на родители и млади за ова важно прашање (Пс. 127:4). Заклучниот говор од гостувачкиот говорник ќе разгледа како можеме да држиме чекор со Јеховината организација како поединци, како семејства и како собрание.
Без разлика дали сме нови во вистината или му служиме на Јехова со години, важно е да ‚задржиме едноставно око‘. Програмата на Денот на специјален собир ќе ни помогне токму во тоа.