Нова програма за Денот на специјален собир
Ако видиме или слушнеме некој предупредувачки сигнал но не реагираме на него, резултатите можат да бидат катастрофални. Уште поважно е да реагираме на духовното водство што го обезбедува Јехова. Ова ќе биде нагласено во програмата на Денот на специјален собир во следната службена година. Темата е „Обрнете внимание на тоа како слушате“ (Лука 8:18).
Во првиот говор, гостувачкиот говорник ќе разгледа на кој начин се однесуваат на нас советите од воведните поглавја на инспирираното писмо што Павле им го напишал на Евреите. Во заклучниот говор „Постојано обрнувај внимание на божествената поука“, тој ќе им помогне на сите да се преиспитаат дали навистина го слушаат Јехова, неговиот Син и „верниот и разборит роб“ (Мат. 24:45).
Неколку делови од програмата ќе им бидат од посебна корист на семејствата. Предавањето „Семејства што ја слушаат Божјата реч без да им се одврати вниманието“ ќе ни помогне да не им дозволиме на работите во светот да ја задушат нашата духовност. Во него ќе бидат вклучени интервјуа со лица што направиле промени за да ги стават духовните работи на прво место. Предавањето „Како внимателното слушање на Божјата реч ги зајакнува нашите млади“ ќе вклучува интервјуа со младинци што зазеле свој став за вистината на училиште, пред нивните врсници или во службата. Предавањето „Малечки што го слушаат Бог и учат“ ќе ни помогне да не ги потценуваме способностите на малечките да учат. Интервјуата со млади и со нивните родители ќе ни помогнат да видиме каква корист има од тоа што ќе ги воспитуваме децата на Јеховините патишта уште од раното детство.
Додека Сатана „ја заведува целата населена земја“, Јехова им го покажува на своите слуги патот по кој треба да одат (Откр. 12:9; Иса. 30:21). Тоа што внимателно ги слушаме неговите совети и послушно ги применуваме во животот нѐ прави мудри, ни носи среќа и ќе нѐ води до вечен живот (Посл. 8:32—35).