ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be стр. 13-стр. 16 пас. 5
  • ,Обрни внимание на тоа како слушаш‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ,Обрни внимание на тоа како слушаш‘
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Подготви го срцето
  • Сосредоточи го своето внимание
  • Слушај ги говорите
  • Слушај во текот на дискусиите
  • Слушај на собирите и конгресите
  • Воспитувајте ги децата да слушаат
  • Биди добар слушател
    Нашата служба за Царството 2001
  • Како Јехова нѐ води
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • ,Слушај и прими повеќе поука‘
    Нашата служба за Царството 2001
  • Умешноста да се слуша со љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be стр. 13-стр. 16 пас. 5

,Обрни внимание на тоа како слушаш‘

СЛУШАЊЕТО е важен фактор во учењето. Тоа може да влијае и врз изгледите на еден човек за преживување. Кога се подготвувал да го избави својот народ од ропството во Египет, Јехова му дал упатства на Мојсеј, кој, пак, им кажал на постарите мажи во Израел што мораат да прават за да ги спасат своите првородени од ангелот на смртта (Изл. 12:21-23). Потоа, постарите мажи му ги пренеле овие информации на секое домаќинство. Тоа го направиле усно. Луѓето морале внимателно да слушаат. Како реагирале? Библијата известува: „Сите Израелци послушаа: како што Господ им нареди на Мојсеј и на Арон, така и направија“ (Изл. 12:28, 50, 51). Како резултат на тоа, Израел доживеал избавување што влева страхопочит.

Денес Јехова за нас подготвува едно уште поголемо избавување. Сигурно, поуката што ја обезбедува тој заслужува да ѝ посветиме сериозно внимание. Таа поука се дава на собраниските состаноци. Дали извлекуваш целосна корист од тие собири? Многу зависи од тоа како слушаш.

Дали ги помниш врвните точки од поуката што се дава на состаноците? Дали имаш навика, од седмица на седмица, да бараш начини да ја примениш во животот дадената поука или да ја споделиш со другите?

Подготви го срцето

За да извлечеме целосна корист од поуката што се обезбедува на христијанските состаноци, треба да го подготвиме срцето. Важноста на ова е истакната преку она што се случило во Јуда кога владеел цар Јосафат. Тој зазел смел став за вистинското обожавање. ,Ги отстранил високите места и ашерите од Јудеја‘ и им наложил на кнезовите, Левитите и свештениците да ги поучуваат за Јеховиниот закон луѓето во сите градови на Јуда. Сепак, ,не биле отстранети високите места‘ (2. Лет. 17:6-9; 20:33). Обожавањето на лажните богови и обликот на обожавање што Јехова не го одобрувал, кои се практикувале на паганските високи места, биле толку цврсто утврдени што не биле искоренети.

Зошто не извршила трајно влијание поуката што ја организирал Јосафат? Записот продолжува: „Народот уште не го имаше насочено [подготвено, NW] своето срце кон Бога на татковците“. Луѓето слушале, но не постапувале според тоа. Можеби сметале дека не им е баш згодно да патуваат до храмот во Ерусалим за да принесуваат жртви. Како и да е, нивните срца не биле поттикнати од вера.

За да избегнеме да отпловиме назад на патиштата на Сатановиот свет, мораме да ги подготвиме срцата да ја примат поуката што Јехова ја дава денес. Како? Еден важен начин е молитвата. Треба да се молиме божествената поука да ја примаме со благодарен дух (Псал. 27:4; 95:2). Ова ќе ни помогне да ги цениме напорите на нашите браќа кои, иако несовршени, се ставаат на располагање Јехова да ги користи во поучувањето на неговиот народ. Тоа ќе нѐ поттикне да му бидеме благодарни на Јехова не само за новите работи што ги учиме туку и за можноста да го продлабочуваме своето ценење за работите што веќе претходно сме ги научиле. Со желба во целост да ја вршиме Божјата волја, се молиме: „Научи ме на Својот пат, Господи . . . обедини го моето срце, да се бои од Твоето име!“ (Псал. 86:11).

Сосредоточи го своето внимание

Постојат многу препреки за внимателно слушање. Можеби нашите умови се пренатрупани со грижи. Вниманието може да ни го одвлечат вревата и движењето меѓу присутните или надвор од местото на состанокот. Физичката неудобност може да ни отежне да се сконцентрираме. На оние што имаат мали деца вниманието им е честопати поделено. Што може да ни помогне да го задржиме вниманието сосредоточено на програмата?

Очите силно влијаат врз тоа каде го сосредоточуваме вниманието. Користи ги како помош да се сконцентрираш, па затоа држи ги вперени во говорникот. Кога тој цитира некој библиски стих — па дури и познат — побарај го и следи додека тој чита. Спротивстави се на искушението да се вртиш во правецот на секоја врева или движење. Ако очите ти го преплавуваат умот со информации што го одвраќаат вниманието, ќе пропуштиш голем дел од она што се изнесува од подиумот.

Ако некои „вознемирувачки мисли“ ти отежнуваат да се сосредоточиш на програмата, моли го Јехова за спокојство на умот и срцето, што е потребно за да обрнеш внимание (Псал. 94:19, NW; Фил. 4:6, 7). Направи го тоа повеќепати, ако е потребно (Мат. 7:7, 8). Собраниските состаноци се подготовка од Јехова. Биди сигурен дека тој сака да извлечеш корист од нив (1. Јов. 5:14, 15).

Слушај ги говорите

Веројатно можеш да се присетиш на некои омилени мисли што ги имаш слушнато во некои говори. Меѓутоа, да се слуша еден говор вклучува повеќе отколку само да се присоберат некои извонредни мисли. Говорот е како едно патување. Иако можеби по патот има за гледање интересни работи, главна е дестинацијата, целта. Можеби говорникот се обидува да ги води присутните до извесен заклучок или да ги поттикне на некаква акција.

Размисли за говорот што го одржал Исус Навин пред нацијата Израел, а е запишан во Исус Навин 24:1-15. Целта му била да ги поттикне луѓето да заземат бескомпромисен став за вистинското обожавање на тој начин што целосно ќе се одвојат од идолопоклонството на околните нации. Зошто било тоа толку важно? Раширеноста на лажното обожавање станала сериозна закана за добрата положба на нацијата пред Јехова. На молбата на Исус Навин, луѓето одговориле со зборовите: „Далеку нека е од нас да го оставиме Господа а да им служиме на други богови . . . ние ќе Му служиме на Господа [Јехова, NW]“. Тоа и го сториле! (Ис. Нав. 24:16, 18, 31).

Додека слушаш некој говор, обиди се да сфатиш која е неговата цел. Размисли како точките што ги изнесува говорникот придонесуваат за да се постигне таа цел. Запрашај се на што те повикуваат информациите.

Слушај во текот на дискусиите

Студијата на Стражарска кула, Собраниската студија на книга и точките од Состанокот за служба се водат како дискусии во вид на прашања и одговори за издаден материјал темелен на Библијата.

Слушањето во текот на една дискусија на некој начин е како учество во разговор. За да извлечеш целосна корист, слушај внимателно. Набљудувај во кој правец тече дискусијата. Забележи како водителот ги нагласува темата и главните точки. Во мислите одговарај на неговите прашања. Слушај додека другите ги објаснуваат материјалот и неговата примена. Гледањето на информациите од аспект на другите може да ти даде свеж увид во некоја позната тема. Придонеси за меѓусебната размена на гледишта така, што ќе ги дадеш и своите изрази на вера (Рим. 1:12).

Ако однапред го проучиш доделениот материјал, ќе добиеш помош да се задлабочиш во дискусијата и да ги следиш коментарите на другите. Ако околностите ти отежнуваат темелно да го проучиш материјалот, одвој барем неколку минути пред состанокот за да добиеш преглед на информациите. Тоа ќе ти овозможи да извлечеш поголема корист од дискусијата.

Слушај на собирите и конгресите

На собирите и конгресите веројатно ќе има повеќе работи што ќе го одвлекуваат вниманието отколку на собраниските состаноци. Поради тоа, слушањето може да биде уште поголем предизвик. Што може да ни помогне?

Важен фактор е навечер доволно да се одмориш. Пред да започне програмата секој ден, цврсто врежи ја во мислите темата. Погледни го насловот на секој говор и обиди се да предвидиш за што ќе се зборува. Добро користи ја Библијата. Правењето кратки белешки за главните точки им помага на многу луѓе да го држат умот сосредоточен на програмата. Прибележи ги поуките што планираш да ги примениш во својот живот и во службата. Дискутирај за некои точки додека патуваш до и од местото на собирот секој ден. Ова ќе ти помогне да ги запомниш информациите.

Воспитувајте ги децата да слушаат

Христијанските родители можат да им помогнат на своите деца — па дури и на бебињата — да станат ,мудри за спасение‘ така, што ќе ги носат на собраниските состаноци, на собирите и на конгресите (2. Тим. 3:15). Со оглед на тоа што децата се разликуваат во расположението и во времетраењето на нивното внимание, потребна е проникливост за да им се помогне да научат внимателно да слушаат. Можеби ќе ви бидат од корист следниве предлози.

Дома, планирајте периоди кога вашите мали деца треба да седат мирно и да читаат или да ги гледаат сликите од нашите христијански публикации. На состаноците, избегнувајте да носите играчки за да ги занимавате. Како што било случај во древниот Израел така и денес децата се присутни „за да чујат [и за да учат, NW]“ (Втор. 31:12). Таму каде што е практично, некои родители им обезбедуваат дури и на најмалите деца личен примерок од публикациите што се разгледуваат. Како што децата растат, помогнете им да се подготвуваат за да имаат удел во оние точки од програмата во кои се бара учество на присутните.

Писмото открива една тесна врска меѓу тоа да се слуша Јехова и да му се биде послушен. Ова може да се види од зборовите што Мојсеј ѝ ги упатил на нацијата Израел: „Пред вас ставам: живот и смрт, благослов и проклетство. И така, избери го животот . . . љубејќи Го Господа, својот Бог [слушајќи го неговиот глас и приврзувајќи се кон него, NW]“ (Втор. 30:19, 20). Денес е неопходно да ја слушаме поуката што ја дава Јехова и послушно да ја применуваме во нашиот живот за да го стекнеме Божјето одобрување и благословот вечен живот. Значи, колку само е животоважно да пазиме на Исусовата опомена: „Обрнете внимание на тоа како слушате“! (Лука 8:18).

ПРЕДЛОЗИ ЗА ДЕЛОТВОРНО СЛУШАЊЕ

  • Моли се за помош да го сосредоточиш своето внимание на програмата

  • Држи го погледот вперен во говорникот

  • Кога се цитираат стихови, барај ги во својата Библија и следи ги

  • Барај ја целта на говорот

  • Во мислите одговарај на поставените прашања; внимателно слушај ги коментарите што се даваат

  • Прави кратки белешки

  • Издвој ги точките што планираш лично да ги примениш

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели