Ќе останеме ли без вода?
„Без вода нема живот.“ Така гласи една узбекистанска изрека за која некои стручњаци би рекле дека е повеќе пророштво што се исполнува во нашево време отколку народна поговорка. Секоја година, околу два милиони лица, од кои 90 отсто се деца, умираат поради лоши санитарни услови и загадена вода.
НА КОЈ НАЧИН ти лично доаѓаш до вода? Дали едноставно ја пушташ чешмата и од неа бликнува силен млаз или, како што е случај во некои земји, мораш да одиш далеку, таму да чекаш ред, а потоа да наполниш една тешка кофа со оваа скапоцена течност и повторно да се вратиш назад? Дали одвојуваш по неколку часови дневно само за да донесеш вода за перење и готвење? Има земји каде што водата е толку ретка и толку недостапна! Во својата книга Војни за вода — суша, поплава, безумство и жедта како политичко прашање (Water Wars—Drought, Flood, Folly, and the Politics of Thirst), Дајен Рејнс Вард спомнува дека 40 отсто од светското население „црпи вода од бунари, реки, езерца или вирчиња подалеку од својот дом“. Во некои земји, жените мораат да трошат и по шест часови на ден за да донесат вода за своите семејства во садови кои полни можат да тежат повеќе од 20 килограми!
Повеќе од третина од светското население е лишено од чиста вода и основни услови за хигиена. Ваквиот проблем е најприсутен во Африка, каде што 60 отсто од населението нема соодветни санитарни услови — фактор што, според извештајот на Светската здравствена организација, унапредува „ширење на бактерии, вируси и паразити што ги има во изметот и урината на луѓето, кои... ги загадуваат водните извори, почвата и храната“. Истиот извештај забележува дека ваквото загадување е „главен виновник за ширење на дијарејата, втората најголема причина за смртност кај децата во земјите во развој, која води до појава на други сериозни болести, како што се колерата, шистосомијазата и трахомата“.
Некои ја нарекуваат водата „течно злато“ и „нафта на 21 век“. Сепак, има држави кои толку безмилосно ја трошат оваа скапоцена течност што нивните најголеми реки едвај успеваат да се влеат во морињата. Жедните системи за наводнување и испарувањето довеле до намалување на речното корито на големите реки како што се Колорадо во западниот дел на САД, Јангцекјанг во Кина, Инд во Пакистан, Ганг во Индија и Нил во Египет. Какви мерки се преземаат за да се смени ваквата ситуација? Кое е вистинското решение?
[Рамка/слика на страница 3]
ВОДНИТЕ РЕСУРСИ СЕ ВО ОПАСНОСТ
◼ Во 1960 год., Аралското Море во Централна Азија беше четврто најголемо езеро во светот. До 2007 год., остана само 10 отсто од неговата првобитна големина (Scientific American).
◼ Петте Големи Езера во САД и Канада — Ири, Хјурон, Мичиген, Онтарио и Горното Езеро — се намалуваат „со вртоглаво темпо“ (The Globe and Mail).
◼ Едно време, мелницата во Дениликвин, во Австралија, ги задоволуваше потребите од жито на 20 милиони луѓе. Но, од декември 2007 год., оваа мелница повеќе не работи бидејќи производството на ориз опадна за 98 отсто. Која е причината? „Шесте долги сушни години“ (The New York Times).
[Слика]
Брод на сувото дно од Аралското Море
[Извор на слика]
© Marcus Rose/Insight/Panos Pictures
[Рамка/карти на страница 4]
„ГИ СУШИ РЕКИТЕ И ПОТОЦИТЕ“
„Езерото Чад во Африка, кое порано беше лесно препознатливо за астронаутите што ја обиколуваа Земјата, сега едвај можат да го најдат. Ова езеро, кое се наоѓа помеѓу [Камерун,] Нигер, Нигерија и Чад... е за 95 отсто помало отколку во 1960-тите години. Преоптоварениот систем за наводнување во таа област ги суши реките и потоците кои го напојуваат езерото. Од таа причина, наскоро езерото Чад може потполно да го снема, а неговата локација да биде мистерија за идните генерации“ (Втор план Б — спас за една планета и цивилизација на кои им се заканува опасност, од Лестер Р. Браун, на англиски јазик).
[Карти]
(Види во публикацијата)
■ вода
☒ вегетација
□ копно
1963 год.
НИГЕР
ЧАД
Езеро Чад
НИГЕРИЈА
КАМЕРУН
2007 год.
НИГЕР
ЧАД
Езеро Чад
НИГЕРИЈА
КАМЕРУН
NASA/U.S. Geological Survey