ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/5 стр. 8-9
  • „Нека ракоплескаат реките“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Нека ракоплескаат реките“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата за глобалната криза за вода?
    Разно
  • Биди благодарен за дождот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Приказна за две реки
    Разбудете се! 2000
  • Ќе останеме ли без вода?
    Разбудете се! 2009
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/5 стр. 8-9

Раскошот на Јеховиното творештво

„Нека ракоплескаат реките“

АКО ја погледнеш картата на светот, на повеќето места низ копното ќе видиш испреплетени линии. Овие змијулести линии поминуваат низ рамнини, пустини и пасишта. Се извиваат низ долини, клисури и шуми (Хабакук 3:9). Тоа се реките, животните артерии на нашата планета. Овие реки сведочат за мудроста и моќта на Творецот на земјата, Јехова. Додека ги набљудуваме, ги делиме чувствата на псалмистот кој пеел: „Нека ракоплескаат реките, нека се радуваат ридовите, заедно со нив! (Псалм 98:8).a

Реките се тесно поврзани со човечката историја. Библијата зборува за четири главни реки што се издвојувале од реката која извирала од Еден (Битие 2:10—14). Една од најраните цивилизации се родила во плодните долини на реките Тигар и Еуфрат на Блискиот Исток. И реките Хоангхо во Кина, Ганг и Инд во јужна Азија и Нил во Египет создале можност да се родат големи цивилизации покрај нив.

Тогаш, не е ни чудо што човекот отсекогаш стоел со страхопочит пред моќта, богатството и убавината на реките. Течението на Нил е долго околу 6.670 километри. Одликата најголема река во светот ѝ припаѓа на реката Амазон во Јужна Америка. Додека едни реки се величествени, други се многу убави, како многу помалата но брза река Тоне во Јапонија.

Што ја тера една река да тече? Со еден збор, гравитацијата. Гравитацијата е таа што ја влече водата од повисоките кон пониските предели. Понекогаш резултат од тоа се громогласни водопади. Опишувајќи го тој приказ на сила и величие, Библијата вели: „Господи, реките ги издигнаа, реките ги издигнаа своите гласови; реките ги издигнаа своите бранови“ (Псалм 93:3).

„Кој ги испраќа дождовните порои?“, го прашал Јехова побожниот човек Јов (Јов 38:25; Contemporary English Version). Да, од каде доаѓа сета таа вода? Одговорот вклучува еден сложен систем наречен кружен тек на водата. Водата од Земјата е во постојана состојба на кружење што ја движат силата на сонцето и гравитацијата. Кога ќе испари, водата се издига во атмосферата. Постепено се лади и се кондензира образувајќи облаци. Со текот на времето, оваа пареа се враќа на земјата како снег или дожд. Поголемиот дел од водата е собран во океаните, езерата, реките, глечерите, поларната снежна обвивка и под земјата.

Во врска со овој извонреден тек, Библијата вели: „Сите реки течат во морето, и морето не се преполнува; од каде што течат реките, таму се враќаат за да го почнат повторно својот тек“ (Проповедник 1:7). Само Јехова, Богот на бескрајна мудрост и љубезна грижа, може да направи да почне да функционира еден таков тек. А што ни кажува таквата генијално смислена појава за тоа каква личност е Бог? Тој е Бог со голема мудрост и љубезна грижа (Псалм 104:13—15, 24, 25; Пословици 3:19, 20).

И покрај нивната големина и број, реките содржат многу малку од слатката вода во светот. Сепак, тие се многу важни за животот. „Без пристап до и без одреден степен на контрола над водата, човечкиот живот, како наједноставниот така и најсложениот, би бил невозможен“, вели книгата Water (Вода). „Записот за тоа како човекот реагирал на тој факт претставува голем дел од историјата на цивилизацијата.“

Илјадници години, реките ја гаснат жедта на човекот и обезбедуваат вода за неговите градини. Плодната почва покрај многу реки е идеална за одгледување земјоделски производи. Забележи како оваа мисла е изразена во еден благослов за Јеховините слуги: „Колку ти се прекрасни шаторите, Јакове, и твоите живеалишта Израеле! Како долини што се тегнат, како градини покрај речниот брег; како мирисливи дрва посадени од Господа, како кедри покрај водите“ (Броеви 24:5, 6). Реките, исто така, помагаат да се одржи животот на разни животни како патките и чакалите што ги гледаш овде. Всушност, колку повеќе ги проучуваме реките, толку повеќе сме поттикнати да му благодариме на Јехова.

[Фуснота]

a Види Календар на Јеховините сведоци за 2004, мај/јуни.

[Рамка/слика на страница 8]

Водопадите Игуасу, кои се наоѓаат на границата помеѓу Аргентина и Бразил, се вбројуваат меѓу најшироките водопади во светот. Се протегаат повеќе од 3 километри, од едната до другата страна. Сместени во една недопрена тропска шума, составени се од речиси 300 помали водопади. Во текот на сезоната на дождовите, речиси 10.000 кубни метри вода паѓаат надолу секоја секунда.

[Слика на страница 9]

Реката Тоне (Јапонија)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели