ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/10 стр. 18-21
  • Приказна за две реки

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Приказна за две реки
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каде што започнале древните цивилизации
  • Две реки и две религии
  • Што е со реките денес?
  • „Нека ракоплескаат реките“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Хиндуизам — потрага по ослободување
    Потрагата на човештвото по Бог
  • До каде на исток отишле мисионерите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Зошто да се биде заинтересиран за другите религии?
    Потрагата на човештвото по Бог
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/10 стр. 18-21

Приказна за две реки

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИНДИЈА

Двете реки кои се главни хранителки на Индискиот потконтинент обезбедуваат храна за стотици милиони луѓе. Извирајќи не многу оддалечени една од друга, во глечерските региони на највисоките планински венци во светот, секоја од нив достоинствено тече повеќе од 2.400 километри, главно низ две земји. Се влеваат во две различни мориња. Двете биле колевки на некоја древна цивилизација. Двете го доживеале раѓањето на некоја главна религија. Човекот ја цени и едната и другата заради нивните дарови, а едната од нив се обожава дури и денес. Нивните имиња? Инд и Ганг, а овде во Индија втората е позната како Ганга.

БИДЕЈЌИ на човештвото му треба вода за да преживее и да напредува, првите цивилизации се развивале околу реки. Понекогаш реките биле сметани за олицетворение на богови и божици, па затоа раните извештаи можат да бидат обвиткани со митови. Ова сигурно е случај со историјата на Инд и на Ганг, која во Индија е позната и како Ганга Ма (мајката Ганг).

И за хиндусите и за будистите, 6.714 метри високата планина Каилаш и блиското езеро Мапам Јумко, кое во Тибет е познато и како Манасаровар, се живеалишта на боговите. Долго време се верувало дека од езерото потекуваат четири големи реки кои излегуваат од устите на животни. Реката на лавот била Инд, а реката на паунот била Ганг.

Тибетанците не сакале да им доаѓаат странски истражувачи. Меѓутоа, во 1811, еден англиски ветеринарен хирург кој работел за Источноиндиската компанија патувал низ оваа земја преоблекувајќи се во различни облеки. Тој известил дека ниедна река не потекува од Манасаровар, иако некои планински потоци се влеваат во него. Дури во почетокот на 20 век е пронајден изворот на Инд и на Ганг. Инд извира од Тибет, северно од Хималаите, а Ганг почнува да тече од една ледена пештера која се наоѓа на хималајските падини во северна Индија.

Каде што започнале древните цивилизации

Се верува дека првите жители на Индискиот потконтинент допатувале на исток, во долината на Инд. На ова место археолозите пронашле урнатини од една високоразвиена цивилизација на локалитети како што се Харапа и Мохенџо Даро. Во првите децении на 20 век, овие откритија го променија мислењето дека првите жители на Индија биле примитивни номадски племиња. Пред повеќе од 4.000 години, цивилизацијата на Инд била еднаква, ако не и уште понапредна од месопотамската цивилизација. Доказите за правилно распоредени улици, повеќекатни куќи и станбени блокови, одлична канализација и септички јами, огромни амбари, храмови и бањи за ритуално чистење укажуваат на една напредна урбана цивилизација. Исто така, има показатели за трговски врски со Месопотамија и Средниот Исток, бидејќи Инд обезбедувал пат до Арабиското Море кој се протегал стотици километри во внатрешноста.

Изгледа дека низ вековите, природните катастрофи — можеби земјотреси или големи речни поплави — ја ослабнале урбаната цивилизација во долината на Инд. Заради ова бил даден помал отпор на навлегувањето на бранот од номадски племиња кои доаѓале од Централна Азија, кои обично се нарекуваат Аријци. Тие ги истерале од околината на реката повеќето жители на градовите, така што древната култура која се развила покрај Инд, сега се префрлила во јужна Индија, каде што денес постои дравидската раса како една од главните индиски етнички групи.

Одејќи на исток низ Индија, некои ариски племиња почнале да се населуваат во низината на Ганг. Така, во арискиот дел на овој потконтинент се развила неговата уникатна северноиндиска култура, која првенствено е поврзана со реката Ганг, каде што главно се задржала до денес.

Две реки и две религии

Археолошките откритија укажуваат на сличности помеѓу религијата што се практикува во долината на Инд и онаа во Месопотамија. Во урнатините на градовите на Инд се пронајдени некои реликвии од хиндуизмот, за кој долго време се мислело дека бил религијата на Аријците. Со спојувањето на предариските и ариските богови и религиозни верувања, се родил хиндуизмот. Во почетокот, за Аријците света река била Инд, но кога отишле на исток и се населиле покрај Ганг, своето обожавање го пренеле на таа река. Со изминувањето на вековите, на бреговите на Ганг се развиле градовите како што се Хардвар, Алахабад и Бенарес. Тие биле сосредоточени на хиндуизмот. Денес, милиони аџии се собираат во овие центри за да влезат во водите на Ганг, кои се смета дека лекуваат и прочистуваат.

Додека хиндуизмот започнал на бреговите на Инд, будизмот има корени во близината на Ганг. Во Сарнат, во близината на Бенарес, својата прва проповед ја одржал Сидарта Гаутама, наречен Буда. Се вели дека ја препливал реката Ганг кога имал 79 години.

Што е со реките денес?

Водата во реките е во покритична состојба денес отколку пред 4.000 години, кога луѓето биле привлечени кон бреговите на Инд и Ганг за да се прехранат. За да го прехранат бројното население на Индија, Пакистан и Бангладеш, реките мора внимателно да се контролираат. (Видете ја мапата на страници 20 и 21.) Беа потребни меѓународни договори бидејќи овие реки течат низ повеќе земји. Меѓу другото, Пакистан ја изгради браната Тарабела, долга 3 километри и висока 143 метри за да може да се врши наводнување. Таа е една од најголемите брани во светот и исполнета е со 148.500.000 кубни метри земја. Браната Фарака, изградена на Ганг, обезбедува соодветен и стабилен дотек на вода во реката заради сѐ поголемиот број бродови кои пристигнуваат во близина на пристаништето Калкута.

Како што е случај со многу реки, загадувањето е еден од најголемите проблеми на Ганг. Затоа, во 1984 индиската влада го воведе амбициозниот Акционен план за Ганг. Се поведе грижа отпадните води да се претворат во ѓубриво или биогас, да се свртат одводните цевки кои се празнат во реката и да се изградат фабрики за преработка на хемиските отпадоци.

Очигледно е дека проблемот да им се врати првобитната убавина и чистота на реките што течат низ Земјината топка го надминува она што можат да го направат човечките потфати. Но, наскоро Бог ќе ја поправи ваквата ситуација. Кога ќе владее неговото Царство, ‚реките ќе ракоплескаат‘ додека целата земја се претвора во рај (Псалми 98:8).

[Рамка/карта на страници 20 и 21]

Моќната Инд

Бидејќи има толку многу реки кои се соединуваат за да ја формираат Инд, имаше дебата во врска со местоположбата на вистинскиот извор на оваа река. Но, сосема е сигурно дека оваа голема река извира високо на Хималаите. Течејќи кон северозапад и здружувајќи се со другите реки на кои наидува на својот пат, оваа река тече 320 километри низ високата висорамнина Тибет, „покривот на светот“. Додека реката се приближува до границите на Индија во регионот Ладак, си го пробива патот низ планините губејќи се во подножјето на карпите и правејќи еден канал помеѓу венците на Хималаите и на Каракорум. Сега се наоѓа на територијата на Индија, каде што се спушта за околу 3.700 метри во должина од 560 километри. Додека се спушта вака нагло, таа тече кон север и потоа остро свртува околу западниот раб на Хималаите, каде што се соединува со Гилгит, една голема река која дотекува од Хиндукуш. Потоа овие води течат на југ, низ Пакистан. Пробивајќи си го патот меѓу планините, жестоко извивајќи се и правејќи завои, Инд на крајот доаѓа до рамнините и тече низ Пенџаб. Ова име значи „Пет Реки“, бидејќи пет големи притоки — Биас, Сатлеџ, Рави, Џелам и Чинаб — дотекуваат како испружени прсти на една џиновска рака за да се слеат во Инд и да течат со неа до крајот на нејзиното величествено патување кое е долго повеќе од 2.900 километри.

Обожаваната Ганг

Околу 100 километри јужно од изворот на Инд кој се наоѓа на Хималаите, Ганг го започнува своето патување до Бенгалскиот Залив, долго повеќе од 2.500 километри. На надморска височина од 3.870 метри, водите на изворот бликнуваат од една ледена испакнатина што личи на кравја муцка, која на јазикот хинду е наречена Гаумук, формирајќи ја реката Багирати. Околу 214 километри од местото каде што извира, кај Девпрејаг, ѝ се придружува една друга река, Алакнанда. Овие две реки, заедно со Мандакини, Даулиганга и Пиндар стануваат Ганг.

Додека тече кон југоисток преку потконтинентот, на Ганг ѝ се придружуваат и други големи реки како што се Џамна и Алахабад во Индија и моќната Брамапутра во Бангладеш. Раширени како некоја лепеза, Ганг и нејзините притоки наводнуваат една четвртина од вкупната површина на Индија — плодната долина на Ганг. Во овој речен систем се влеваат водите на подрачје со површина од 1.035.000 квадратни километри и тоа прехранува околу една третина од вкупното население на Индија, кое сега изнесува повеќе од една милијарда, во една од најгусто населените области на светот. Во Бангладеш станува многу широка, како некое копнено море, со развиен речен сообраќај. Потоа Ганг се дели на неколку големи реки и бројни рекички и ја формира најголемата делта во светот.

[Карта]

(Види во публикацијата)

Тибет

ПАКИСТАН

Инд

Џелам

Чинаб

Сатлеџ

Харапа

Мохенџо Даро

ИНДИЈА

Ганг

Џамна

Брамапутра

Алахабад

Бенарес

Патна

БАНГЛАДЕШ

НЕПАЛ

БУТАН

Калкута

[Извор на слика]

Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.

[Слики]

Хиндуси се капат во Ганг

[Извор на слика]

Copyright Sean Sprague/Panos Pictures

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели