ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/09 стр. 21-23
  • Соларите од Сахара

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Соларите од Сахара
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Вештачки ридови и шарени езерца
  • Необичен процес на вадење сол
  • Солта како платежно средство
  • „Добиена од најдобрите родители“
    Разбудете се! 2006
  • Солта — скапоцен производ
    Разбудете се! 2002
  • Морска сол — производ на сонцето, морето и ветрот
    Разбудете се! 2003
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 1/09 стр. 21-23

Соларите од Сахара

ДОДЕКА гледавме низ прозорецот на нашето теренско возило, пред очите ни прелетуваа столбови, кои за време на песочните бури служат како ознака за патот. Ваквите бури се вообичаена појава во пустината Сахара.

По патот по кој јуревме, уште од памтивек, врвеле карвани со камили, а води од градот Агадез, во централниот дел на Нигер, до границата со Алжир и продолжува и погоре. Нашето одредиште е малото село Тегуида-н-Тесум, кое се наоѓа 200 километри северозападно од Агадез и е доста зафрлено место. Овде живеат 50 семејства кои со генерации наназад се занимаваат со вадење на скапоцената сол од глината на Сахара.

Вештачки ридови и шарени езерца

Местото го препознавме по малите ритчиња во пустинската рамнина. Нашиот водич го паркира возилото во близина на едно ритче од 10-ина метри и нѐ повика да излеземе за да се искачиме на врвот од каде што се гледа целото село. Додека полека се искачувавме по нагорнината, тој ни објасни дека сите ритчиња во оваа област се направени со човечка рака и дека настанале со долгогодишно трупање земја од која била извадена солта.

Глетката од врвот беше прекрасна. Речиси сѐ што можеше да се види во селото долу имаше боја на печена глина — земјата, ѕидовите, покривите... со исклучок на зелените ливчиња на двете дрвја што личеа на стражари поставени на влезот и излезот од населбата. Оградите и куќите беа направени од глина. Еднобојните градби беа во сушта спротивност со пастелните бои на стотиците солени езерца во близина. Целото место вриеше како во кошница — каде и да се свртиш, гледаш разработени мажи, жени и деца.

Необичен процес на вадење сол

Додека се спуштавме од врвот, водичот ни го објаснуваше древниот процес на вадење сол што го користат селаните. „Овде има само два вида езерца“, вели тој. „Поголеми, со пречник од околу 2 метра, од кои се црпи солена вода, и помали, во кои таа испарува. Самата вода од 20-те извори во оваа област е доста солена. Меѓутоа, главен извор на сол не е водата, туку земјата, и токму тоа ја прави оваа солана необична.“ Но, како точно се вади солта од земјата?

Еден човек фрла земја во едно од поголемите езерца наполнети со вода од изворите. Тој ја гмечи оваа солена смеса со нозете како грозје во винско гмечало. Откако добро ќе ја измеша, ја остава неколку часа за да се наталожи. Околу него има и други големи езерца полни со истата каллива смеса. Секое од нив има различна кафеава нијанса која постепено се менува додека калта се таложи.

Друг човек со лејка црпи солена вода од едно поголемо езерце во близина и ја претура во помалите езерца. Овој дел од процесот обично го вршат мажите, кои се задолжени и за одржување на езерцата. Некои од нив се природни вдлабнатини во земјата, а други се ископани во карпа. Таму каде што не е можно да се копа, мажите прават базенче од глина врз самата карпа. Ѕидот на базенчето го прават рачно, а потоа го удираат со стапови додека не се стврдне. Ваквите базенчиња мораат да се поправаат или повторно да се градат секоја година.

Кои се должностите на жените? Тие го пренесуваат тешкиот товар грижејќи се да има доволно солена земја. Исто така, ги отстрануваат солените кристали од помалите езерца. На крајот, темелно ги чистат езерцата подготвувајќи ги за следната тура.

Во меѓувреме, децата трчкаат меѓу помалите езерца. Нивна задача е да го надгледуваат сушењето на солта. Додека водата испарува од езерцата, на површината се формираат кристали. Ако ваквиот процес продолжи, оваа кора од сол би го спречила натамошното испарување. Од таа причина, децата ја попрскуваат површината со вода, па така кората се топи, а кристалите се таложат на дното од езерцето. Испарувањето продолжува, и на крајот останува само скапоцената сол.

На што се должат прекрасните бои на езерцата? Нашиот водич ни објасни: „Во оваа област има главно три типа глина, т.е. кал. Секоја од нив ѝ дава на водата посебна боја. Друг фактор е степенот на соленост на растворот. Освен тоа, во некои езерца растат алги кои исто така ‚ја бојат‘ водата“. Можевме да забележиме и дека езерцата добиваат различна нијанса во зависност од тоа под кој агол паѓа светлината од безмилосното сонце.

Солта како платежно средство

Во самото село, жените ја оформуваат непреработената влажна сол во пити кои потоа ги сушат на припекот. Бидејќи не ја пречистуваат, солта останува кафеава. Забележавме дека жените прават пити во три форми — овална, кружна и триаголна. Една од нив ни објасни дека овалните и кружните пити сол се продаваат, а триаголните се подаруваат.

Кој ја купува солта? Номадите и трговците со сол кои поминуваат низ Тегуида-н-Тесум разменуваат храна и друга стока за сол. Поголемиот дел од солта ќе се продаде на пазарите во градовите на работ од пустината. Непреработената сол од ова село најверојатно нема да ја користат луѓе, туку ќе служи како додаток во исхраната на домашните животни.

На пат кон нашето возило, забележавме како еден човек го копа глинениот талог од едно од поголемите езерца кое беше празно. Го одвлечка својот товар до депонијата и додаде уште едно купче на ритчињата направени со човечка рака. Напуштајќи го селото, размислуваме за немото сведоштво што тие го даваат за претходните поколенија солари кои живееле, работеле и умреле во Тегуида-н-Тесум. (Приложено.)

[Истакната мисла на страница 22]

„Главен извор на сол не е водата, туку земјата, и токму тоа ја прави оваа солана необична“

[Карта на страница 21]

(Види во публикацијата)

САХАРА

НИГЕР

Агадез

Тегуида-н-Тесум

[Извор на слика]

На темел на слики од NASA/Visible Earth imagery

[Слика на страница 23]

Вадење на скапоцената сол од глината на Сахара

[Извор на слика]

© Victor Englebert

[Слика на страница 23]

Разнобојните мали езерца

[Извор на слика]

© Ioseba Egibar/age fotostock

[Слика на страница 23]

Питите сол се сушат на припекот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели