ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/09 стр. 3
  • Жива планета

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Жива планета
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Жива планета
    Дали животот е Божје дело?
  • Доказ од една уникатна планета
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Дали човекот ќе ја уништи Земјата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 2/09 стр. 3

Жива планета

НАШАТА планета е дом на повеќе милиони видови живи организми. Поголемиот дел од нив живеат во почвата, воздухот и водата, но не може да се видат со голо око. На пример, утврдено е дека само еден грам почва може да содржи помеѓу 10.000 видови бактерии, а да не го спомнуваме вкупниот број микроби! Некои микроорганизми се пронајдени и до 3 километри под земјата.

И атмосферата врие од живот. Кога го велиме ова, не мислиме само на птиците, лилјаците и инсектите. Во зависност од годишното време, во воздухот може да се најде полен и други спори, семиња и — на некои места — илјадници видови микроби. „Може да се каже дека разновидноста на микроби во воздухот може да се рамни со онаа во почвата“, пишува во Scientific American.

Океаните, пак, главно остануваат неистражена област бидејќи на научниците честопати им е потребна скапа технологија за да ги проучуваат. Дури и лесно пристапните корални гребени, кои се добро истражени, најверојатно кријат уште неколку милиони непознати живи суштества.

Како и да е, со сигурност можеме да кажеме дека живиот свет на Земјата изобилува и дека тој, всушност, го менува хемискиот состав на оваа планета, а особено на нејзината биосфера, односно на делот населен со живи организми. На пример, калциум карбонатот во школките и коралите помага да се одржува хемиска рамнотежа во водата „слично како што едно алкално соединение дејствува во желудникот“, стои во еден извештај на Државната управа за океански и атмосферски истражувања на САД. Растенијата и фитопланктоните — едноклеточни алги кои живеат на површината на езерата и океаните — го регулираат нивото на јаглерод диоксид и кислород во воздухот и во водата. Бактериите и габите во почвата ги разложуваат нејзините соединенија на состојки со кои се хранат растенијата. Со оглед на сето ова, Земјата со право е наречена жива планета.

Меѓутоа, на неа немаше да постои жив свет да не беа прецизно усогласени неколку различни фактори за кои не се знаеше многу сѐ до 20 век. Во нив спаѓаат:

1. Местоположбата на Земјата во галаксијата Млечен Пат и во Сончевиот систем, како и нејзината орбита, наклонот на оската, брзината на ротирање и Месечината.

2. Магнетното поле и атмосферата, кои служат како двоен штит.

3. Изобилството вода.

4. Природните циклуси кои ја обновуваат и ја пречистуваат биосферата.

Додека ги разгледуваш овие точки во следните неколку статии, прашај се: ‚Дали Земјата ги добила овие карактеристики по игра на случајот или се дело на мудар Творец? Ако постои Творец, со каква намера ја создал Земјата?‘ Одговорот на овие прашања се наоѓа на крајот од оваа серија статии.

[Рамка на страница 3]

„ВО НАУКАТА НЕМА МЕСТО ЗА БОГ“

И покрај доказите дека сѐ во природата изгледа премногу осмислено за да настане случајно, многу научници не веруваат во Творец. Не е точно дека науката, на некој начин, ги принудува атеистите „да го прифатат материјализмот како објаснување“ за постоењето на светот, вели еволуционистот Ричард Ч. Левонтин. Напротив, причина за ваквиот став е нивната ‚решеност да дадат материјалистичко објаснување на сѐ‘ и да состават сценарио со кое би ја оправдале оваа теорија. Застапувајќи го ставот на повеќето научници, тој додава: „Материјализмот е единственото прифатливо објаснување бидејќи во науката нема место за Бог“.

Дали мислиш дека ваквиот догматизам е разумен, особено ако доказите упатуваат на постоење на Творец? (Римјаните 1:20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели