ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/09 стр. 21-23
  • Дислексијата не ми беше пречка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дислексијата не ми беше пречка
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како научив англиски
  • Тамилски како трет јазик!
  • Од тамилски на латвиски
  • И пречка и предност
  • Да се надминат фрустрациите од дислексија
    Разбудете се! 1996
  • Содржина
    Разбудете се! 2009
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2010
  • Содржина
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 2/09 стр. 21-23

Дислексијата не ми беше пречка

Раскажал Микал Хенбоу

Имам тешкотии во учењето, поточно дислексија. Ова нарушување, од кое страдаат и татко ми, мајка ми и моите три помали браќа, ми отежнуваше да читам. На училиште ми беше многу мачно. Меѓутоа, добивав голема помош и охрабрување, особено од семејството.

ЈАС и моите браќа сме четврта генерација Јеховини сведоци во фамилијата, и читањето — особено читањето на Библијата и библиските публикации — отсекогаш заземало значајно место во нашиот живот. Освен тоа, јас и мојот помал брат Флеминг редовно учествувавме во христијанската служба со нашиот татко. Тоа ни помогна да сфатиме колку е важно добро да читаме и да пишуваме.

Како дете, го читав секој број од Стражарска кула и Разбудете се!, но ми требаше по 15 часа за да прочитам само едно списание! Исто така, си поставив за цел да ја прочитам целата Библија, а се запишав и во Теократската школа за служба, која се одржува во собранијата на Јеховините сведоци низ целиот свет. Оваа Школа им помага на учениците добро да читаат, да зборуваат и да одржуваат говори пред публика. Сето ова ми беше од голема помош во мојата борба со дислексијата. Меѓутоа, не ми паѓаше ни на крај памет уште колку предизвици допрва ме чекаат. Дозволете ми да ви раскажам сѐ по ред.

Како научив англиски

Во 1988 год., кога имав 24 години, почнав да служам како пионер, што значи дека поголемиот дел од времето го користев за да ја проповедам добрата вест. Бидејќи во Данска има многу доселеници, сакав и тие да дознаат за библиските вистини. Но, за да го правам тоа делотворно, морав да научам англиски, што за мене беше тежок потфат. Сепак, истрајноста и приватните часови ми помогнаа постепено да напредувам. Со текот на времето, на странците кои зборуваа англиски, кои ги среќавав во мојот роден град Копенхаген, можев да им сведочам за добрата вест за Божјето Царство. Се разбира, правев многу јазични грешки, но не дозволив тоа да ме спречи.

Бидејќи знаев англиски, можев да служам во различни земји како доброволец на градежните проекти на Јеховините сведоци. Најпрвин бев испратен во Грција, а подоцна помагав при изградбата на подружницата во Шпанија.

Бидејќи сакав да имам поголем удел во проповедањето, поднесов молба за Школата за организациско оспособување, која ја организираат Јеховините сведоци. На оваа Школа, која трае два месеца, добиваат посебна обука неженети христијани кои се спремни да прифатат задачи во места со поголема потреба од проповедници на добрата вест (Марко 13:10). Јас ја посетував оваа Школа во Шведска, во класата на англиски јазик.

Бидејќи сакав да бидам добро подготвен, пред да почне наставата на 1 септември 1994 год., осум месеци учев англиски по четири часа дневно и одев во англиско собрание. А кога започна, не дозволив моето нарушување да ми биде пречка. На пример, кога инструкторите ќе ни поставеа прашања, честопати кревав рака, иако не бев сосема сигурен дали ќе ги употребам вистинските зборови. По завршувањето на Школата, бев доделен да служам како пионер во Копенхаген. Веќе ми беше доволно тешко да учам англиски, но тоа не беше ништо во споредба со следниот предизвик.

Тамилски како трет јазик!

Во декември 1995 год., бев доделен во едно тамилско собрание во Хернинг (Данска). Имав чувство дека тамилскиот јазик е еден од најтешките јазици во светот — има 31 буква, но, заедно со комбинациите од согласки и самогласки, има вкупно 250 симболи!

На почетокот, говорите ги држев на дански, а толкувач ги преведуваше на тамилски. По извесно време, успеав да го одржам мојот прв говор на тамилски, но не верувам дека некој ме разбра. Сепак, присутните слушаа со почит, иако на многумина им беше смешно како зборувам. За да го совладам јазикот побрзо, решив да отидам на Шри Ланка — земја во која тамилскиот го зборуваат милиони луѓе.

Во октомври 1996 год., кога пристигнав на Шри Ланка, земјата беше зафатена од граѓанска војна. Извесно време живеев во градот Вавунија, на границата помеѓу двете завојувани страни. Сведоците од тоа место беа сиромашни, но покажаа голема љубов и гостопримство и се трудеа да ми помогнат да научам тамилски. Луѓето што не беа Сведоци ги одушевуваше тоа што јас, единствениот западњак во таа област, се обидував да комуницирам со нив на нивниот јазик. Ми беше многу лесно да им зборувам за Библијата бидејќи покажуваа ценење и беа понизни.

Во јануари 1997 год., морав да се вратам во Данска. Следната година се оженив за Камила, која служеше како пионер. Имав голема желба повторно да се вратам на Шри Ланка. Тоа и го сторив во декември 1999 год. — се разбира, овојпат со жена ми. За кратко време почнавме да ја проучуваме Библијата со голем број семејства и поединци, а одевме и со други Сведоци кај лицата со кои проучуваа тие. Бевме многу задлабочени, не само во службата туку и во јазикот.

Во март 2000 год., моравме да се вратиме во Данска. Ни беше многу тешко да ги напуштиме лицата со кои ја проучувавме Библијата бидејќи многу ги засакавме. Но, нѐ чекаше уште работа — меѓу другото, требаше да научиме и нов јазик.

Од тамилски на латвиски

Во мај 2002 год., јас и Камила, со која дотогаш бев во брак веќе четири години, бевме поканети да служиме како мисионери во Латвија, која се наоѓа источно од Данска. Камила брзо го совлада латвискиот, и за само шест седмици можеше да го зборува! Но, мене не ми одеше толку добро. Всушност, до ден-денес сѐ уште мислам дека бавно напредувам, и покрај помошта што ја добивам. Сепак, решен сум да не се откажам.a

Камила и понатаму ми дава голема поддршка, а и двајцата уживаме во мисионерската служба. Имавме можност да ја проучуваме Библијата со многу лица. Кога ќе заборавам некој збор или ќе направам некоја граматичка грешка, Сведоците и интересентите стрпливо се обидуваат да ме разберат и ме исправаат. Тоа ми помага да проповедам и да држам говори на христијанските состаноци со поголема самодоверба.

Иако учењето странски јазици не ми е најјаката страна, на овој чекор ме поттикна љубовта — не љубовта кон јазиците, туку љубовта кон луѓето. Голема чест е да му се помогне некому да го запознае вистинскиот Бог Јехова и да се зближи со него. А како што потврдува искуството на многу мисионери, оваа цел многу полесно се постигнува ако со другите комуницираме на нивниот мајчин јазик, кој најмногу им допира до срцето.

Низ годините, јас и жена ми можевме да им помогнеме на голем број луѓе добро да ја запознаат библиската вистина. Меѓутоа, заслугата за тоа не би можеле да си ја припишеме себеси. Благодарни сме што Јехова ни помогна да постигнеме добри резултати. Ние само го садиме и го залеваме семето на библиската вистина, а Бог е тој што дава тоа да расте (1. Коринќаните 3:6).

И пречка и предност

Иако дислексијата ми беше пречка, таа се покажа и како предност. На кој начин? Кога држам говори во собранието, не сум склон да се потпрам на белешките, па затоа имам подобар визуелен контакт со слушателите. Исто така, честопати користам споредби бидејќи се помнат релативно лесно. Според тоа, моето нарушување на некој начин ми помогна да станам подобар учител.

Апостол Павле напишал: „Она што светот го смета за слабо, Бог го избра за да го посрами она што е јако“ (1. Коринќаните 1:27). Моето нарушување во извесна смисла ме направи ‚слаб‘. Но и јас, како и многу други луѓе, сфатив дека Јехова го надоместува она што ни недостасува. Сѐ што треба да сториме ние е да си поставуваме достижни цели, да имаме скромни очекувања, да се молиме за Божјиот свет дух и да се трудиме.

[Фуснота]

a Неодамна, откако поминаа шест години во Латвија, Хенборгови добија задача да служат во Гана.

[Рамка на страница 22]

КОЛКУ СЕ ЗНАЕ ЗА ДИСЛЕКСИЈАТА

Што е дислексија? Зборот „дислексија“ доаѓа од грчкиот јазик и значи „лош говор“. Оваа доживотна состојба опфаќа неколку јазични нарушувања, од кои најчест е проблемот со читањето. На дислексичарите им е тешко да ги поврзат буквите со звуците што тие ги претставуваат. Меѓутоа, симптомите можат да се разликуваат од човек до човек.

Што ја предизвикува? Не е утврдено зошто точно се јавува, иако се знае дека наследноста е еден фактор. Испитувањата откриваат дека мозокот функционира и се развива неправилно. Меѓутоа, дислексијата не е резултат на низок степен на интелигенција или на недостиг на желба за учење. Всушност, дислексичарите честопати се многу талентирани во области за кои не се потребни јазични вештини.

Како се лекува? Многу е важно ова нарушување да се открие доволно рано. Јазичните вештини се усвојуваат побрзо ако се вклучени повеќе сетила, особено сетилата за слух, вид и допир. На многу ученици им е потребна лична помош за да напредуваат во склад со својот потенцијал. Помош може да им треба и за да се справат со емоционалните проблеми на училиште. Ако добијат поддршка и ако се трудат, учениците со дислексија можат да научат добро да читаат и да пишуваат.b

[Фуснота]

b Материјалот погоре се темели на информации од Меѓународното здружение за дислексија. Види ја и статијата „Деца што имаат тешкотии во учењето“ во Разбудете се! од јануари 2009.

[Слика на страница 23]

Со еден соверник на Шри Ланка

[Слика на страница 23]

Со Камила во Латвија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели