ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/10 стр. 30
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Дислексијата не ми беше пречка
    Разбудете се! 2009
  • Содржина
    Разбудете се! 2009
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2010
  • Да се надминат фрустрациите од дислексија
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 3/10 стр. 30

Писма од читателите

Криза за вода — какви мерки се преземаат? (јануари 2009) Не ми се допаѓа заклучокот на оваа статија. Наместо да ги поттикнете вашите читатели да им помагаат на другите копајќи бунари, да ги поддржуваат програмите за собирање вода или да побараат дополнителни информации на оваа тема, во неа се вели: „Вистинското решение за кризата за вода го има Бог, а не луѓето“, и дека тој ќе „,направи сѐ ново‘“ (Откровение 21:5). Иако ова е охрабрувачка вест, зарем не би било подобро да преземеме нешто во меѓувреме? Светот е полн со проблеми. Иако знаеме дека Бог има решение, не можеме со мирна совест да седиме со скрстени раце додека Ѓаволот прави што сака.

С. С., САД

„Разбудете се!“ одговара: Целта на гореспоменатата статија не беше да се истакне дека луѓето не треба да се трудат да ја подобрат ситуацијата уште денес. Во неа стои: „Бог им ја дал на луѓето одговорноста да се грижат за оваа планета“. Затоа, во нашите списанија имаме издадено многу статии кои ги поттикнуваат читателите да преземат иницијатива да ги сочуваат природните богатства на Земјата и да се грижат за околината. Но, за жал, ваквите напори ги осуетуваат регулативи кои ставаат поголем акцент на економскиот развој отколку на решавањето на еколошките проблеми, како и наследната алчност и себичност на несовршените луѓе. Во таа смисла, „вистинското решение за кризата за вода го има Бог“.

Земјата — создадена за живот (февруари 2009) Медиумите само сеат страв кога пишуваат за глобалното загревање, но овие статии ми даваат вистински душевен мир. Многу бев охрабрена и од фактот дека Земјата не ја чека мрачна иднина, туку дека ќе стане физички и духовен рај во кој луѓето ќе живеат во мир. Многу ви благодарам.

М. Х., Јапонија

Дислексијата не ми беше пречка (февруари 2009) Страдам од дислексија и, за жал, не бев свесен колкав проблем е тоа додека не почнав да учам странски јазик откако заедно со жена ми бевме испратени да служиме како мисионери. Оваа статија многу ме охрабри — посебно рамката на 22. страница, која ми помогна подобро да го разберам ова нарушување. Бев охрабрен кога прочитав дека Микал Хенбоу успеал да научи неколку јазици. Многу ви благодарам.

М. М., Танзанија

Младите прашуваат... Како да уживам во читањето на Библијата? (април 2009) Бидејќи имам проблеми со видот, на училиште и дома пишувам и читам на Брајово писмо. Длабоко ги ценам вашите публикации кои ми помагаат да надминам многу свои проблеми. Обично ги слушам вашите касети и CD-а пред да си легнам. Така заспивам со позитивни мисли. Оваа статија ја слушав најмалку пет пати и добив неколку идеи за моето лично проучување.

С. Х., Франција

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели