ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/09 стр. 12-15
  • Бог ја благослови мојата верност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог ја благослови мојата верност
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Тешкотии во полновремената служба
  • Драматични промени
  • Зголемување на семејството во Нигерија
  • Успешни и без високо образование
  • Повторно во Бенин
  • Тие се ставиле на располагање — во западна Африка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Задоволството од добриот однос со Бог — моја поткрепа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Решен сум да не дозволам да ми „ослабат рацете“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Бев расипнички син
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 3/09 стр. 12-15

Бог ја благослови мојата верност

Раскажал Пјер Вору

„Бонжур!“ Овој француски поздрав го користам цел живот, но, во ноември 1975 год., бев уапсен поради него. Да ви раскажам како дојде до тоа и што се случи подоцна.

РОДЕН сум на 1 јануари 1944 год. во Малете, предградие на Саве во централниот дел на Бенин.a Ми го дадоа името Абиола, типично име на јазикот јоруба. Додека бев уште мал, го сменив во Пјер — име за кое мислев дека е помодерно и попопуларно.

Во градовите, сите млади имаа некаков прекар. Мене ме викаа Пастор бидејќи, кога сум се родил, сум личел на локалниот свештеник, но мене повеќе ме интересираше фудбалот, отколку часовите по веронаука.

За да продолжам со школувањето, во 1959 год. се преселив во Сакете, град на јужниот дел од државата. Живеев кај братучед ми Симон, учител кој тогаш штотуку почна да ја проучува Библијата со двајца Јеховини сведоци. Отпрвин не ме интересираше што проучуваат, но подоцна замолив еден друг братучед, Мишел, да дојде со мене за да ги слушаме. Тој се согласи, и тогаш за првпат го чув Божјето име, Јехова.

Една недела, јас, Симон и Мишел решивме, наместо во црква, да отидеме на состанокот на Сведоците. Се разочаравме кога видовме дека сме само петмина — двајцата Сведоци и ние тројца. Но, сфативме дека сме ја нашле библиската вистина, и продолживме да проучуваме. Мишел беше првиот што се крсти, со што покажа дека му ветил на Бог дека ќе му служи. Денес тој служи како пионер, т.е. полновремен проповедник.

Кога Симон се пресели на север во Кокоро, јас заминав со него. Во Хвансуго се планираше собир на Сведоците. Симон отиде со такси, но јас морав да преминам 220 километри со велосипед. Таму се крстивме и двајцата на 15 септември 1961 год.

Тешкотии во полновремената служба

За да се издржувам, цртав и продавав слики, и обработував една многу плодна нива. Додека беше во посета на нашето собрание, Филип Зану, кој во тоа време служеше како патувачки надгледник, ме праша дали некогаш сум размислувал да служам полновремено како пионер. Откако разговаравме за тоа, јас и мојот пријател Емануел Фатунби рековме дека и двајцата би можеле да почнеме со оваа служба од февруари 1966 год. Подоцна служев како патувачки надгледник и ги посетував собранијата во кои се зборуваше фон, ган, јоруба и француски јазик.

По некое време ја запознав Жулиен — прекрасна млада христијанка која сакаше едноставен живот, исто како мене. На 12 август 1971 год. се зедовме, и заедно со неа продолжив да ги посетувам собранијата. Нашиот син Бола се роди на 18 август 1972 год. Патувавме од едно до друго собрание со велосипед — јас возев, а зад мене седеше Жулиен, носејќи го Бола на грб. Обично, некој од Сведоците ни го пренесуваше багажот на својот велосипед. Вака живеевме четири години.

Еден ден, Жулиен се разболе и цела ноќ ѝ беше многу тешко. Следното утро излегов на патот за да побарам помош. Одненадеж, се појави едно такси, што е редок случај во тоа место. Што е уште почудно, таксито беше празно! Му објаснив на таксистот во каква ситуација сме и го прашав дали ќе може да нѐ префрли до главниот град Порто Ново, на оддалеченост од околу 25 километри. Тој се согласи. Откако стигнавме, се насмевна и ни рече: „На мој трошок. Не треба ништо да платите“.

Моравме две недели да останеме кај еден Сведок, бидејќи Жулиен требаше да остане в кревет. Лекарот беше многу љубезен и секој ден ја посетуваше и ѝ даваше лекови. Кога ја прегледа за последен пат, колебливо го прашав колку му должам. Бев изненаден кога ми рече дека не треба ништо.

Драматични промени

Во 1975 год., Дахомеј прифати марксистичка управа. Државата доби име Народна Република Бенин, а се смени и секојдневниот живот. Беше воведен задолжителниот поздрав „Пур ла револисјон?“ (Спремен ли си за револуција?) Требаше да се отпоздравува со „Пре!“ (Спремен сум!) Луѓето беа непријателски настроени кон нас бидејќи нашата совест обликувана според Библијата не ни дозволуваше да повторуваме такви политички слогани.

Една недела, при крајот на 1975 год., бев уапсен додека проповедав од куќа до куќа во близина на Сен Мишел. Поздравот „Бонжур!“ што го спомнав на почетокот го кажав како одговор на прашањето „Пур ла револисјон?“ Ме одведоа во полициската станица, каде што ме тепаа. Но, нешто подоцна истиот ден, тројца Сведоци од тоа место ми помогнаа да бидам пуштен на слобода.

Бев првиот уапсен Јеховин сведок. За кратко време беа уапсени и други Сведоци од различни места низ целата земја. Владата ги конфискуваше Салите на Царството, а мисионерите беа истерани. Подружницата беше затворена, и многу Сведоци беа принудени да ја напуштат земјата и да пребегаат на запад, во Того, или на исток, во Нигерија.

Зголемување на семејството во Нигерија

Нашиот втор син, Кола, се роди на 25 април 1976 год. Два дена подоцна, со владината одлука бр. 111 беше забранета активноста на Јеховините сведоци. Тргнавме кон Нигерија и стигнавме до една Сала на Царството која беше преполна со бегалци. Наредниот ден бевме распоредени во соседните собранија. Веднаш штом ќе се испразнеше Салата, доаѓаше друга група бегалци, кои потоа беа префрлени со камиони до други собранија.

Подружницата на Јеховините сведоци во Нигерија ме замоли да ги посетам сите Сведоци од Бенин. Бев именуван како покраински надгледник за една група собранија во Нигерија кои зборуваа на јазикот јоруба, а подоцна и за оние кои зборуваа на ган. Патувавме со мотоцикл. Бола седеше пред мене, а Кола меѓу мене и Жулиен.

Во 1979 год., дознавме дека треба да добиеме уште едно дете (нашата ќерка Џемајма), поради што моравме да го напуштиме патувачкото дело. Помладата сестра на Жулиен, која си ја викавме Пепе, дојде од Бенин за да живее со нас. Нашето семејство продолжи да расте. Ни се родија уште два сина — Калеб во 1983 и Силас во 1987 год., со што станавме осумчлено семејство. Иако имавме цел да бидеме добри родители, јас и Жулиен сакавме да останеме во полновремената служба, ако е тоа можно. Зедовме под наем една нива на која одгледувавме маниока, пченка и компир таро. Потоа изградивме скромна куќа во селото Илогбо-Ереми.

Јас и Жулиен проповедавме наутро, откако ќе ги испратевме децата на училиште. Секогаш се враќавме дома навреме за да јадеме сите заедно, а по попладневната дремка, работевме на нивата. Жулиен и Пепе ги продаваа производите на пазар. Сите работевме многу напорно. За среќа, во тоа време ретко се разболувавме.

Успешни и без високо образование

Никогаш не ги поттикнувавме децата да завршат факултет. Знаевме дека успешни се оние што го ставаат Царството на прво место, развиваат христијански особини и се трудољубиви. Се обидувавме овие идеали да ги всадиме во нашите деца. Тоа што проучував со нив им помогна да го засакаат Јехова, да му го ветат својот живот и да се крстат како доказ за своето ветување дека ќе му служат. Бевме неизмерно среќни поради тоа!

Пепе, која беше постара од децата, прва го напушти нашиот дом. Претходно, уште кога дојде да живее со нас, ја научив да чита. Иако не беше многу образована, проучувањето на Библијата и другите активности поврзани со обожавањето на Бог многу ѝ значеа. Откако извесно време служеше како пионер, се омажи за Мандеј Акинра, кој служеше како покраински надгледник, и го придружуваше додека ги посетуваше собранијата. Сега имаат син по име Тимоти. И двајцата продолжија со полновремената служба, а Мандеј има многу должности околу собирите на Сведоците.

Бола стана помошник-готвач во една голема фирма. За кратко време, еден од директорите ги забележал неговите добри работни навики, доверливоста и другите убави христијански особини. Со текот на времето, Бола доби унапредување. Што е уште поважно, добро се грижи за својата љубезна сопруга Џејн, за своите три деца и за одговорноста како старешина во едно собрание на Јеховините сведоци во Лагос (Нигерија).

Кола учеше за кројач, и истовремено служеше како пионер. Бидејќи научи англиски додека живеевме во Нигерија, во 1995 год. беше поканет да служи во преведувачкото одделение во подружницата на Јеховините сведоци во Бенин, каде што служи веќе 13 години.

Повторно во Бенин

Со радост ја примивме веста дека, на 23 јануари 1990 год., владата на Бенин ја укинала забраната на нашето дело. Многу бегалци се вратија назад. Во Бенин дојдоа и нови мисионери, а подружницата беше повторно отворена. Во 1994 год., се вративме и ние, со исклучок на Пепе, Бола и нивните семејства, кои останаа во Нигерија.

Јас можев да најдам работа со скратено работно време. Со скромната кирија што ја добивавме за куќата во Нигерија и великодушната помош на Бола, направивме куќа за нашето петчлено семејство недалеку од подружницата. Џемајма служеше како пионер повеќе од шест години, а за да се издржува, работеше како шивачка. Потоа се омажи за Коку Ахумену, со кого сега служат во подружницата. Калеб и Силас привршуваат со школувањето. Благодарение на помошта од Бог и спремноста на сите од семејството да соработуваат, јас и Жулиен сме во полновремена служба повеќе од 40 години.

Бог богато го благослови проповедничкото дело во Бенин. Кога се крстив во 1961 год., во оваа земја пораката за Царството ја проповедаа 871 Јеховин сведок. Кога бев уапсен, овој број се искачи на 2.381. Кога се вративме во Бенин во 1994 год., по 14-годишна забрана, имаше вкупно 3.858 Сведоци. Денес има двојно повеќе (над 9.000), а во 2008 год., на Спомен-свеченоста со која се одбележа Христовата смрт, беа присутни 35.752 лица.

Понекогаш одам на местото каде што бев уапсен пред повеќе од 30 години да размислувам за сѐ што се случи. Му благодарам на Бог што го благослови моето семејство. Ништо не ни недостасуваше. И сѐ уште ги поздравувам сите со „Бонжур!“

[Фуснота]

a Во тоа време Бенин беше познат како Дахомеј и беше дел од Француска Западна Африка.

[Истакната мисла на страница 13]

Се насмевна и ни рече: „На мој трошок. Не треба ништо да платите“

[Истакната мисла на страница 14]

Никогаш не ги поттикнувавме децата да завршат факултет

[Слика на страница 15]

Како патувачки надгледник (1970)

[Слика на страница 15]

Со првите два сина, Бола и Кола (1976)

[Слика на страница 15]

Денес, со моето семејство — жена ми, петте деца, снаа ми, трите внуци и семејството на Пепе

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели