Случајно или создадено?
Водоотпорниот лотосов лист
◼ Пластични чаши што сами се чистат, прозорци што остануваат суви кога врне, микроскопски машини на кои не им треба херметичка заштита... Научниците велат дека ова се само неколку можни придобивки од разоткривањето на тајните на лотосовиот лист.
Размисли: На површината на лотосовиот лист има микроскопски испапчувања прекриени со восочни кристали кои ги задржуваат водните капки и го прават листот водоотпорен. Бидејќи листот е навален, капките се тркалаат без воопшто да ја допрат површината на листот под овие испапчувања. Со каков ефект? На овој начин листот останува не само сув, туку и чист бидејќи капките ги измиваат нечистотиите и честичките прашина.
Научниците сакаат да изработат материјали што ќе бидат водоотпорни како лотосовите листови. Ова би помогнало да се подобрат дури и микроскопските машини кои водата може да ги оштети. Во списанието Science Daily стои: „Ваквите сознанија можат да најдат примена на безброј подрачја“.
Што мислиш? Дали лотосовиот лист настанал случајно или е дело на мудар Творец?