ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/2 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Плодна маслинка во Божјиот дом
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Големиот потоп
    Мојата книга со библиски приказни
  • Врвни точки од книгата Битие — I
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/2 стр. 31

Прашања од читателите

По Потопот Ное пуштил од арката еден гулаб што се вратил со „маслинен лист“. Каде го нашол гулабот тој лист?

Библијата ни кажува дека ,водите поплавувале сѐ посилно и растеле над земјата, така што ги покриле сите највисоки планини под небото‘ (Битие 7:19). Како што се повлекувале водите, Ное во три прилики — во интервали од по една седмица — пуштал еден гулаб надвор од арката. Вториот пат гулабот се вратил и ,во клунот имал маслинен лист; така Ное научил дека водите спаднале на земјата‘ (Битие 8:8—11).

Се разбира, сега нема ниеден начин на кој би можеле да знаеме колку долго некој дел од земјата бил поплавен, зашто Потопот сигурно ја променил топографијата на земјата. Сепак, водата веројатно ги покривала повеќето региони доволно долго за многу дрвја да изумрат. Но, изгледа некои опстанале и можеле да пуштат нови фиданки кога се повлекла водата.

Во врска со маслиновото дрво, The New Bible Dictionary вели: „Ако се исече, од коренот никнуваат нови фиданки, па така можат да пораснат и до пет нови стебла. Обично на овој начин ’ртат и маслиновите дрвја што се во изумирање [речиси мртви]“. Изгледа „како неговата животна сила да е неуништлива“, вели The New Schaff-Herzog Encyclopedia of Religious Knowledge. Денес никој не ги знае деталите за потопните води, како што се салинитетот и температурата. Затоа, не можеме да бидеме сигурни за нивниот можен ефект врз маслиновите дрвја и врз другата вегетација.

Меѓутоа, дрвото на дивата маслинка не може да опстане на ниски температури, каква што е температурата на повисоките планини. Тоа обично расте во подрачја под 1.000 метри надморска височина, каде што просечната температура е над 10 Целзиусови степени. „Според тоа“, вели книгата The Flood Reconsidered (Потопот повторно разгледуван), „од свежо скинатиот лист Ное можел да заклучи дека водата почнала да се повлекува од пониските долини.“ Кога Ное го пуштил една седмица подоцна, гулабот не се вратил, што покажувало дека има повеќе вегетација и места каде што гулабот можел да се одмори (Битие 8:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели