ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/09 стр. 25
  • Оклопот на мекотелите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Оклопот на мекотелите
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Черупката на еден полжав
    Разбудете се! 2011
  • Обликот на школките
    Разбудете се! 2017
  • Черупката на еден светкав полжав
    Разбудете се! 2012
  • Содржина
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 8/09 стр. 25

Случајно или создадено?

Оклопот на мекотелите

◼ Морските школки изгледаат многу кревко, но обично тешко се кршат. „Морав да ги удирам со чекан за да откршам едно парче“, вели инженерот Кенет Векјо, присетувајќи се на своето детство. Посебна одлика на оклопот на мекотелите е нивната цврстина.a

Размисли: Внатрешниот слој на оклопот на мекотелите, односно седефот, има микроскопски лушпи распоредени на растојание од само неколку нанометри (милијардити делови од метарот). „Сложената градба на седефот во толку мали димензии е неверојатна и изгледа дека е клучен фактор за цврстината на материјалот“, вели Кристин Ортис, вонреден професор во Одделот за испитување и иновација на материјали при Технолошкиот институт во Масачусетс (САД).

Чарлс Петит, кој пишува на научни теми, вели дека седефот, гледан под микроскоп, е нешто „неверојатно уредно“. Тој објаснува: „Микроскопскиот напречен пресек изгледа како ѕидарија од рамни шестоаголни кристали на калциум карбонат, кои се педантно наредени еден врз друг. Нив ги поврзува еластична гумена материја богата со протеини која ја лачи школката“.

Научниците сметаат дека тајните на оклопот на мекотелите ќе најдат широка примена — за изработка на поцврсти заштитни системи, каросерии, авионски крила итн. „Природата се служи со нанометарски архитектонски принципи за да произведе материјали со извонредни механички својства“, вели професор Ортис. „Во многу аспекти, инженерите сѐ уште ја немаат стекнато истата вештина.“

Што мислиш? Дали оклопот на мекотелите, кој е неверојатно цврст, настанал случајно или е дело на мудар Творец?

[Фуснота]

a Мекотели се класа безрбетни животни со меко тело. Во морски мекотели спаѓаат школките, октоподите и сипите.

[Слика на страница 25]

Напречен пресек на внатрешниот слој од една школка во крупен план

[Извор на слика]

Мала фотографија: © Eye of Science/Photo Researchers, Inc

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели