Случајно или создадено?
Черупката на еден светкав полжав
● Многу морски суштества се биолуминисцентни, т.е. можат да произведуваат светлина. Полжавот Hinea brasiliana ја користи оваа способност на посебен начин. Кога ќе се најде во опасност од некој рак грабливец, се повлекува во черупката и почнува да „свети“, испуштајќи силни одблесоци со што го плаши ракот. Но, како светлината продира низ черупката?
Размисли: Наместо да ја попречува светлината, черупката на овој полжав ја распрснува. Димитри Дехејн и Нерида Вилсон, научници од Институтот за океанографија во Сан Диего (САД), откриле дека светлината што ја произведува овој полжав рамномерно се шири по целата черупка и дека черупката ја шири светлината десет пати поефикасно од комерцијалните дифузери со иста дебелина (0,5 милиметри). Освен тоа, способноста на черупката да ја емитува оваа светлина е осум пати поефикасна од дифузерите направени од човек. Интересно, сродните морски полжави кои не се биолуминисцентни немаат ваква неверојатна способност да шират или да емитуваат светлина. Не е случајност тоа што оваа светлина ја има бојата што патува најдалеку низ морската вода.
Д-р Дехејн вели дека сознанијата во врска со полжавот Hinea brasiliana „би можеле да послужат при изработката на градежни материјали со подобри оптички својства“. Придобивка од ова истражување може да има и биофотониката, научна гранка која ја користи светлината во медицински испитувања и третмани. Во оваа ера на лед диоди, дифузерите што би можеле поефикасно да ги засилат помалите извори на светлина несомнено ќе придонесат да се штеди енергија.
Што мислиш? Дали черупката на полжавот Hinea brasiliana настанала по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?
[Слика на страница 18]
Зголемена слика на черупка при нормална светлина
[Слика на страница 18]
Зголемена слика на черупка што зрачи дифузна светлина
[Извори на слики на страница 18]
Лево: www.robastra.com; во средина и десно: Со љубезна дозвола на Dr. D. Deheyn, Scripps Institution of Oceanography, UC San Diego