ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/11 стр. 23
  • Черупката на еден полжав

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Черупката на еден полжав
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2011
  • Черупката на еден светкав полжав
    Разбудете се! 2012
  • Оклопот на мекотелите
    Разбудете се! 2009
  • Содржина
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 6/11 стр. 23

Случајно или создадено?

Черупката на еден полжав

● Полжавот со крлушесто стапало (Crysomallon squamiferum) има една од најцврстите черупки што досега се најдени во природата. Овој полжав, кој живее на дното на Индискиот Океан, може да го издржи притисокот на водата на длабочина од околу 2.400 метри. Освен тоа, на овој мал мекотел не му пречи ниту високата киселост на водата, ниту промените во температурата, ниту врелата вода што блика од подводните термални извори. Черупката го штити полжавот и од грабливци.

Размисли: Черупката на полжавот со крлушесто стапало има три слоја. Првиот слој се состои од железо сулфиди, вториот е сличен на протеинската обвивка што ја има и кај другите полжави и третиот е изграден од калциумов минерал познат како арагонит. Ваквата трослојна заштита го прави непробоен за морските ракови кои се обидуваат да му ја скршат черупката со своите силни клешти. Иако ракот понекогаш со денови се обидува да ја скрши черупката, таа не попушта.

Користејќи мерач за тврдост со дијамантски врв, научниците открија дека „надворешниот слој на черупката е така направен што, кога напукнува, ја амортизира силата“, стои во списанието Discover. „Пукнатините се шират само по површинскиот слој од железо сулфиди. Овие ‚микропукнатини‘ не само што ја амортизираат силата, туку и спречуваат да дојде до поголеми пукнатини. Освен тоа, средниот слој ја апсорбира механичката енергија од нападот“.

Научниците се надеваат дека по моделот на черупката на полжавот со крлушесто стапало ќе направат поиздржливи шлемови, панцири, бродови и авиони. „Ова откритие може да биде корисно и за нафтоводите на Арктикот во кои постојано удираат санти мраз“, стои во Discover.

Што мислиш? Дали черупката на полжавот со крлушесто стапало настанала случајно или е дело на мудар Творец?

[Графикон на страница 23]

(Види во публикацијата)

Мерач за тврдост

Надворешен слој

Среден слој

Внатрешен слој

[Извор на слика на страница 23]

Со љубезна дозвола на Anders Warén

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели