ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/09 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Човекови права за домородците
  • Амазон некогаш бил урбанизиран
  • Невиност на распродажба
  • Растенијата го забрзуваат заздравувањето
  • Видик од 29-тиот спрат
    Разбудете се! 1999
  • „Завршена е една голема работа“
    Разбудете се! 1999
  • Права без одговорности?
    Разбудете се! 1999
  • Човековите права и неправа денес
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 9/09 стр. 30

Поглед во светот

◼ „Деведесет отсто од сите елементарни непогоди се резултат на климатските промени. Во последниве две децении, бројот на евидентирани катастрофи двојно се зголеми — од 200 на повеќе од 400 случаи годишно“ (ЏОН ХОЛМС, ГЕНЕРАЛЕН ПОТСЕКРЕТАР НА ОН ЗА ХУМАНИТАРНИ ПРАШАЊА И КООРДИНАТОР ЗА ВОНРЕДНИ СОСТОЈБИ)

Човекови права за домородците

Декларацијата на Обединетите нации за правата на домородците, која беше усвоена во 2007 год., сега е преведена и на јазиците маја и нахуатл — двата најзастапени староседелски јазици во Мексико. „Најмалку 10 милиони лица [во Мексико] не си ги знаат своите права“, пишува весникот El Universal. „Затоа, тие најчесто не се свесни кога некој ги искористува.“ Се вели дека овие преводи ќе овозможат да бидат почитувани нивните основни човекови права.

Амазон некогаш бил урбанизиран

Големи области од јужна Амазонија, за кои се мислеше дека се недопрени шуми, можеби некогаш биле урбанизирани, односно населени со заедници чиишто населби биле „опкружени со огромни ѕидини“. До овој заклучок дошле антрополозите што работат во Мато Гросо (Бразил). Овде тие откриле „меѓусебно поврзани обѕидани градови и помали села“ кои некогаш заземале вкупна површина од околу 30.000 квадратни километри, а денес се обраснати со тропска шума. Некои градови се простирале на површина од околу 60 хектари. Во извештајот на Универзитетот во Флорида, чии антрополози дошле до ова откритие, се вели дека населбите „датираат од периодот меѓу 1250 и 1650 год., кога европските колонизатори и болестите што тие ги донеле најверојатно покосиле поголем дел од населението“.

Невиност на распродажба

Како што известува списанието Newsweek Polska, социолозите се шокирани од фактот дека некои млади Полјаци си ја продаваат својата невиност. „Младите се бомбардирани од сите страни со една едноставна порака — дека сѐ се купува за пари“, вели психологот Јацек Куженпа од Универзитетот во Зјелона Гура. Сѐ повеќе млади ја нудат својата невиност на аукција преку Интернет. Меѓутоа, овие млади плаќаат висока цена за тоа. „Ваквата одлука остава траги врз целиот нивни живот и влијае врз односите со идниот партнер“, вели д-р Куженпа.

Растенијата го забрзуваат заздравувањето

Долго време се сметаше дека контактот со природата може да го намали стресот, да предизвика позитивни чувства и да ги ублажи маките на болниот. Неодамна, ова беше потврдено преку едно истражување. „По операцијата, пациентите по случаен избор беа сместени во соби со и без растенија“, вели списанието Science Daily. Пациентите кои лежеле во соби со растенија имале помалку болки, примале многу помалку средства за смирување болки, имале многу подобар крвен притисок и срцева активност и биле многу позадоволни од своите соби отколку оние што немале растенија во собата. Околу 93 отсто од лицата изложени на растенија рекле дека билките биле „најпозитивниот аспект од нивните соби“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели