ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/09 стр. 22
  • Колку е важно да се покажува љубов

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Колку е важно да се покажува љубов
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Како да покажуваш љубов во бракот
    Совети за семејствата
  • „Имајте нежна наклоност еден кон друг“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Пронаоѓање на клучот за братска наклоност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Изразувај наклоност во семејниот круг
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 12/09 стр. 22

Колку е важно да се покажува љубов

„ГУШКАЈТЕ ГИ постојано!“ ѝ рекол еден професор по детска психијатрија на една мајка која штотуку родила близначиња. Бидејќи тоа ѝ биле први деца, мајката побарала од него совет како најдобро да ги воспитува. „Трудете се на разни начини да им покажете дека ги сакате“, додал професорот. „Гушкајте ги, бакнувајте ги, милувајте ги и покажете им дека ги разбирате, дека придонесуваат за вашата среќа, бидете дарежливи, простувајте им и, секогаш кога е потребно, исправајте ги. Никогаш да не си мислиме дека децата знаат дека ги сакаме.“

Слична изјава дала и Тифани Филд, директорка на Институтот за истражување на допирот при Универзитетот во Мајами (Флорида, САД). Таа вели: „Допирот е неопходен за правилниот раст и развој на детето исто колку и исхраната и физичката активност“.

Дали и на возрасните им се потребни физички изрази на љубов? Да. На темел на своите истражувања, Клод Стајнер, специјалист по клиничка психологија, заклучил дека, сеедно колку години имаме, вербалните и физичките изрази на љубов се неопходни за нашето добро емоционално здравје. Една медицинска сестра по име Лора, која се грижи за група остарени лица вели: „Многупати сум видела колку им значи на постарите кога некој ќе им покаже љубов. Кога си љубезен со нив и кога си спремен пријателски да ги допреш, стекнуваат доверба во тебе и не им пречи да го направат она што го бараш од нив. На тој начин се покажува и почит кон нивното достоинство“.

Освен тоа, и оној што покажува љубов се чувствува подобро. Како што рекол и Исус Христос: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). Особено убаво се чувствуваме кога му покажуваме љубов на некој што е загрижен, депримиран или несигурен. Во Библијата се запишани многу вакви примери.

Замисли си колку му значело на еден човек „полн со лепра“ и отфрлен од општеството кога Исус Христос сочувствително го допрел! (Лука 5:12, 13; Матеј 8:1-3).

Помисли колку се охрабрил остарениот пророк Даниел кога еден Божји ангел го зајакнал со своите зборови и трипати го допрел. Овие нежни допири и позитивни зборови биле токму она што му требало на Даниел за да закрепне од својот физички и психички умор (Даниел 10:9-11, 15, 16, 18, 19).

Еднаш, блиските пријатели на апостол Павле патувале околу 50 километри од Ефес до Милет за да се сретнат со него. Тогаш тој им кажал дека можеби повеќе нема да ги види. Колку мора да бил охрабрен кога неговите верни пријатели од Ефес ‚го изгушкале и од срце го избакнале‘ (Дела 20:36, 37).

Значи, и Библијата и современите истражувања нѐ поттикнуваат да си покажуваме љубов еден на друг. Ако ја задоволуваме оваа потреба, тоа ќе ни користи и во физички и во емоционален поглед. Јасно е дека децата не се единствените што имаат потреба од искрени изрази на љубов.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели