ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/10 стр. 21
  • Најмалиот лилјак на светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најмалиот лилјак на светот
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мало живеалиште
  • Летечките градинари во тропските дождовни шуми
    Разбудете се! 2014
  • Крилјата кај живите суштества
    Разбудете се! 2009
  • Најголемата и најмалата
    Разбудете се! 1999
  • Набљудување на светот
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 2/10 стр. 21

Најмалиот лилјак на светот

● Во 1973 год., тајландскиот биолог Кити Тонглонгја заедно со својот тим собрал повеќе од 50 непознати лилјаци во пештерите близу до водопадот Саи Јок во Тајланд. Неколку примероци му испратил на д-р Џ. И. Хил од Природонаучниот музеј во Лондон. За жал, овој биолог умрел пред да се утврди дека открил нов вид лилјак кој д-р Хил го нарекол Craseonycteris thonglongyai во чест на Кити. Вообичаеното име на овој цицач е лилјак со свинско носе.

Тој е долг околу 3 сантиметри, а распонот на крилјата му е околу 13 сантиметри. Се смета за најмал лилјак на светот и за еден од најмалите цицачи. Всушност, толку е мал што понекогаш е наречен и лилјакот-бумбар. Други посебни карактеристики на овој лилјак се тоа што неговиот нос наликува на носот на свиња (на што укажува и неговото име), нема опашка и има големи уши со долги трагуси, т.е. ’рскавични израстоци пред надворешните слушни отвори.

Мало живеалиште

Единственото место каде што може да се сретнат ваквите лилјаци е Националниот парк „Саи Јок“ во Тајланд и во делови на Мјанмар што се граничат со овој парк. За да улови инсекти, лилјакот со свинско носе се служи со ехолокација, што е случај и со многу други видови. Бидејќи има долги крилја во споредба со телото, може лесно да лебди, а тоа му овозможува да го собере пленот од лисјата на дрвјата. Омилени места за одмор на овие животни се горните делови од високите варовнички пештери во кои има многу простории, кои нудат поголема заштита и ја минимизираат загубата на телесната температура, што е многу важно за овие мали топлокрвни цицачи. Колку прекрасни инстинкти и способности им дал Творецот на овие ситни суштества! (Откровение 4:11).

Лилјакот со свинско носе е многу редок вид кој живее на мало подрачје и, ако не се подобрат неговите услови, опстанокот му е загрозен. Беа вложени напори овој вид да биде заштитен, но сечата и уништувањето на шумите, изградбата на патишта и туризмот се постојана закана. Само времето ќе покаже дали овој минијатурен цицач ќе успее да го преживее нападот што го вршат луѓето врз неговото живеалиште.

[Рамка/слика на страница 21]

НАЈГОЛЕМИОТ И НАЈМАЛИОТ

Постојат речиси 1.000 видови лилјаци. Лилјаците се единствените цицачи кои можат да летаат. Најголемиот лилјак, наречен малајска летачка лисица (1), може да имаа распон на крилјата од 1,5 метар и да тежи околу 1 килограм. Во споредба со него, лилјакот со свинско носе (2) има распон на крилјата од околу 13 сантиметри и тежи само 2 грама.

[Извор на слика на страница 21]

Фотографии: © Merlin D. Tuttle, Bat Conservation International, www.batcon.org

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели