ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/10 стр. 4-6
  • Стрес — како влијае врз нас

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стрес — како влијае врз нас
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како твоето тело реагира на стресот
  • Кога стресот ни станува непријател
  • Што е стрес?
    Разбудете се! 2020
  • Стрес — причини и последици
    Разбудете се! 2005
  • Како да го контролираш стресот
    Разбудете се! 2010
  • Како да се справам со стресот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 6/10 стр. 4-6

Стрес — како влијае врз нас

Што се случува кога брзаш да фатиш автобус или воз? Најверојатно чувствуваш како реагира твоето тело — ти се покачува крвниот притисок, а срцето ти чука побрзо. Дури и ако го испуштиш својот превоз, срцето повторно се смирува и почнуваш нормално да дишеш.

НО, СИТУАЦИЈАТА може да биде сосема поинаква ако си изложен на стрес подолго време. Можеби ќе ти треба повеќе време за да се нормализираат загриженоста, напнатоста во мускулите, покачениот крвен притисок и проблемите со варењето на храната. Кај сѐ поголем број луѓе, напнатоста никогаш не исчезнува. На пример, многумина немаат друг избор освен да работат некоја тешка работа со која не се задоволни. Како влијае стресот врз твоето тело и врз здравјето?

Како твоето тело реагира на стресот

Д-р Ариен ван дер Мерве, која е стручњак на ова поле, објаснува како телото реагира на стресот. Веднаш почнуваат да се лачат „хемиски супстанции и хормони кои брзо се шират низ целото тело за да биде секој орган и секој систем подготвен за стресната ситуација“.

Веднаш си во состојба да направиш вистински подвизи. Вклучени се сите твои сетила, меѓу кои и сетилата за вид, слух и допир. Твојот мозок реагира брзо, а надбубрежната жлезда веднаш лачи моќни хормони, зголемувајќи го до максимум капацитетот на мускулите, срцето, белите дробови и на другите органи за да можеш да се справиш со ситуацијата.

Така, кога ќе се најдеш во опасност, начинот на кој телото реагира на стресот може да ти го спаси животот — на пример кога те тера да скокнеш настрана за да не те прегази некое залетано возило. Меѓутоа, ситуацијата е сосема поинаква ако постојано сме изложени на стрес.

Кога стресот ни станува непријател

Што ако твоето тело е постојано на штрек? Твоите мускули остануваат напнати, срцето продолжува брзо да ти чука, крвниот притисок не се спушта, а во крвта и понатаму има зголемено ниво на холестерол, масти, шеќери, хормони и други хемиски супстанции. Долготрајното зголемено присуство на вакви супстанции, кои се корисни само за кратки, интензивни и вонредни напори, со текот на времето ги оштетува виталните органи. Со какви последици?

Може да дојде до болки во грбот, главоболки, грчеви во вратните мускули и мускулна напнатост. Според лекарите, ова се типични симптоми на хроничен стрес. Постојаниот стрес ја намалува креативноста, продуктивноста и одушевеноста, ги расипува односите со другите, може да доведе до синдром на надразнети црева, дијареа и грчеви на хранопроводот. Но, последиците би можеле да бидат уште посериозни. Хроничниот стрес може да предизвика мозочен удар, срцев удар, откажување на бубрезите, кардиоваскуларни проблеми и дијабетес или да ги влоши овие состојби.

„Доколку кортизолот, кој се лачи во стресни состојби, долго е присутен во крвотокот, организмот е склон да ги таложи мастите на стомакот и грбот“, пишува Ван дер Мерве. Кожните заболувања, како што се егземот и псоријазата, се поврзани со стресот или можат да се влошат поради него. Силниот стрес е поврзан и со депресија, зголемена агресивност и исцрпеност. Од истата причина можат трајно да се нарушат помнењето и концентрацијата. Поради долготраен стрес, може да падне и имунитетот и да го направи телото подложно на секакви болести — од обична настинка до рак и автоимуни болести.

Бидејќи стресот има големо влијание врз сите аспекти од нашето здравје — ментално, физичко, емоционално и духовно — мора да знаеме како да го контролираме. Но, не би сакале сосема да ја потиснеме природната реакција на телото на стрес. Зошто?

Стресот би можеле да го споредиме со еден коњ полн со енергија. Него можеме да го јаваме со уживање. Но, ако не успеваме да го контролираме, истиот коњ може да ни го загрози животот. Нешто слично може да се рече и за стресот: ако е ставен под контрола, може да ни го разубави животот, поттикнувајќи нѐ да бидеме креативни, продуктивни, одушевени и здрави.

Но, како да се справиме со стресот и да го искористиме животот најдобро што можеме? Во следната статија ќе разгледаме неколку ефикасни начини како да го контролираме самиот стрес и нашата реакција на него.

[Рамка на страница 5]

‚ПРЕКРАСНО СОЗДАДЕНИ‘ ОД ЕДЕН МУДАР И ГРИЖЛИВ ТВОРЕЦ

Спротивно на популарната теорија, реакцијата на нашето тело на стресот не е некаков остаток од реакцијата на праисториските луѓе на кои им се заканувала опасност од мамути и тигри со долги заби. Нашите сложени физиолошки системи се мајсторско дело на еден вешт Создател. На пример, сложениот механизам на згрутчување на крвта, нејзината способност да се бори против инфекции и да ги заздравува раните, како и сложената реакција на телото при стрес се доказ дека зад сето тоа стои еден мудар и грижлив Творец.

Овие системи во телото потврдуваат дека сме ‚чудесно создадени‘ (Псалм 139:13-16). Духовните и физичките дарови што Бог од љубов ни ги дал, како и прекрасниот начин на кој ги создал луѓето за да уживаат во животот, ни даваат гаранција дека во идниот Рај на Земјата ништо нема да биде причина за болка, тага или за смрт (Откровение 21:3-5).

[Графикон/слика на страница 5]

(Види во публикацијата)

ПОСЛЕДИЦИ ОД ПОСТОЈАН СТРЕС

главоболки

болки во вратот

крцкање со забите

болки во грбот

срцеви заболувања

чиреви

грч на мускулите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели