ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g20 Бр. 1 стр. 5-7
  • Што е стрес?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е стрес?
  • Разбудете се! 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОБАР И ЛОШ СТРЕС
  • Стрес — како влијае врз нас
    Разбудете се! 2010
  • Стрес — причини и последици
    Разбудете се! 2005
  • Како да го контролираш стресот
    Разбудете се! 2010
  • Стрес — опасен по здравјето
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 2020
g20 Бр. 1 стр. 5-7
Еден бизнисмен во град трча на скали кон зграда со канцеларии.

КАКО ДА СЕ СПРАВИШ СО СТРЕСОТ

Што е стрес?

Стрес е реакција на телото на некоја тешка ситуација. Мозокот предизвикува да се лачи голема количина хормони кои стигнуваат до сите делови од телото. Поради тоа, срцето почнува забрзано да чука, се зголемува крвниот притисок, се забрзува дишењето и мускулите се напнуваат. Пред да станеш свесен што ти се случува, твоето тело е спремно за акција. Кога стресната ситуација ќе помине, телото повеќе не е во „фаза на аларм“ и се враќа во нормала.

ДОБАР И ЛОШ СТРЕС

Стресот е природна реакција на телото која ти помага да се подготвиш за тешки или опасни ситуации. Оваа реакција почнува во мозокот. Добриот стрес ти помага брзо да реагираш. Одредена количина стрес може и да ти помогне да си ги оствариш целите или да постигнеш подобар успех, можеби на некој тест, на интервју за вработување или на некој спортски настан.

Но, преголемиот, долготрајниот или хроничниот стрес може да ти наштети. Кога твоето тело е често или постојано во „фаза на аларм“, тоа може лошо да влијае врз твојата физичка, емоционална и ментална состојба. Може да се смени и твоето однесување, во што спаѓа и начинот на кој постапуваш со другите. Исто така, хроничниот стрес може да води до зависност од разни супстанции, како и до други нездрави навики. Тој може да води дури и до депресија, синдром на прегорување и самоубиствени мисли.

Стресот не влијае врз сите на ист начин. Сепак, тој може да предизвика голем број болести и да влијае врз речиси секој дел од телото.

КАКО МОЖЕ СТРЕСОТ ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ТВОЕТО ТЕЛО

Нервен систем.

Еден човек кој е под стрес си ја држи раката на челото.

Твојот нервен систем предизвикува да се лачат хормони како што се адреналин и кортизол. Тие го забрзуваат пулсот, го покачуваат крвниот притисок и нивото на гликоза во крвта — а сето тоа ти овозможува брзо да реагираш во опасна ситуација. Преголемиот стрес може да води до

  • раздразливост, анксиозност, депресија, главоболки, несоница

Мускулоскелетен систем.

Твоите мускули се напнуваат за да те заштитат од повреда. Преголемиот стрес може да води до

  • болки во телото, главоболки предизвикани од напнатост, грчеви во мускулите

Респираторен систем.

Кога си под стрес, дишеш побрзо за да внесеш повеќе кислород. Преголемиот стрес може да води до

  • брзо и плитко дишење и недостиг на здив, како и напади на паника кај оние што се склони кон тоа

Кардиоваскуларен систем.

Срцето ти чука побрзо и посилно за да ја пренесе крвта низ твоето тело. Крвните садови се шират или се стеснуваат за да ја насочат крвта онаму каде што е најпотребна во телото како, на пример, во мускулите. Преголемиот стрес може да води до

  • висок крвен притисок, срцев удар, мозочен удар

Ендокрин систем.

Твоите жлезди ги создаваат хормоните адреналин и кортизол, што му помага на телото да се справи со стресот. Твојот црн дроб го зголемува нивото на шеќерот во крвта за да ти даде повеќе енергија. Преголемиот стрес може да води до

  • дијабетес, промени во расположението, покачување на телесната тежина, намален имунитет и зголемена подложност на болести

Дигестивен систем.

Поради стресот доаѓа до нарушување во процесот на варење на храната. Преголемиот стрес може да води до

  • мачнина, повраќање, дијареја, запек

Репродуктивен систем.

Стресот може да ја намали сексуалната желба и да го наруши функционирањето на репродуктивниот систем. Преголемиот стрес може да води до

  • импотенција, нарушување на менструалниот циклус

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели