ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/10 стр. 22-23
  • Едвај чекам да им кажам: „Сите сме тука!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Едвај чекам да им кажам: „Сите сме тука!“
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Моето духовно наследство
  • По несреќата
  • Како се справив со трагедијата
  • „Знам дека си убава жена“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Бог ја нарекол „кнегиња“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Како подобро да ги запознаам моите родители?
    Разбудете се! 2009
  • „О Јехова, помогни ѝ на мојата малечка да остане верна!“
    Разбудете се! 1994
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 8/10 стр. 22-23

Едвај чекам да им кажам: „Сите сме тука!“

Раскажала Абигејл Остин

Еден прекрасен априлски ден, во 1995 год., кога имав 9 години, заедно со една група од локалното собрание на Јеховините сведоци решивме да појдеме на излет. Се поделивме во неколку автомобили. Јас, мојата постара сестра Сара и нашата семејна пријателка Дебора се возевме во иста кола со татко ми и мајка ми. Одеднаш една залетана кола од спротивната насока влезе во нашата лента и директно се удри во нас. Јас бев единствената што преживеа.

СЕ РАЗБУДИВ во болница две седмици подоцна. Бидејќи сум имала скршеници на черепот, лекарите морале да ми го склопат со помош на специјални плочки. Сепак, закрепнав брзо. По извесно време, роднините конечно ми кажаа што се случило, но не им верував. Мислев дека родителите и сестра ми ме посетиле додека сум спиела и дека сум пропуштила да ги видам. Се соочив со реалноста дури откако се вратив дома. Бев скршена.

Што ми помогна да се справам со оваа ужасна трагедија?

Моето духовно наследство

Бев најмалото од вкупно пет деца. Во моментот на несреќата, Сара имаше 22, Шејн 20, Џесика 17 и Лук 15 години. Имавме прекрасни родители што многу се грижеа за нас. Татко ми, Стив, служеше како старешина во собранието на Јеховините сведоци во Шипли (Западен Јоркшир, Англија). Сите го сакаа бидејќи секогаш наоѓаше време за да ги сослуша и да им помогне на другите. Ја сакаа и мајка ми, Керол, бидејќи се грижеше за постарите како да им е ќерка. Ни организираше да се дружиме со младите и ни помогна да најдеме добри пријатели. Нашата куќа беше отворена за секого. Родителите нѐ поучуваа да бидеме љубезни и обѕирни и кон нашите соседи.

Секоја среда навечер ја проучувавме Библијата како семејство. Понекогаш глумевме библиски драми со костими соодветни за секоја улога. Уште додека бевме мали, мама и тато нѐ учеа како да се подготвуваме за состаноците и како да им ја пренесуваме библиската порака на другите во нивните домови. Иако имаа многу обврски грижејќи се за пет деца, нашите родители ни посветуваа големо внимание и ни помогнаа да станеме блиски со Бог.

Веднаш штом завршија со школувањето, Сара, Шејн, Џесика и нашата пријателка Дебора станаа пионери, како што се нарекуваат полновремените христијански проповедници. Со Сара бев посебно блиска. Таа ми беше како втора мајка. За време на училишниот распуст заедно им помагавме на другите да научат повеќе за Библијата. Ни беше многу убаво. Можев да видам колку се среќни сите пионери и уживав во нивно друштво. Имав цел, штом ќе завршам со школувањето, да бидам пионер заедно со Сара.

Кога имавме одмор, нашето семејство честопати се дружеше со другите од собранието. Млади и стари, станавме блиски пријатели и многу се сакавме. Не ни помислував дека еден ден овие пријатели толку ќе ми помогнат и ќе ме утешат!

По несреќата

Кога ме пуштија од болница, се вратив дома. Шејн и Џесика имаа работа со скратено работно време, беа полновремени проповедници и напорно се трудеа да нѐ издржуваат и да се грижат за сите нас.

Голем број соверници од нашето собрание исто така ни помагаа, и тоа многу! Готвеа, чистеа, пазаруваа и переа додека не застанавме на нозе. Им бевме многу благодарни. Добивме безброј подароци и картички со љубезни пораки од Сведоци од разни места, што беше доказ за тоа колку длабока љубов владее во Јеховината организација.

Отприлика по една година, сестра ми и моите браќа сфатија дека ми треба стабилна семејна средина. Бидејќи неколку љубезни семејства од собранието ни понудија помош, моето семејство размисли што би било најдобро за мене и за мојата духовна состојба од гледна точка на мама и тато. Едно семејство ни беше посебно драго. Били, кој служеше како старешина, и неговата сопруга Дон беа многу блиски семејни пријатели и имаа петгодишна ќерка по име Лоис. Тие ме зедоа да живеам со нив, и оттогаш се грижат за мене како за своја ќерка. Иако Лоис го немаше целото внимание од родителите, никогаш не ми беше љубоморна, и денес сме блиски како две вистински сестри.

Како се справив со трагедијата

Во почетокот се прашував зошто на нашето семејство му се случи оваа ужасна несреќа, посебно ако се земе предвид дека моите родители, како и Сара и Дебора, покажуваа толку голема љубов кон Јехова и кон луѓето. Но, тогаш се сетив на библискиот извештај за Јов кој ја сочувал верата во Бог иако ги изгубил своите деца (Јов 1:19, 22). Си помислив: ‚Да, Сатана е првенствено одговорен за страдањата и за смртта и тој би бил многу среќен ако овој трагичен настан нѐ натера да престанеме да му служиме на Бог‘ (1. Мојсеева 3:1-6; Откровение 12:9). Се сетив и дека Јехова од љубов ни ја дал прекрасната надеж за воскресение (Јован 5:28, 29). Повторно ќе можеме да се видиме со најмилите и со Дебора, овој пат во рајот на Земјата! Всушност, овој настан уште повеќе ми ја зголеми љубовта кон Јехова.

Кога ќе сретнам и други луѓе што доживеале некаква трагедија, многу ми е жал ако сѐ уште не чуле за скапоценото библиско ветување за воскресение. Тогаш кај мене се јавува желба да им кажам за нашата надеж бидејќи сум сигурна дека овие мрачни моменти немаше да ги пребродиме без Јехова и без неговата организација, свесни дека има светла точка на крајот од тунелот.

Нашето искуство беше корисно и во друг поглед. На пример, им даде можност на многу родители да се преиспитаат: ‚Дали кај нашите деца поставивме доволно цврст темел за сами да продолжат да му служат на Јехова ако утре се случи нешто со нас?‘

Продолжив да правам сѐ онака како што би правела да беа живи мама и тато. Знам дека ќе сакаа да давам сѐ од себе да им помагам на другите, како што им помагаа и тие. Откако завршив со школувањето, почнав да служам како пионер, а сега и Лоис е пионер заедно со мене. Сестра ми и моите браќа стапија во брак и среќно му служат на Јехова во своите собранија.

Едвај чекам да дојде Божјиот нов свет и да воскреснат мртвите! Тоа ќе биде свет во кој ќе нема повеќе болка или смрт (Откровение 21:3, 4). Увереноста дека сите ќе бидеме повторно заедно ми помага да истраам во тешките моменти. Едвај чекам силно да ги гушнам мама, тато, Сара и Дебора и да им кажам: „Сите сме тука!“

[Слика на страница 23]

Абигејл (втора одлево) и семејството што ја посвои

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели