ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/10 стр. 14-16
  • Со брод преку врвот на светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Со брод преку врвот на светот
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Други експедиции
  • Стручноста на Русија
  • Кога сонцето не сака да изгрее
    Разбудете се! 2008
  • Спектакуларно патување по Патот број 1
    Разбудете се! 2003
  • Извонредната поларна рибарка
    Разбудете се! 2017
  • Отпорниот мозок на арктичката верверичка
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 10/10 стр. 14-16

Со брод преку врвот на светот

МОРЕПЛОВЦИТЕ од минатото сонувале да откријат северен премин што би ги поврзувал Атлантскиот и Тихиот Океан, но се соочиле со голема препрека — мразот го блокирал патот низ Арктикот.

Па сепак, имало силна причина да се најде скратен поморски пат преку врвот на светот. До 16 век, трговските патишта до Ориентот — кои минувале јужно од Африка и Јужна Америка — ги контролирале Португалија и Шпанија. Странските трговци морале да бараат северни патишта ако сакале да воспостават врска со источниот пазар. Многумина се обиделе. Еве некои од нив:

Англичаните: Во 1553 год., сер Хју Вилоби и Ричард Чанцелор ја предводеле првата англиска експедиција. Откако една бура ги разделила нивните бродови, Вилоби бил принуден зимата да ја помине на пустиот брег на полуостровот Кола, кој се наоѓа на крајниот север на Русија. Бидејќи не биле спремни за суровите временски услови, тој и целиот негов екипаж загинале. Чанцелор, пак, впловил во пристаништето во Архангелск. Оттаму, на покана на цар Иван IV Василевич Грозни, отпатувал за Москва. Чанцелор не успеал да најде пат до Азија, но успеал да воспостави трговска врска помеѓу Англија и Русија.

Холанѓаните: Вилем Баренц отпловил најпрвин кон Нова Земја во 1594 год. Но, на третото патување во 1596 год., додека ја заобиколувал најсеверната точка на овој руски архипелаг, неговиот брод заглавил во мразот и бил тешко оштетен. Членовите на екипажот на Баренц ја преживеале острата зима во градба направена од парчиња дрво што ги носела водата, а се хранеле со месо од поларни мечки и, на крајот, успеале да се вратат назад во два мали чамци. Баренц не го преживеал патувањето.

Русите: Руските експедиции вршеле чести истражувања на Сибир и на рускиот Далечен Исток. За само 60 години (1581-1641), тие успеале внимателно да го извидат теренот од планината Урал до Тихиот Океан. Некаде во тоа време, Козаците дошле до Северниот Леден Океан пловејќи по сибирските реки. Го зазеле Сибир во име на Русија и биле првите морепловци кои пловеле покрај североисточниот брег на Сибир. Во 1648 год., руски бродови го преминале местото кое денес е познато како Берингов Проток, според данскиот морепловец Витус Беринг.

Други експедиции

Од 1733 до 1743 год., екипажот на Беринг, кој се состоел од речиси илјада души организирани во седум групи, ги истражувал арктичкиот и пацифичкиот брег на Русија. Бродовите постојано заглавувале во мразот, а многу морнари загинале. Меѓутоа, експедицијата успеала да го внесе на карта речиси целиот арктички брег. Собраните податоци — поморските карти и информациите за длабочината на морето и за состојбата на мразот — добро им дошле на идните морнари кои пловеле низ овие води.

За цело време, низ Арктикот се патувало со дрвени бродови. Но, експедицијата на Беринг увидела дека тие се крајно несоодветни за преминување на Северниот морски пат. Во 1778 год., британскиот истражувач Џејмс Кук дошол до истиот заклучок кога со едреник запловил на запад преку Беринговиот Проток, но не можел да продолжи поради мразот. Еден век подоцна, Нилс Адолф Ерик Норденскјелд, кој по потекло бил Финец, успеал да го помине овој пат со пароброд.

Стручноста на Русија

По Руската револуција во 1917 год., низ советскиот дел од Арктикот беше дозволен сообраќај само за домашните бродови. Од 1930 год., Советскиот Сојуз го утврди Северниот морски пат и изгради пристаништа во новите индустриски населби. Тоа им овозможи на руските морепловци да станат многу вешти во сите аспекти на пловидба низ Арктикот.

За време на Студената војна, Северниот морски пат остана затворен за странските бродови. Меѓутоа, поради политичките промени и преминот кон пазарно стопанство, руската влада почна да го унапредува меѓународниот товарен сообраќај по овој пат. Следниов пример покажува колку е корисно тоа.

Летото 2009 год., два германски товарни бродови поминаа низ Беринговиот Проток и потоа запловија на запад покрај речиси растопениот северен брег на Азија и Европа кон Холандија. Ова беше првпат бродови на неруско шпедитерско претпријатие да го пропатуваат целиот Североисточен премин.a На тој начин патот им беше скратен за 3.000 наутички милји (5.560 километри) — растојание за кое ќе беа потребни уште десет дена. Ова претпријатие проценува дека притоа биле заштедени околу 300.000 евра од брод.

Бидејќи мразот на Арктикот брзо се топи, секое лето големи подрачја од океанот се отворени за пловидба.b Иако оваа појава може многу штетно да се одрази на природната средина, ако топењето продолжи, бродовите не ќе мора да пловат низ плитките води покрај брегот на Русија, туку по директна линија помеѓу Атлантскиот и Тихиот Океан — преку самиот врв на светот.

[Фусноти]

a „Североисточен премин“ е уште едно име за Северниот морски пат.

b Од оваа, а и од други причини, сезоната за пловидба низ источниот дел од Арктикот сега е речиси трипати подолга од порано, а низ западниот, повеќе од двапати.

[Карта на страница 15]

(Види во публикацијата)

ПАТУВАЊАТА НА

Сер Хју Вилоби и Ричард Чанцелор

Вилем Баренц

Витус Беринг

Нилс Адолф Ерик Норденскјелд

Граници на мразот

[Карта]

СЕВЕРЕН ЛЕДЕН ОКЕАН

Северен Пол

Граница на трајниот мраз

Граница на мразот лете

Граница на мразот зиме

СЕВЕРЕН ПОЛАРЕН КРУГ

ГРЕНЛАНД

КАНАДА

АЛЈАСКА

Берингов Проток

РУСИЈА

СИБИР

УРАЛ

Нова Земја

Кола

Архангелск

МОСКВА

[Слика на страница 16]

Мразот на Арктикот брзо се топи

[Извор на слика на страница 14]

Library and Archives Canada/Samuel Gurney Cresswell collection/C-016105

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели