ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/10 стр. 20-22
  • Најстрашната болест на 19 век

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најстрашната болест на 19 век
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Големата смрдеа“
  • Закон пред своето време
  • „Никогаш не сме имале зараза“
  • Темза — значаен дел од наследството на Англија
    Разбудете се! 2006
  • Божјите закони за хигиената биле пред своето време
    Разно
  • Набљудување на светот
    Разбудете се! 1998
  • Пет чекори до подобро здравје
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 10/10 стр. 20-22

Најстрашната болест на 19 век

Во 1854 год., во Лондон повторно избила колера. Болеста се ширела како пожар. Многу луѓе, кои се разбудиле потполно здрави, до вечерта веќе биле мртви. Што е најлошо, немало никаков лек!

ТОА била најстрашната болест на 19 век, но не се знаело како се пренесува. Некои мислеле дека колерата — цревна болест која предизвикува тешка дијареја и дехидрација — се добива преку вдишување на непријатната миризба што настанува при распаѓање на органски материи. Оваа претпоставка изгледала прилично основана. Од лондонската река Темза се ширела ужасна реа. Дали болеста се пренесувала преку смрдливиот воздух?

Пет години пред тоа, еден лекар по име Џон Сноу претпоставувал дека причина за колерата не е загадениот воздух, туку загадената вода. Еден друг лекар, Вилијам Бад, бил убеден дека болеста ја пренесуваат некакви живи организми слични на габи.

За време на епидемијата од 1854 год., Сноу ја испитал својата теорија проучувајќи го животот на жителите од лондонскиот кварт Сохо кои биле заразени од колера. ‚Што е заедничко за сите нив?‘, се прашувал тој. Од своите истражувања, Сноу дошол до еден значаен заклучок. Сите заразени во тој кварт пиеле вода од истата улична пумпа што била загадена од отпадни води, кои претставувале извор на заразата!a

Истата година, до уште едно револуционерно откритие на полето на медицината дошол италијанскиот анатом Филипо Пачини, кој објавил труд во кој го опишал живиот организам што предизвикува колера. Меѓутоа, повеќето не обрнувале внимание на неговото откритие, како и на наодите на Сноу и Бад. Епидемијата на колера продолжила да се шири — сѐ до 1858 година.

„Големата смрдеа“

Членовите на парламентот ја занемарувале потребата од нова канализациона мрежа, која би овозможила прочистување на Темза. Но, летото 1858 год., топлотниот бран ги принудил да го стават тоа прашање на дневен ред. Смрдеата од реката која течела покрај Долниот дом била толку неподнослива што политичарите морале на своите прозорци да закачат долги и тешки завеси натопени во средство за дезинфекција за некако да ја ублажат. Таканаречената Голема смрдеа го присилила Парламентот да преземе нешто. За 18 денови била донесена одлука за поставување на нова канализациона мрежа.

Биле направени огромни одводни канали кои ги пренасочувале отпадните води кон источниот дел на Лондон. Така тие повеќе не се излевале во реката, туку истекувале во морето за време на плимата. Резултатите биле драматични. Откако целиот Лондон бил приклучен на новата одводна мрежа, епидемијата исчезнала.

Станало јасно дека колерата не ја предизвикува смрдливиот воздух, туку загадената вода или храна. Јасно било и дека главен начин да се спречи ширењето на колера е да се обезбедат добри санитарни услови.

Закон пред своето време

Неколку илјади години пред да се појави колера во Лондон, Мојсеј го извел израелскиот народ од Египет. Иако Израелците патувале околу 40 години низ Синајската Пустина, меѓу нив не се појавила колера. Како било можно тоа?

На народот му било кажано да го закопува човечкиот измет надвор од логорот за да не се загадат изворите на вода и местото на кое живееле. Оваа одредба е запишана во Библијата во 5. Мојсеева 23:12, 13. Таму стои:

„Имај скришно место надвор од логорот, место каде што ќе вршиш нужда. Во својата опрема имај и лопатка, па кога ќе излезеш да вршиш нужда, со неа ископај дупка, па сврти се и покриј го својот измет“.

Ова едноставно правило ги штитело Израелците од болестите од кои страдале околните народи. И денес, слични хигиенски навики значеа живот за некои луѓе.b Еве еден пример.

„Никогаш не сме имале зараза“

Во 1970-тите, еден бран на прогонство принуди многу Јеховини сведоци да се иселат од Малави. Прибежиште најдоа во соседниот Мозамбик, каде што повеќе од 30.000 мажи, жени и деца беа сместени во десет кампови за бегалци. Добро е познато дека ваквите кампови се идеално место за ширење на зарази што се пренесуваат преку вода. Како поминаа Сведоците во вакви услови?

Лемон Кабвази заедно со уште 17.000 други лица живееше во најголемиот камп во Млангени. Тој раскажува: „Кампот постојано го одржувавме чист. Надвор од кампот беа ископани полски вецеа и јами за отпадоци и никому не му беше дозволено да ископа свое веце во кругот на кампот. Имаше и доброволци кои се грижеа за санитарните услови, како, на пример, водата што ја носевме од бунарите ископани на друго место надвор од логорот да биде чиста. Иако живеевме на мал простор, ги држевме библиските мерила за хигиена и никогаш не се рашири некоја сериозна болест. Никој никогаш не страдаше од колера“.

За жал, во некои делови од светот, домовите сѐ уште немаат соодветна канализација. Од болести пренесени преку човечки измет умираат околу 5.000 деца секој ден.

Колерата и слични заболувања може да се спречат, а напорите на човекот да ги подобри санитарните услови имаат значителни резултати. Но, Библијата ни дава надеж дека наскоро ќе бидат искоренети сите болести. Според Откровение 21:4, под власта на Божјето Царство, „смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“. Библијата ветува дека во тоа време „никој од жителите нема да рече: ‚Болен сум‘“ (Исаија 33:24).

Повеќе информации за тоа што ќе направи Божјето Царство за човештвото можеш да најдеш во 3. и 8. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

[Фусноти]

a Иако до 1854 год. имало тоалети слични на денешните, застарената канализациона мрежа дозволувала човечкиот измет, преку одводните канали, да се влее директно во реката Темза — главниот извор на вода за пиење.

b Бидејќи колерата се пренесува преку загадена храна или вода, многу е важно да внимаваме што внесуваме преку устата. Прочистувањето на водата и темелното готвење на храната се основни мерки на претпазливост.

[Истакната мисла на страница 21]

Во лондонската река Темза се слевале отпадните води преку кои се ширела колерата, како што може да се види и на многу цртежи од тоа време

[Слика на страница 22]

Повеќе од 30.000 мажи, жени и деца беа сместени во десет кампови за бегалци во Мозамбик кои постојано се одржуваа чисти

[Извор на слика на страница 20]

Смртта плови по Темза: © Mary Evans Picture Library; карта: University of Texas Libraries

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели