ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/11 стр. 19
  • Кога времето течеше побавно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога времето течеше побавно
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Види го и чуј го „кралот на часовниците“
    Разбудете се! 2010
  • Необичен часовник во Прага
    Разбудете се! 2000
  • Дали светот навистина оди во пропаст?
    Разбудете се! 2017
  • Како луѓето во минатото го сметале времето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 1/11 стр. 19

Кога времето течеше побавно

● Механичкиот часовник најверојатно бил измислен во Кина, пред повеќе од 900 години. Оттогаш многупати бил усовршуван. Едно значително подобрување било направено кон средината на 17 век, кога во механичките часовници почнало да се користи клатно. Благодарение на ова револуционерно откритие, часовниците станале толку точни што бројченикот добил едно дополнение — стрелка што ги покажува минутите! Новиот часовник, кој имал клатно, тегови и релативно тежок механизам, си барал и соодветно „сместување“ — цврста кутија во која ќе стои исправено. Така настанале часовниците со подно куќиште, кои еден часовничар ги опишал како „прилично точни и доста издржливи“.

Отпрвин, овие ценети часовници се изработувале само во големите европски градови, како што биле Лондон и Париз. Но, лека-полека, почнале да се произведуваат и во сите делови на Европа. Нивниот основен изглед го разубавиле најразлични локални уметнички стилови. Така, часовникот можел да има рамна или заоблена форма, да биде тенок или гломазен. Можел да биде изработен од бор, абонос, махагонија, даб или орев, а неговата кутија да биде обична или со орнаменти. Затоа, овие стари часовници станале омилени не само како прецизна справа за мерење време туку и како елегантен и ценет дел од мебелот.

Постои уште една причина зошто овие стари часовници до ден-денес се привлечни за луѓето. На некој начин, тие имаат нешто човечко во себе. „Имаат висина на просечен човек и експресивно лице полно со значење“, вели д-р Синика Мантула, истражувач од Финска. Дури и гласното тик-так потсетува на чукањето на срцето. Денес, повеќето од овие големи ремек-дела се заменети со прецизните и евтини кварцни часовници. Но, дури и во нашево динамично време, чукањето на стариот часовник сѐ уште внесува некоја мера на спокој. Во книгата Мерење на времето — колекционерство и одржување на часовници (Keeping Time—Collecting and Caring for Clocks) пишува: „Стариот часовник, со своето рамномерно и лежерно чукање просто нѐ враќа во минатото, кога времето течело побавно“.

[Слика на страница 19]

Овој часовник најверојатно е направен во почетокот на 19 век

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели