ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/11 стр. 7
  • Сигурен извор на водство и надеж

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сигурен извор на водство и надеж
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Бог нека те води до „вистинскиот живот“
    Разбудете се! 2007
  • Наскоро свет без војна
    Разбудете се! 1996
  • Вечна среќа — на небото или на Земјата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Зошто ни е потребен Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 2/11 стр. 7

Сигурен извор на водство и надеж

ЗА РАЗЛИКА од демоните, Бог е семудар и семоќен. Тој е олицетворение на љубовта (1. Јованово 4:8). Неговите совети се секогаш добри, ни ги нуди бесплатно и се за наше добро. Колкава разлика од советите на гатачите и јасновидците. Бог вели: „О сите вие [духовно] жедни дојдете на вода! Дојдете вие што немате пари земете и јадете! Дојдете земете вино и млеко без пари и без плаќање! Зошто ги трошите парите на она што не е леб и својот труд на она што не заситува? Слушајте ме внимателно и јадете добра храна и вашата душа нека ужива во најдобрата храна!“ (Исаија 55:1, 2).

Бидејќи е напишана под водство на нашиот добар Творец, Библијата ни дава надеж, духовна заштита, смисла во животот и начела според кои е најдобро да се живее. Размисли за следниве прашања и библиски стихови.

[Рамка на страница 7]

● Како да најдам вистински внатрешен мир? Во Библијата пишува: „Јас Јехова сум твој Бог кој те учи да го правиш она што е за твое добро кој те води по патот по кој треба да одиш. О да внимаваше на моите заповеди! Твојот мир ќе беше како река и твојата праведност како морски бранови“ (Исаија 48:17, 18).

● Дали секогаш ќе има зло? „Праведниците ќе живеат на земјата и непорочните ќе останат на неа. А злите ќе бидат истребени од земјата и оние што постапуваат неверно ќе бидат искоренети од неа“ (Изреки 2:21, 22). Да, злобните луѓе и злобните ангели ќе бидат уништени засекогаш, како проголтани со оган (Откровение 20:10, 14).

● Ќе им дојде ли крај на болестите и на страдањата? „Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето! Бог ќе живее со нив и тие ќе бидат негов народ и самиот Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе ни тага ни пискот ниту болка. Сѐ што беше порано [денешните многубројни проблеми] помина“ (Откровение 21:3, 4).

За разлика од демоните, Бог никогаш не лаже. Всушност, тој „не може да лаже“ (Тит 1:2). Освен тоа, како што покажува и последната статија што ја обработува насловната тема, вистината ослободува и дава живот (Јован 8:32; 17:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели