ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/11 стр. 25
  • Легалицата на една оса дрвенарка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Легалицата на една оса дрвенарка
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2011
  • Градежните вештини на осата-хартијарка
    Разбудете се! 2012
  • Зошто да се гради со дрво?
    Разбудете се! 1996
  • Содржина
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 3/11 стр. 25

Случајно или создадено?

Легалицата на една оса дрвенарка

● Женката од еден вид оси дрвенарки (Sirex noctilio) ги полага јајцата во боровите дрвја, а методот со кој го прави тоа им дал идеја на научниците да изработат побезбедни и поефикасни хируршки сонди.

Размисли: Осата дрвенарка го дупчи дрвото со помош на легалица — цевче во вид на игла кое се состои од две меѓусебно поврзани оски, а секоја од нив на надворешната страна има запци свртени нагоре. Запците од едната оска се закачуваат за дрвото создавајќи на тој начин отпор, додека другата оска се поместува малку нанапред. Потоа запците од оваа оска се закачуваат за дрвото, создавајќи отпор, а првата оска се поместува нанапред. Со помош на брзи осцилации, при кои оските одат сѐ подлабоко во дрвото, легалицата навлегува речиси 20 милиметри во мекото дрво користејќи минимална сила без да се попречи или прекине процесот.

Копирајќи ја легалицата на женката од овие оси, научниците направиле прототип на неврохируршка сонда која работи на сличен принцип. Сондата има силиконска игла со две осцилирачки оски на кои има запци со микроскопски димензии кои можат да навлезат длабоко во мозокот предизвикувајќи минимална штета. Меѓутоа, се планира овој инструмент да има и една додатна карактеристика. Во списанието New Scientist пишува: „За разлика од сегашните крути хируршки сонди, оваа сонда ќе биде доволно флексибилна за да може, во текот на операцијата, да се насочи по најбезбедниот пат, заобиколувајќи ги ризичните регии на мозокот“. Со ваквата сонда ќе се намали и бројот на резови потребни за да се дојде до тешко пристапните делови од мозокот.

Што мислиш? Дали легалицата на осата дрвенарка настанала случајно или е дело на мудар Творец?

[Графикон на страница 25]

(Види во публикацијата)

Додека едната оска притиска надолу и навлегува во дрвото, другата влече нагоре создавајќи отпор со своите запци

Дрво

Наизменични сили

[Извори на слики на страница 25]

Оса: David R. Lance, USDA APHIS PPQ, Bugwood.org; шема: J. F. V. Vincent and M. J. King, (1996). The mechanism of drilling by wood wasp ovipositors. Biomimetics, 3: 187-201

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели