ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/11 стр. 26
  • Лепакот на морскиот црв

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Лепакот на морскиот црв
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2011
  • Фасцинантниот свет на црвите
    Разбудете се! 2003
  • Прекрасен залив
    Разбудете се! 2008
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 4/11 стр. 26

Случајно или создадено?

Лепакот на морскиот црв

● Хирурзите лекуваат скршеници со помош на шипки, плочки и шрафови, но тие се премногу гломазни за помалите коски. До неодамна, истражувачите не знаеја како да направат лепак кој ќе може да се стврдне во влажната средина на човечкото тело. Идеја добија проучувајќи ги морските црви Phragmatopoma californica.

Размисли: Овие црви го прават својот подводен дом во облик на повеќе цевчиња, користејќи ситен песок и школки. Секое делче е споено со капка од лепакот што го лачи една жлезда во тораксот на црвот. Овој лепак е далеку подобар од сите лепила што ги измислил човекот. Содржи уникатен збир од протеини кои, кога ќе се комбинираат, предизвикуваат лепакот да се стврдне под вода — и тоа брзо! Токму затоа, овој црв е наречен врвен ѕидар. Расел Стјуарт од Универзитетот во Јута вели дека ова мало суштество успеало да ги реши „комплицираните проблеми со сврзувањето“.

Истражувачите направиле синтетичка верзија на лепакот на црвите Phragmatopoma californica, кој е дури и појак од оригиналот. Лепакот што ќе се користи во операционите сали ќе треба да биде и биоразградлив за да може да се разложи откако коската ќе зарасне. Доколку се покаже корисен за луѓето, лепакот ќе биде револуционерен пробив на полето на медицината.

Што мислиш? Дали лепакот на морските црви Phragmatopoma californica настанал случајно или е дело на мудар Творец?

[Слика на страница 26]

Истражувачите се надеваат дека ќе можат да лекуваат скршеници без употреба на метални делови

[Извор на слика на страница 26]

Морски црв: © Peter J. Bryant, University of California, Irvine

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели