ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/10 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Праисториско суперлепило
  • Помалку сон, повеќе настинки
  • Доволно обработливо земјиште
  • Дали доволно спијам?
    Младите прашуваат
  • Спиење — луксуз или потреба?
    Разбудете се! 2003
  • Колку е важно спиењето?
    Разбудете се! 2011
  • Како да се наспиете доволно
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 11/10 стр. 30

Поглед во светот

Од вкупно 95,2 милиони тони морски животни, колку што се ловат секоја година, непожелни се околу 38,5 милиони. „Бројот на риби не може да се зголеми ако 40 отсто од она што ќе се улови од морето се третира како отпад“, изјави Каролине Шахт од Светската фондација за заштита на природата (BERLINER MORGENPOST, ГЕРМАНИЈА).

„Кравите, овците и козите можеби изгледаат како невини жртви на човековиот апетит за месо, меѓутоа... во целиот свет, ждригањата на стоката учествуваат со 18 отсто во вкупната емисија на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина [главно метан], што е повеќе од сите возила на моторен погон заедно“ (NEW SCIENTIST, БРИТАНИЈА).

Праисториско суперлепило

Научниците кои работат во провинцијата Квазулу-Натан (ЈАР) открија суперлепило што се користело пред неколку илјади години. „Лепакот е добар колку и денешните лепила што се продаваат во железариите“, пишува весникот The Star од Јоханесбург. Се смета дека го користеле ловците од старо време за да ги залепат врвовите од стрелите и копјата на нивните рачки. Обидот на научниците да ја копираат оваа древна формула — со црвен окер, животински лој, гумарабика и песок — и да го погодат идеалното растојание од огнот за да се исуши лепилото ја зголеми нивната почит кон луѓето што го користеле.

Помалку сон, повеќе настинки

„Кај луѓето што спијат помалку од седум часа ноќе постои трипати поголема веројатност да ги фати настинка, отколку кај оние што спијат по осум или повеќе часови“, стои во еден извештај од Универзитетот „Карнеги Мелон“ во Питсбург (Пенсилванија, САД). Кај оние, пак, што се будни „макар и 8 отсто од времето [што го минуваат] в кревет [постои] пет и пол пати поголема веројатност“ да ги фати настинка од оние што спијат цврсто. „Иако е добро позната врската меѓу спиењето и имунитетот, ова е првиот доказ дека дури и релативно малите пречки во сонот можат да влијаат врз реакцијата на организмот кога е изложен на вируси на настинка“, вели Шелдон Коен, кој го предводел ова истражување. „Тоа би била додатна причина луѓето да си одвојат доволно време навечер за да се наспијат.“

Доволно обработливо земјиште

„Во светот има доволно место да се произведе потребната храна за населението што постојано се зголемува“, стои во списанието New Scientist. „Спротивно на очекувањата, поголемиот дел од храната може да се произведе во Африка.“ Списанието цитира еден извештај за земјоделие објавен од Организацијата за економска соработка и развој и Организацијата за храна и земјоделие при ОН. Според овој извештај, има повеќе од двојно поголема површина обработливо земјиште од онаа што се користи во моментов. „Повеќе од половина од ова додатно земјиште се наоѓа во Африка и во Латинска Америка.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели