ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/11 стр. 29
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Опасност од загадена вода
  • Пеење за да се поврати говорот
  • „Училниците станаа полигон за препишување“
  • Што има лошо во препишувањето?
    Разбудете се! 2003
  • До подобри оценки со препишување?
    Разбудете се! 2012
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2007
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2007
Разбудете се! 2011
g 6/11 стр. 29

Поглед во светот

Во првата година и пол на засилени мерки против трговијата со луѓе, „кинеската полиција ослободи 10.621 жена и 5.896 деца кои биле киднапирани“. Беа приведени околу 15.673 осомничени лица (CHINA DAILY, КИНА).

Во изминативе две години, „над 1.000 наставници од Кенија беа отпуштени од работа поради сексуална злоупотреба на ученички... Една СОС линија... покажа дека се работи за проблем од поголеми размери отколку што се мислеше порано“ (DAILY NATION, КЕНИЈА).

Според едно истражување, кај лицата што користеле солариум постои 75% поголем ризик да добијат меланом отколку кај оние кои никогаш не го користеле. Ако користеле солариум повеќе од 50 часа, постои од 2,5 до 3 пати поголема веројатност да добијат меланом (CANCER EPIDEMIOLOGY, BIOMARKERS & PREVENTION, САД).

„Само 8% [од идните невести во Канада] мислат дека воздржувањето од сексуални односи пред бракот е добра идеја“, а „74% од паровите веќе живеат заедно пред да стапат во брак“ (WEDDINGBELLS, КАНАДА).

Опасност од загадена вода

Според еден извештај на Обединетите нации, „повеќе луѓе умираат од заразена и загадена вода отколку од сите облици на насилство, вклучувајќи ги и војните“. Во истиот извештај стои дека секој ден во реките и морињата се испуштаат два милиони тони отпад — од земјоделието и индустријата, како и фекални води и слично — што е причина за ширење на болести и за нарушување на екосистемите. Освен тоа, на секои 20 секунди умира по едно дете помало од 5 години од болести поврзани со вода. Ахим Штајнер, извршен директор на Еколошката програма на ОН, вели: „Ако сакаме светот да оди напред... мораме сите до еден да се свестиме и да најдеме попаметен начин да се ослободиме од отпадот“.

Пеење за да се поврати говорот

Пеењето им помогнало повторно да прозборат на голем број пациенти кои поради мозочен удар ја изгубиле способноста за говор. Невролозите ги поттикнуваат пациентите кои претрпеле мозочен удар да го испеат она што сакаат да го кажат, изразувајќи ги своите мисли преку ритам и мелодија. Ова лекување, наречено мелодиско-интонациска терапија, даде одлични резултати. По 15 седмици терапија, „пациентите постепено учат како да ги претвораат испеаните зборови во говор“, стои во списанието The Wall Street Journal.

„Училниците станаа полигон за препишување“

Во една анкета во која беа вклучени 20.000 бруцоши од Канада, 73 отсто од нив „признале дека во средно мамеле на тестови и писмени задачи“, вели Канадскиот совет за унапредување на учењето. Еден универзитет известил дека, во периодот помеѓу 2003 и 2006 год., случаите на мамење и плагијаторство се зголемиле за 81 отсто. Д-р Пол Капон, претседател на Советот, вели: „Во изминатава деценија, со интернетот и современата технологија, училниците станаа полигон за препишување“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели