ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/11 стр. 23
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2012
  • Како да се справиш со пелтечењето
    Разбудете се! 2010
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2006
  • Разноликиот жив свет во горниот тек на Амазон
    Разбудете се! 2010
Разбудете се! 2011
g 7/11 стр. 23

Писма од читателите

Разноликиот жив свет во горниот тек на Амазон (април 2010) Во вашата статија стоеше дека луѓето од племето Авахун (Агуаруна) обожаваат пет богови. Како припадник на племето Авахун, не се согласувам со тоа. Мислам дека сте направиле некаква грешка, бидејќи повеќето припадници на овој народ се изјаснуваат како христијани и не обожаваме пет богови, како што кажува вашето списание. Со оглед на тоа што луѓето од Авахун често го читаат вашето списание, ве молам да ја исправите грешката.

Т. П. Т., Перу

„Разбудете се!“ одговара: Писателот ги собра информациите од различни извори, во што спаѓаа и лични интервјуа со поранешни жители на Агуаруна заедниците и голем број објавени публикации. Една таква публикација, „Atlas Regional del Perú“, издание од 2004 год., ги наведува имињата и описите на пет Агуаруна божества. Меѓутоа, како што велите, жителите на некои Агуаруна заедници се преобратени во христијанството. Се извинуваме ако оставивме некаков погрешен впечаток.

Како да се справиш со пелтечењето (мај 2010) Ви благодарам за оваа статија. И јас пелтечам и многупати сум се чувствувал осамен поради тоа. Но, откако ја прочитав оваа статија, сфаќам дека не сум сам. Сега сум решен да се соочам со мојот хендикеп и, како Рафаел, „кога ќе подзапрам на некој збор... [да] се смеам на тоа“ и да покажам смисла за хумор.

Ј. С., Јапонија

Младите прашуваат... Како да стекнам поголема самопочит? (мај 2010) Имам 12 години и живеам со мајка ми, која е тешко болна и сама се грижи за мене. На прашањето „Се чувствуваш ли сакан?“ искрено одговорив со „не“. Тоа ме вознемири. Затоа, разговарав за ова со некои зрели христијани и со мајка ми. Оваа статија ми помогна да сфатам дека нема причина да се осудувам толку строго. Има многу луѓе што ме сакаат. Ви благодарам што ми помогнавте да сфатам колку многу Јехова се грижи за нас младите.

К. Х., Франција

Оваа статија ми помогна да се борам со болните искуства од минатото и со чувствата на безвредност кои понекогаш сѐ уште ме мачат. Никогаш нема да ги заборавам трите начини на кои можам да стекнам поголема самопочит обработени во оваа статија, а посебно споредбата за поткинатата банкнота! Ви благодарам за оваа прекрасна статија!

С. В., Јужна Кореја

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели