ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/06 стр. 30
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2006
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2006
  • Од нашите читатели
    Разбудете се! 2006
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 7/06 стр. 30

Писма од читателите

Мајки Ви благодарам за прекрасните статии „Улогата на мајките во поучувањето на децата“ (8 јуни 2005). Навистина ме трогнаа до срце, и ме поттикнаа да ѝ се јавам на мајка ми веднаш штом ги прочитав. Мајка ми сама нѐ подигна мене и брат ми. Мораше додатно да се школува за да може да нѐ издржува. Правеше сѐ што можеше за да одиме редовно на состаноци и во служба. Нејзиниот труд се исплати. Ви благодарам што ме потсетивте на нејзиниот прекрасен пример.

М. С., Соединетите Држави

Статиите ме потсетија на тоа колкави жртви правеше мајка ми за да може да ме воспита и во духовен и во морален поглед. Иако не добиваше емоционална и финансиска поддршка од татко ми, таа ме научи да го сакам Јехова. Исто така, ме охрабри да служам полновремено. Си мислев дека тоа што го прави е нешто најнормално, но како што истакнаа статиите, таа навистина заслужува пофалба. Иако живее во друга земја, ѝ се јавив за да ѝ се заблагодарам за сѐ што стори за мене!

Ч. Х. К., Република Кореја

Татко ми не е Јеховин сведок. Мајка ми беше таа што ме подигна „во дисциплина и во Јеховино умствено насочување“ (Ефешаните 6:4). Кога ќе се сетам каква бев понекогаш кон неа, можам да кажам дека не ѝ беше лесно. Сега имам 24 години, и среќна сум што мајка ми не се откажа, туку продолжи да ја всадува библиската вистина во моето срце.

Д. М., Италија

Младите прашуваат... Како да не се вплеткам со погрешни луѓе? (8 октомври 2005) Ме привлече една „погрешна“ личност која, всушност, не стоеше цврсто во библиската вистина. Оваа статија ми помогна да сфатам колку е опасно да се дружам со духовно слаби лица. Убаво е да се знае дека Јехова се грижи за нас. Ви благодарам за навремената помош.

А. Б. К., Замбија

Оваа статија ми помогна да сфатам дека треба да направам промена во изборот на пријатели. Иако не беше лесно, статијата — која секогаш ми е при рака — и понатаму ми дава сила. Ви благодарам за помошта и охрабрувањето што ни ги давате нам, младите.

Л. Р., Соединетите Држави

Мобилни телефони Ви благодарам за статијата „Мобилен телефон — пријател или непријател?“ (8 мај 2005). Имам 14 години и станав премногу зависен од мојот мобилен телефон. Статијата ми помогна да сфатам дека телефонот не треба да ми биде најважното нешто во животот, особено со оглед на здравствените последици што може да ги предизвика. Ви благодарам за интересните статии.

М. Б., Романија

И покрај болеста, задржете смисла за хумор (8 јули 2005) Жена ми умре во декември 2002 година бидејќи ѝ откажа црниот дроб. Се мачеше речиси осум месеци. И покрај сѐ, зборуваше само за позитивни работи и ни кажуваше искуства што нѐ засмејуваа. Не падна во очај до самиот крај. Откако ја прочитав оваа статија, разбирам зошто правела така. Ѝ било потребно да гледа позитивно на работите, исто како што ни беше потребно и нам. Сигурно така ѝ било подобро, исто како и на Кончи. Ви благодарам што ми помогнавте да сфатам зошто мојата жена се однесуваше на таков начин.

Д. Х., Соединетите Држави

Од нашите читатели Секогаш со уживање ја читам рубриката „Од нашите читатели“. Кога ќе прочитам што напишал некој, помислувам ‚И јас се чувствувам така!‘ А понекогаш си велам: ‚Како не ми падна ова в очи кога ја читав таа статија?‘ Потоа ја читам пак, и честопати сум импресионирана и охрабрена кога ќе го сторам тоа.

М. Т., Јапонија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели