ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/06 стр. 30
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2006
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2006
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2006
  • Вистинска слобода за Маите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 4/06 стр. 30

Писма од читателите

Тинејџери во криза — како да им се помогне? (8 јули 2005) Овие статии беа многу поучни. Понекогаш не е лесно да се биде тинејџер, но ваквите охрабрувачки статии го намалуваат стресот. Токму вакви информации ни требаат за да нѐ храбрат во овие ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘ (2. Тимотеј 3:1). Советите од нив ќе ни помогнат да не подлегнеме на „Ѓаволовите сплетки“ (Ефешаните 6:11). Многу ви благодарам што ни давате духовна храна во право време.

К. С., Соединети Држави

Чист дом — тоа зависи од сите нас (8 август 2005) Додека растев, и двајцата мои родители работеа, а ние децата секогаш си игравме дома. Беше вистински неред. И ден-денес мразам да чистам. Но, додека ја читав оваа статија, се чувствував како мајка ми љубезно да ме учи да чистам. Сега имам веќе возрасни деца. Ни тие не го сакаат чистењето. Треба да ги научам многу работи. Оваа статија ме поттикна на тоа.

Ј. Е., Јапонија

Гренландски фоки Ви благодарам многу за статијата „Снежно-белите фокички од Магдаленските Острови“ (8 април 2005). Бев многу потиштена поради еден здравствен проблем кој долго ме мачи. Но, се разведрив кога ги видов овие слатки животинчиња. Она што го дознав за нив ме исполни со благодарност кон Јехова и одушевеност од неговите творби. Ми доаѓаше да ја испружам раката небаре можам да ги допрам! Благодарна сум му на Јехова што сега имам уште една работа на која можам да се радувам додека го чекам новиот, праведен свет.

Ј. М., Јапонија

Библиотеки — порти кон знаењето (8 август 2005) Дозволете ми љубезно да ви укажам дека за сликата на 18. страница неточно се вели дека е од асирскиот цар Асурбанипал. На сликата, всушност, е прикажан асирскиот цар Есар Адон.

А. В., Германија

„Разбудете се!“ одговара: Ви благодариме што ни укажавте на ова. Како што е наведено во библиската енциклопедија „Увид во Писмото“, том 1, 757. страница, Есар Адон бил помал син и наследник на асирскиот цар Сенахирим.a

Убавина (8 април 2005) Не сум баш задоволна со својот изглед. Но, се надевам дека мојата внатрешна убавина е прифатлива за Јехова и дека е задоволен со мене и со мојот начин на живот. Ваквите статии не само што се многу интересни, туку и нѐ зајакнуваат.

М. Г., Германија

Лекари (8 мај 2005) Воопшто не ми се допаѓа тврдењето дека „некои адвокати ги тужат лекарите за сосема безначајни работи, надевајќи се дека така ќе се збогатат“. Адвокатите обично не добиваат ништо без пресуда или спогодба. За да добијат некој случај, мораат да докажат дека е прекршен законот за здравствена нега. Со тужби за несовесно работење на лекари се занимавам веќе 30 години, и можам да ви кажам дека одбивам стотици случаи пред да прифатам еден.

Џ. М., Соединети Држави

„Разбудете се! одговара: Со изјавата дека „некои адвокати ги тужат лекарите за сосема безначајни работи“ не сакавме да кажеме дека тоа е нешто вообичаено. Сакавме да истакнеме дека големиот број судски спорови поради несовесно работење се причина за голема загриженост кај многу лекари. Се разбира, има и случаи темелени на неосновани оптужби. Сепак, забелешката на нашиот читател е сосема на место. Правниот систем има ограничувања кои оневозможуваат да се поднесуваат тужби за безначајни работи, што инаку се смета за неетичка постапка.

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели