Писма од читателите
„Јехова, ти ме пронајде!“ (8 јануари 2005). Имам 15 години и уживав додека ја читав статијата „Јехова, ти ме пронајде!“ Искуството на Нели ми помогна подобро да ги сфатам зборовите од Јаков 4:8: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“. Ви благодарам за оваа статија што ми ја зајакна верата!
К. П., Соединетите Држави
Ниедно искуство досега не ме трогнало толку многу. И јас знам што значи како млад човек да застанеш сам на страната на вистината. Четири години бев единствениот што му служеше на Јехова од моето семејство. Кога читав каква грижа покажал Јехова за Нели, бев трогнат до срце. Ви благодарам за ова охрабрувачко искуство. Ти благодарам, Нели!
Г. В., Германија
Младите прашуваат . . . Зошто да работам физичка работа? (8 јули 2005). Работам во една молеро-фарбарска фирма со која раководи татко ми, но некој ми рече дека за тој тип работа не треба многу памет. Меѓутоа, оваа статија истакна дека Исус и Павле работеле физичка работа. Сега сум поттикната да работам уште повеќе. Сакам добро да ја научам оваа работа за да можам да ги користам моите вештини при изградбата на Конгресни сали и Сали на Царството.
М. Ј., Јапонија
Оваа статија многу ме охрабри! Уште еднаш ме потсети дека нашата главна цел во животот е да му служиме на Јехова Бог и дека професијата што ќе ја изберам треба да биде во склад со оваа цел. Оваа прекрасна статија ме поттикна да се подобрам и да почнам да работам низ дома. Што е уште поважно, ми помогна да сфатам како гледа Јехова на физичката работа.
Ј. К., Русија
Животот — неверојатен систем од синџири (8 мај 2005). Имам 15 години. На час по биологија учевме една лекција за енергетски метаболизам. Кога го однесов ова списание на училиште, професорот по биологија ја употреби статијата додека предаваше и ги покажа сликите во неа. По часот, сите побараа да им донесам примерок од списанието. Од оваа статија се гледа колку е мудар Јехова. Без сомнение, тој заслужува најголема фалба. Со нетрпение го чекам времето кога сѐ живо ќе го фали Јехова!
Ј. Б., Русија
„Кога луѓето само би го знаеле ова!“ (8 април 2005). Имам 17 години и честопати размислувам да се преселам некаде каде што има поголема потреба од објавители на Царството. Примерот на Дејвид ја зајакна мојата решеност да го направам тоа веднаш штом ќе завршам со училиштето. Ве молам, продолжете да објавувате статии за вакви охрабрувачки примери. На младите што се на моја возраст секогаш им треба охрабрување за да продолжат со проповедањето.
К. О., Полска
Имам 20 години, и кога ја читав оваа статија, ме трогна до солзи. Си помислив: ‚Кога би дошло ред да умрам млада, не би сакала да жалам што сум одложувала да му служам на Јехова најдобро што можам!‘ Имам цел набрзо да почнам со полновремена служба. Ќе си ја ставам оваа статија во рамка и ќе си ја закачам на ѕидот за никогаш да не заборавам како се чувствував кога ја читав. Ви благодарам што објавувате вакви убави искуства.
Н. Н., Јапонија