Семејно катче
Што е погрешно на оваа слика?
Прочитај Дела 9:36-41. Кои три работи на овој цртеж не се точни? Запиши ги одговорите на празните линии и доврши го цртежот така што ќе го обоиш.
1) ․․․․․
2) ․․․․․
3) ․․․․․
ЗА РАЗГОВОР:
Под кое друго име била позната Тавита, и што значат нејзините имиња?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај ја фуснотата за Дела 9:36.
Дали Тавита била себична? Објасни.
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Дела 9:36, 39.
Како зборовите на Исус од Лука 6:38 се оствариле за Тавита? Како можеш да го следиш нејзиниот пример?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Ефешаните 4:28; Јаков 2:14-17.
СЕМЕЕН ПРОЕКТ:
Секој од семејството нека размисли на кого би сакал да му подари нешто. Потоа направете нешто едноставно за тој човек. На пример, би можеле да направите картичка или картонче за бележење страници со библиски стих на нив.
Сочувај и учи
Исечи, превиткај и сочувај
БИБЛИСКА КАРТИЧКА 7 ПЕТАР
ПРАШАЊА
А) Зошто Петар почнал да тоне?
Б) Петар никогаш не се оженил. Точно или неточно?
В) Кога верските водачи им рекле на апостолите да престанат да поучуваат, Петар и другите апостоли одговориле: „Мораме...“
[Табела]
4026 пр.н.е. Адам бил создаден
1 од н.е.
Живеел во првиот век од н.е.
98 од н.е. Напишана последната библиска книга
[Карта]
Живеел во Витсаида и во Капернаум
ГАЛИЛЕЈА
Капернаум
Витсаида
Галилејско Море
ПЕТАР
ПОДАТОЦИ:
Вреден рибар кој станал еден од првите ученици на Исус. Исус го избрал Петар како еден од 12-те апостоли, т.е. испратени. Во четирите евангелија се запишани повеќе изјави на Петар отколку на другите апостоли. Јехова многу го користел за да проповеда и да ги ‚зајакне своите браќа‘ (Лука 22:32; Марко 3:13-19).
ОДГОВОРИ
А) Се посомневал (Матеј 14:28-31).
Б) Неточно (Марко 1:29-31; Јован 1:42; 1. Коринќаните 9:5).
В) „...да му се покоруваме на Бог а не на луѓето“ (Дела 5:18, 27-29).
Земји и народи
4) Се викам Антонија. Имам осум години и живеам во Чиле (Јужна Америка). Отприлика колку Јеховини сведоци има во Чиле — 69.500, 96.500 или 106.500?
5) Која точка покажува каде живеам? Заокружи ја и означи со точка каде живееш ти, а потоа види дали си близу или далеку од Чиле.
А
Б
В
Г
Деца, најдете ги сликите!
Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.
● Одговорите за „СЕМЕЈНОТО КАТЧЕ“ се на 23. страница
ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА ОД 30. И 31. СТРАНИЦА
1) Петар не стоел додека се молел, туку бил клекнат.
2) Жените (вдовиците) му ги покажувале облеките што ги изработувала Тавита, а не земјени садови.
3) Петар се молел сам — во собата немало други луѓе.
4) 69.500.
5) Б.